Промовирани огласи »

Доколку ги запрашате извршните директори и менаџери кои се клучните приоритети за годината која веќе започна 2018та, менаџментот на талентите стои високо на листата. Менаџирањето на талентите е секогаш лесен и безбеден избор. Генерално, за талент менаџирањето се гледа на долг рок. Најголемиот предизвик за организациите е да го направи менаџирањето на талентите итно и да го направи приоритет за денес, не за во иднина. 

4 трендови на талент менаџирањето за 2018 

- Фокус на сегашноста, не на иднината 

Наместо да се фокусирате на интервенциите кога се работи за менаџирање на таленти за во иднина, може да се фокусирате на интервенциите кои имаат ефект денес. Примери:

  • Отстранете го лицето кое го блокира одвивањето на процесите во менаџмент тимот и назначете некој од вашите најдобри потенцијали
  • На тимот кој поседува огромен потенцијал доделете му одговорност за развој на нови пазари
  • Не се воздржувајте да ги поставите вашите најдобри луѓе на вашите најважни работни позиции 

- Од стандарден до индивидуален пристап

Најважниот тренд во Секторот за човечки ресурси е индивидуализацијата. Денес, не е потребно да вршите претпоставки за тоа што сакаат луѓето и што им треба. Индивидуалниот пристап станува се почест и вработените се повеќе очекуваат однос како кон вашите клиенти. Ако ги знаете способностите на вашите луѓе, кои се нивните желби и во кои насоки сакаат да се развиваат, вие може да креирате можности кои се поклопуваат со индивидуалните потреби и желби. 

- Консултации за перформансот 

Добрите луѓе сакаат да бидат подобри. Консултирање за перформансот е вежбата со која им помагате на луѓето да станат подобри, преку редовен фидбек. Помошта на најдобрите да станат уште подобри не е лесна, полесно е да му/и дадете задачи на вашиот просечен работник и насоки за како да го подобрат својот перформанс. 

- Аналитиките за талентот се во основата 

Талент аналитиките се основата на секоја иницијатица од менаџметот на таленти. Најважните талент менаџмент трендови може да бидат имплементирани преку талент аналитиките. Фокусирајте се на сегашноста, не на иднината, како што се спомнува погоре. Дали може да водите сметка за тоа како вештините на вашите луѓе се развиваат? Дали можете да реагирате брзо помеѓу итна потреба и достапниот талент? Ова се некои од клучните точки на кои треба да го насочите менаџирањето на вашиот талент. 

Промовирани огласи »

Луѓето ја сакаат рутината. Правењето на една иста работа постојано, секој ден е безбедна, предвидлива и ги задоволува нашите потреби. Кога автобусот доаѓа секој ден на време секое утро, знаеме дека се е во ред. Накратко, ние како луѓе, сакаме да ни е удобно. 

Меѓутоа, комфорните зони може да станат инкубатори. Додека се чувстувате пријатно планирајќи ги деновите околу вашето навикнато однесување, многу е лесно да паднете во стапицата на никогаш не променувајќи се и останување исти. 

Особено за претприемачите, ако нештата не се менуваат, не растете. Ако вие и вашиот базнис не се развивате, може многу лесно да станете ирелевантни. 

За да се развивате како на лично така и на професионално ниво, потребно е да излезете од комфорната зона, дури и ако е за многу малку. Правењето на нешта од кои ви е непријатно може да ве научат многу за Вас, вашиот карактер и вашиот потенцијал. 

  • Не почнувајте преамбициозно додека не сте целосно подготвени 

Да се направи чекор надвор од комфорната зона е самото по себе непријатно. Затоа, најдобро е првиот чекот да ви биде мал. Наместо да се обидувате телефонски да побарате десет луѓе, како би било да побарате само еден? Или уште подобро, еден телефонски повик на ден, во текот на пет дена.

  • Од што сте исплашени? 

Комфорните зони се токму тоа, комфорни. Тие се полни со нешта кои прават да се чувствуваме безбедно и се исклучени од нешта кои не плашат. Но, не можете да го добиете главниот клиент ако не ризикувате да добиете одбивања, кои скоро секој го плашат. 

Најголемиот дел од нештата од кои се плашиме - одбивање, критика, неуспех - не се толку ужасни како што ги правиме да бидат. Сите ние сме биле одбиени и критикувани и сите сме биле неуспешни во еден или друг момент. Повеќето од нашите стравови не содржат реална опасност по живот. Затоа поставете си го прашањето „Од што сум исплашен/а? Што е најлошото што може да се случи?“ Кога ќе реализирате дека дури и најлошото да се случи, пак ќе преживеете, тогаш ќе добиете храброст да дадете чекор напред дури и ако грешите. 

  • Надвор од вашите патишта 

Пречките кои треба да ги преминете во движењето на вашиот бизнис напред се вашите. Не е Џеф Безос тој кој ја одбива вашата понуда, туку тоа сте Вие кој се убедувате себеси да не му се јавите. Да, тој возможно е да ја добие вашата понуда, но тоа никогаш нема да го знаете освен ако не излезете надвор од комфорната зона и го иницирате повикот. 

Бидете вие иницијаторот и започнете да тропате на врати. 

  • Повторување, повторување, повторување

Излезете од комфорната зона и соочувајте се со вашите стравови секојдневно. Секој пат кога барем малку ќе излезете, вие се обучувате себеси да бидете комфорни со неудобноста. 

Како што се повеќе станувате удобни со тоа да ви биде неудобно, ќе откриете дека сте го претвориле вашата мината неудобност во нова комфорна зона. Ова е единствениот начин за постигнување успех, постојано откривање на нови комфорни зони кои ќе ви помогнат за да ги постигнете своите цели. 

Промовирани огласи »

Ако продавате, тогаш и презентирате - нема избегнување на едното или другото. Потрошувачите мора да видат што е тоа што вие го продавате, што прави и кој е нивниот бенефит. Секој што сака да го зголеми процентот на продажба потребно е да научи подобро да презентира за да ја оствари првичната цел. 

Еве како ќе презентирате како професионалец: 

  • Избегнувајте грешки кои се однесуваат за производот/услугата

Постојат неколку проблеми поврзани со ова:

  • Вие знаете премалку за вашиот производ/услуга
  • Вие споделувате премногу за вашиот производ/услуга
  • Вие не знаете доволно за конкуренцијата 

Не постои такво нешто како премногу знаење, но секогаш постои можноста премногу да зборувате. Да, потребно е да станете експерт со вашиот продукт и да бидете способни да дискутирате функции, предности и бенефити подобро од било кој. При споредувањето на продукти, потребно е да знаете зошто вашиот производ се разликува, да ги знаете предностите и да ја знаете смислата на продажбата. Изградете го вашиот производ толку многу што луѓето нема да размислуваат за конкуренцијата. 

  • Откријте што вреднува вашиот купувач 

На пример, ако продавате куќа и почнете со презентирање на внатрешноста, можно е да правите грешка. Можеби токму овој клиент е повеќе заинтересиран за надворешноста. Да, тој/таа поминува повеќе време внатре, но можеби личниот интерес е повеќе кон надворешноста. Поентата е - откријте што му е важно на вашиот клиент пред да почнете со презентација. 

  • Избегнувајте мрзливи грешки 

Една од најголемите грешки на агентите за продажба е неправењето на презентацијата. Уште една грешка е неверувањето дека купувачот ќе купи. Вие не верувате дека купувачот ќе купи бидејќи вие сте го/ја преквалификувале. Една огромна грешка е ставот дека презентацијата не им влијае на луѓето. 

Без разлика дали продавате домови или телефони, грешката е во несериозниот пристап кон вашиот производ. Ги заборавате некои од клучните бенефити за вашиот продукт. 

  • Претпоставување на приговорите 

Да, вие ќе добиете приговори кога се обидувате да остварите презентација - „Не ми е потребно; Не треба да видам како функционира; Да, знам се во врска со тоа; Не ми е потребно да го видам ова;“

Не ја скратувајте вашата презентација бидејќи тука е моментот кога креирате вредност. Разберете дека овие приговори се реакции, не се реални приговори. За да се справите со овие ситуации, потребно е да сте приврзани на вашите демонстрации. Вие морате да знаете дека вашата презентација ќе биде од огромна вредност за вашиот клиент. 

Одлична продажна презентација е многу потешка отколку што повеќето луѓе веруваат, но е и многу лесна со доволно тренинг. Никој не се раѓа како продавач - за тоа е потребен тренинг. 

Промовирани огласи »

Министерството за економија подготвува измени на Законот за возила. 

Како што пренесе Академик со предложените законски измени се воведуваат посебни таблици за такси-возилата и се воведуваат еколошки налепници за возилата.

Предлог-законот има за цел да ги уреди постапките за остварување на заштитата на правата и правните интереси на физичките лица, правните лица, како и заштитата на јавниот интерес по кои се должни да постапуваат министерствата, органите на државната управа, правните лица и физичките лица, на кои со овој закон им е доверено да вршат јавни овластувања, образложиле од Министерството за економија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »