Промовирани огласи »

Министерството за економија подготвува измени на Законот за возила. 

Како што пренесе Академик со предложените законски измени се воведуваат посебни таблици за такси-возилата и се воведуваат еколошки налепници за возилата.

Предлог-законот има за цел да ги уреди постапките за остварување на заштитата на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица, како и заштитата на јавниот интерес по кои се должни да постапуваат министерствата, органите на државната управа, правните лица и физичките лица, на кои со овој закон им е доверено да вршат јавни овластувања, образложиле од Министерството за економија.

Промовирани огласи »

Телекомуникациската компанија Вип ја започнува новата година со подароци и изненадувања за сите свои корисници на мобилната телефонија. Сите припејд и постпејд мобилни корисници во првиот месец од годината добиваат подарок дополнителен интернет пакет, а со тоа и  уште поголема можност за слободна мобилна интернет комуникација. 

Сите постоечки и нови пост пејд корисници, активирани заклучно со втори јануари веќе на вториот ден од новата година добија подарок “Mесечен интернет пакет од 2 GB” што ќе можат да го искористат до 31 јануари годинава. Подарокот од дополнителен мобилен интернет го добиваат и оние корисници кои во меѓувреме направиле обнова или промена на тарифата.

Сите постоечки и нови припејд корисници пак кои ја активирале услугата заклучно со втори јануари добиваат подарок “Неделен интернет пакет од 1GB” што ќе можат да го искористат до 10 јануари оваа година.

Со овој подарок што го добиваат сите корисници на мобилната телефонија, Вип уште еднаш потврдува дека е компанија ориентирана кон подобрување на комуникациското искуство на своите корисници.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk или со јавување во контакт центарот на 077 1234.

Промовирани огласи »

Еден од најдобрите начини да се осигурате дека се развивате како личност и како лидер е да читате - многу. 

Најуспешните луѓе се оние кои постојано вложуваат во личниот развој кој им дозволува да примаат знаење, да ги прошират своите видици и перспективи и да ги предизвикаат своите досегашни гледишта. 

Не сите книги се вредни за вашето време како лидер. Почитајте ја листата на книги кои е препорачано да ги прочитате за подобрување на своите лидерски вештини. 

1. Менаџирање на менталната игра - Џеф Бос

Преку користење на методологии за психичко тренирање, Џеф Бос им покажува на своите читатели како да ја изградат својата самодоверба и цврстина, овозможувајќи да достигнат нови нивоа на успех. Оваа книга содржи корисни вежби за учењето како да го менаџирате хаосот и притисокот за да останете смирени и со чиста глава да ги управувате несигурните и тешки ситуации. Советите на Бос ви помагаат да разберете дека стресот е ментална игра која може да биде надмината, често преку избегнување на менталните стапици и учење на заменување на негативните мисли со позитивни. 

2. Започнете со зошто - Симон Синек 

Оваа книга центрира особено важна бизнис вистина - Луѓето не го купуваат она што вие го правите, туку зошто го правите. Симон Синек го објаснува овој концепт во неговата книга „Започнете со Зошто“ преку внесување во неколку основни прашања. Едно клучно прашање кои тој го истражува е зошто некои луѓе и организации се поиновативни, влијателни и профитабилни од другите. 

Тој исто така го поставува прашањето зошто само неколку се во можност да го повторат својот успех. Ако имате проблем со креирање на визија на долг рок и поставување принципи додека го водите својот бизнис и живот, оваа книга ќе ви даде инспирација за да почнете да се движите во вистинската насока. 

3. Лидерот Go-Giver - Боб Бург и Џон Дејвид Ман 

Одличните лидери не се обидуваат да дејствуваат како лидери. Наместо тоа, тие се насочени кон тоа да бидат повеќе луѓе. Тие се фокусираат на концептот „ако даваш и ќе примаш.“ Бург и Ман ја кажуваат приказната на амбициозните луѓе кои се обидуваат да водат мал бизнис за да формираат клучна одлука. 

4. Завршување на нештата - Дејвид Ален 

Од кога првата исто именувана книга била објавена пред 15 години, книгата станала достапен начин и метод за пристап кон професионалните и личните задачи. Оваа нова верзија вклучува нов материјал кој додана нови перспективи на класичниот текст на Дејвид Ален за постигнување максимална ефикасност. 

Ален нуди важни улоги и стратегии на тоа како да ја фокусирате вашата енергија и да го менаџирате текот на работата, вклучувајќи го и тоа како да ја завршите работата, делегирање кога е достапно и одложување кога е потребно. 

5. Давај и земи - Адам Грант 

Успехот не секогаш е за напорната работа, талентот и среќата. Нашата способност за постигнување особено многу зависи од тоа колку добро се поврзуваме со другите. Книгата на Адам Грант покажува дека најголемиот дел од луѓето оперираат како земачи, поклопувачи и давачи. 

Без разлика дали земачите целат кон што поголемо земање од другите и поклопувачите целат кон еднаква замена, давачите се многу редок вид кој придонесуваат кон другите без да очекуваат ништо за возврат. Кога се користи правилно, давањето може да придонеси одлични резултати. 

Промовирани огласи »

Со Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за персоналниот данок на доход од денеска се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку новиот систем е-персонален данок.

Електронска пресметка за приход и данок имаат обврска да поднесат исплатувачи на приходи правни лица кога исплаќаат приходи по сите основи на физички лица резиденти на Република Македонија и на нерезиденти, освен за исплата на плата на вработени лица. Физички лица резиденти, кои остваруваат приходи од други физички лица и приходи од странство, освен за приходи од вршење самостојна дејност, како и физички лица нерезиденти, кои остваруваат приходи од други физички лица во Македонија, информира Упрвата за јавни приходи.

Од УЈП информираат дека со воведувањето на електронската пресметка (е-ППД) граѓаните за приходите што подлежат на оданочување, а се остварени во земјата или во странство, почнувајќи од 1 јануари, немаат повеќе обврска за поднесување аконтативни даночни пријави ПДД-АДП/ПИ, ПДД-АДП/КД и ПДД-АДП/ДП.

Почнувајќи од 2019 година, Управата за јавни приходи ќе им издава пополнета годишна даночна пријава на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk за приходите што ќе ги остварат во 2018 година. Граѓанинот ќе има обврска само да ја потврди или коригира пријавата.

Од Упрвата за јавни приходи додаваат и дека со законските измени и новите даночни процедури за персонален данок, физичките лица што остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи за приходите остварени почнувајќи од овој ден, немаат обврска за поднесување пријава за регистрација на обврзниците што остваруваат приходи од земјоделска дејност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »