Промовирани огласи »

Пакетите Vip Roam Surf 200 и Vip Roam Surf 500 важат за: Vip Mobile Србија, M-Tel Бугарија, Vodafone Албанија, Vipnet Хрваатска,Vodafone Грција...

Во периодот на празнување, зимскиот училишен распуст и зимски одмори, Вип уште еднаш ги потсетува своите корисници кои патуваат во странство за роаминг пакетите со кои можат да сурфаат опуштено и при тоа да имаат целосна контрола над трошоците.

Постпејд корисниците на мобилната телефонија можат да одберат пакет Vip Roam Surf 200 или Vip Roam Surf 500 со кои добиваат мобилен интернет за само 249 денари за 200MB односно 500MB за 499 денари. Пакетите се активираат со испраќање на СМС порака на бројот 140 999, со текст START SURF 200 или START SURF 500 во зависност од избраниот пакет. Истите може да се активираат од земјава или од странство, а може да се користат во текот на триесет дена од моментот на активација. По искористување на интернет сообраќајот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат повторно да активираат еден од понудените пакети или да продолжат да користат интернет по намалени цени.

Со цел да уживаат во придобивките за користење интернет по најповолни услови при престојот во странство, сите постпејд корисници на мобилната телефонија можат да ги користат роаминг пакетите на Вип со кои несаканите трошоци стануваат минато бидејќи откако ќе биде истрошен вклучениот интернет во пакетот, пристапот до интернет автоматски ќе биде прекинат. Ова превентивно исклучување трае 30 дена од активирање на пакетот. За да може корисникот да продолжи да користи интернет во роаминг, може да активира дополнителен роаминг-пакет.

Пакетите Vip Roam Surf 200 и Vip Roam Surf 500 важат во следните земји и оператори: Vip Mobile Србија, M-Tel Бугарија, Vodafone Албанија, Vipnet Хрватска, Vodafone Грција, Vodafone Турција, A1 Австрија, A1Словенија, Velcom Белорусија и FL1 Лихтенштајн. 
Повеќе информации и детали корисниците можат да добијат на бројот 077 1234 или на веб страницата www.vip.mк

Промовирани огласи »

Кинескиот милијардер Џек Ма се откажа од купувањето на американската компанија за трансфер на пари MoneyGram, откако не доби зелено светло од Вашингтон.  Станува збор за договор од 1,2 милијарди американски долари, а одбивањето на купопродажбата се толкува како заострување на американската контрола на кинеските инвестиции.

MoneyGram и групацијата Ant Financial Services, чиј сопственик е кинескиот милијардер не успеале да добијат согласност од Одборот за странски вложувања во САД и покрај настојувањата да одговорат на сите барања на тоа тело.

Промовирани огласи »

Скок акцијата на најголемата кинеска градежна компанија „Кантри голден холдингс“, го зголеми богатството на потпретседателката Јанг Хуијан за 2,1 милијарди долари за само првите четири трговски денови во оваа година.

Нејзиното богатство, во чии раце е контролниот удел во компанијата, порасна на 25,6 милијарди долари до 5 јануари, благодарејќи на што стана петта најбогата личност во Кина, според Блумберговиот индекс на милијардери.

36 годишниот Јанг е најбогата жена во Кина и најмлад милијардер во земјата. Татко и на неа уште во 2005 годиа и го префрли контролниот пакет акции како би ја припремил Јанг Хуијан за свој наследник.

Нејзиниот татко Јанг Гуокианг во 1992 година бил соосновач на компанијата „Кантри Гарден“.

Промовирани огласи »

Рецептот за создавање белег кој ќе има влијание во иднината го има Маркус Велдон, сопственик на Bell Labs, компанија за научен развој која била наградена со дури осум Нобелови награди. Тој е многу добро запознаен со изуми, иновации и решавање на проблемите на луѓето. 

1. Фокус на човековата потреба 

Преку решавањето на проблемите на луѓето, секогаш ќе бидете еден чекор напред. Луѓето секогаш ќе имаат потреба од добра и тоа добра кои може брзо да ги добијат. Амазон е една фирма која го решава овој проблем на многу добар начин. Едно одлично прашање кои можете вие да си го поставите е: „Кој постар проблем може да го развиете или решите?“

2. Целта на иднината е да им се заштеди време на луѓето

Времето е една удобност која е во ограничени количини и за кое не постојат многу начини за оптимизирање. Неколку примери кои го заштедуваат времето:

- Машина за принтање наместо рачното пишување? Машината за принтање ви заштедува време. 

- Возење автомобил наместо одење пешки? Со автомобилот ќе стигнете побрзо. 

Ако сакате да креирате неопходен производ или услуга за во иднина, откријте го следниот најдобар начин за да им заштедете на луѓето од нивното скапоцено време. 

3. Автоматизацијата = иднината 

Велдон предвидува технологија која ќе ја надвладее информатичката ера за која знаеме. Идната технолошка револуција ќе биде фокусирана на автоматизација на сите нешта, за да им заштеди на луѓе повеќе време. 

4. Креирајте знаење 

Кој е следниот проблем на човештвото? Премногу информации. Постојат премногу информации кои креираат дистракции од нештата кои вообичаено би биле важни. Ако можете да откриете начин за ди претворите сите тие и корисни и неважни информации во нешто кое луѓето го вреднуваат - вие ќе имате продукт или услуга која со сигурност ќе има влијание на иднината. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »