Промовирани огласи »

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“отвори посебна телефонска линија за пријавување на несовесно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби.

Од денеска граѓаните ќе можат да ги пријават непрописно паркираните автомобили на места означени за лица со попреченост на директниот телефонски број: 077 410 002. По добивање на повикот, пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.

Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат автомобил паркиран на место означено за лица со посебни потребида алармираат на 077 410 002кај нашите служби. Само со еден телефонски повик ќе им помогнеме на лицата со инвалидитет непречено и нормално функционирање во градот и ќе влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно- изјави В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески.

Оваа активнот е дел од кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“која има за цел а се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.

Промовирани огласи »

Официјално е! Џеф Безос е најбогат човек на сите времиња бидејќи неговото богатство достигна неверојатни 105,5 милијарди долари.

Мнозинството на неговото богатство доаѓа од Амазон, акциите на компанијата вчера пораснале за 1,4 отсто и додале околу 1,4 милијарди долари во џебот на Безос.

Иако е најпознат по основање на компанијата Амазон, како многу други милијардери, води и други бизниси. Сопственик е на Вашингтон пост и Блу ориџин, компанија која се занимава со приватни пратувања во вселената.

Иако заработил невидено богаство, вели дека не го покренал Амазон само за да се збогати.

Знаев дека кога ќе наполнам 80 години, ќе зажалам поради се ова. Ќе зажалев ако не пробав да учествувам во таа работа која се вика интернет. Знаев дека тоа ќе биде нешто големо, рекол во едно интервју пред неколку години.

Богатството на Безос во 2017 се зголеми за дури 32,6 милијарди долари, што е најголем раст во историјата на Индексот на милијардери на Блумберг на кој второ место го држи Бил Гејтс со 89,1 милијарда долари.

Со зголемување на богатството основачот и шеф на Амазон, се поставува прашањето што планира да направи со тие пари.За разлика од Гејтс или американскиот вложувач Ворен Бафет, Безос засега релативно се одрече од мал дел од своето богатство во корист на сиромашните.

Шефот на Амазон однеодамна и се посвети на филантропијата. Во јуни преку Твитер побара совети за тоа како најдобро да им помогне на другите. Од 2002 година, Безос ги подели акциите во сегашната вредност од околу 500 милиони долари, пресмета Блумберг.

Гејст (62) да не поделереше чиси 700 милиони долари вредни акции на Мајкрософт и поделил речиси три милијарди долари добротвори организации, тој денес убедливо би бил прв на листата најбогати луѓе на светот, тежок околу 150 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Раскажувањето на приказни, ситуации е важен дел од тоа да се биде човек и ова е начинот на кои сме ние сите поврзани многу години наназад. Не треба да е изненадување дека брендовите го користат раскажувањето на приказни за поврзување со своите клиенти и проторшувачи. Дури 92% од потрошувачите изјавиле дека би сакале рекламите на брендовите да се чувстуваат повеќе како приказни. 

Ако сакате потрошувачот да го купи вашиот бренд, потребно е да му покажете кои сте навистина. Преку раскажувањето на приказни, лидерите може да ја покажат својата страст кон работата, она што ги прави поразлични и да креираат емпатична врска со потрошувачите која на крајот, ќе доведе до поголеми цифри на продажба. 

Автентични и емоционални 

Раскажувањето на приказна со која може да се поврзат вашите клиенти е предизвик. Луѓето ги сакаат приказните, но не пред искреноста. 91% од потрошувачите ја вреднуваат автентичноста и ја вклучуваат при одлуката за купување од даден бренд. Ако целите кон стекнување доверба кај вашите потрошувачи, осигурајте се дека тоа што го комуницирате е точно. Дополнително, прочитајте уште неколку совети за раскажување на приказна која ќе допре до потрошувачите:

- Гледајте ги вашите потрошувачи како херои

Поставете ги вашите потрошувачи и проблемот кој треба да се реши како центар на вашата наратива. Колку подобро ги разбирате вашите клиенти како и светот во кој живеат, така подобро ќе ги согледате предизвиците и мотивацијата кој водат до тоа вашиот продукт да е совршеното решение за нив. Преку идентификување на предизвиците, вие веднаш ќе се насочите кон тоа зошто вашиот продукт го решава проблемот, како и за мотивацијата која им помага да го надвладеат проблемот. 

Ова може да го направите преку креирање детални персони, не само бледо именување на Персона 2 и Персона 2. Инвестирајте од своето време во истражувања за тоа како навистина изгледа таа Персона за да можете подобро да се посветите на нудење квалитетно решение. 

- Потпирајте се на вашиот бренд и на неговата содржина 

Влијателниот маркетинг се повеќе се вреднува како следната голема точка за брендовите и допир до поторшувачите и додека овие влијателни луѓе го имаат бенефитот на голем број следбеници, тие може да се доста скапи. 

Наместо да се стресирате за пари кои можеби ги немате, охрабрете ги секојдневните корисници да го подигнат нивото за свест за вашиот бренд преку натпревари, хаштази и подароци. Ќе бидете изненадени од тоа колку многу други корисници ќе се потрпрат на искуствата и мислењата на нивните најблиски. 

- Раширете ја вашата содржина на блогови и социјални медиуми 

Наместо да креирате премногу содржина, фокусирајте се на тоа што конкретно ги привлекува вашите потрошувачи. Повеќе од третина од потрошувачите им веруваат повеќе на компаниите кои нудат содржина насочена кон потрошувачите. Централизирајте ја вашата содржина и на подобрете ги односите со потрошувачите, начинот на мерење и сигурност дека вашата содржина му/и зборува на вашиот потрошувач. 

Промовирани огласи »

Многу често, пред да заврши годината луѓето си вршат оценување на постигнатите цели и си поставуваат нови цели на наредната година. Размислуваат за стратегии и начини за остварување на тие цели. Но, што се случува кога не знаете јасно кои се вашите цели, кога имате проблем со нивното дефинирање? 

Што се случува кога она што го сакате не е очигледно 

Што се случува кога не можете да преминете преку првиот чекор - јасно дефинирање на она што го сакате? Дури и ако бидете организирани и ги напишете своите цели, секојдневно се потсетувате за истите, може да не успеете во нивното остварување. Неуспехот се сведува на едно нешто - не ги постигнувате своите цели бидејќи тоа не е нешто што навистина го сакате.

Единствениот вистински одговор на прашањето „зошто го сакам ова?“

Еден од првите чекори за да откриете дали целите навистина ги сакате е поставување на прашањето „Дали јас ова навистина го сакам или само сакам да го сакам?“

Како што размислувате за некои од целите во претходната 2017та година - запишани, зборувани или скриени од сите, запрашајте се дали стои желба позади тие цели или само стои на вашата листа. Прашањето „зошто?“ е сосема логично при откривањето на вашиот мотив зад поставувањето на целите. Постојат многу причини поради кои ги поставуваме нашите цели, а не се наши искрени желби.

Социјалниот притисок на поставување значки на успех, вината и каењето за претходни неуспеси може да предизвикаат тврдоглаво остварување на цели кои немаат допирна точка во вашите желби. 

Што недостига на вашата листа? 

Постојат многу причини зошто не ги претворате желбите во пишани цели. Недостатокот на самодоверба и верување дека не заслужувате или не можеме да го имаме она што го сакаме се случува многу често. Стравот од „преголем залак“, како и „занесување во облаци“ исто така се присутни. 

Социјалните вредности или очекувањата од вашите избрани гледишта може да ја намалат желбата за насочување на себеси кон нешто што сметаме дека е вредно. Можеби размислувањето на луѓето околу вас како и размислувањето дека желбата да сакате нешто само за себеси звучи себично ја надвладуваат вашата желба за успех. 

Оваа година креирајте ја листата на цели, но и секојдневно проверувајте ја неколку пати за да се осигурате дека работите на нешто што навистина го сакате и сте желни да инвестирате време, пари и енергија. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »