Промовирани огласи »

Само треба да ја избришеш апликацијата. Толку. Не твојот Фејсбук профил. Не твојот живот на интернет. Само апликацијата, топло препорачува Миријам Крамер од Мешабл.

Пред еден месец ја избришав Фејсбук апликацијата од телефон.

И читателу: се чувствувам слободно.

Деновите од безумно скролање на рандом статуси од пријателите на мајка ми и луѓе со кои немам зборено од средно, се готови.

И тоа може да ти се случи и на тебе.

Само треба да ја избришеш апликацијата.

Толку. Не твојот Фејсбук профил. Не твојот живот на интернет. Само апликацијата.

Првичната желба да ја избришам започна откако Фејсбук почна да вшмукува се повеќе простор и батерија од мојот (мора да признаам стар) Ајфон 6. Меѓутоа брзо стана јасно дека на мојот вистински, неповрзан со батеријата, Живот со големо Ж исто така му е подобро кога го Фејсбук не ми е достапен на еден допир.

Не ми недостасува...

Целата статија на off.net.mk

Промовирани огласи »

Градот Скопје се подготвува за реализација на проектот „Паркирај и вози“ во главниот град, со кој би се овозможило растеретување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Со овој проект нема да им се забрани на возилата од другите македонски градови да влезат во Скопје, туку ќе им се овозможи бесплатен паркинг на влезовите во Скопје. Оставајќи го своето возило на сигурна локација, граѓаните ќе можат да патуваат до посакуваната дестинација во Скопје со јавниот превоз (автобус, велосипед или воз).

„Овој систем на „Паркирај и вози“ (park & ride) го има во сите поголеми метрополи и станува збор за успешен модел кој што дава одлични резултати“ велат од Град Скопје. Предностите на овој проект се многубројни. Проценките говорат дека секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од другите македонски градови, со што значително се зголемува сообраќајниот метеж. Новиот проект би ја намалил фреквенцијата на возила во централните скопски општини, со што би се намалило и загадувањето на воздухот како последица на транспортот.

Воедно, со новиот проект „Паркирај и вози“ ќе се овозможи загарантирано бесплатно место за возилата, така што ќе се намали опасноста за непрописно паркирање и казни од полицијата во централните скопски општини. Граѓаните кои би ги користеле овие паркинзи на периферијата на Скопје би го избегнале и сообраќајниот метеж во самиот град, така што со јавниот превоз би пристигнале побрзо до посакуваната дестинација. Истовремено, билетот за јавен превоз би ги чинел поевтино од паркирањето во центарот на Скопје, каде што цените за оваа услуга достигнуваат и до 100 денари за еден час паркирање.

Градските власти во моментов разгледуваат неколку локации во општините Гази Баба и Ѓорче Петров за реализација на проектот „Паркирај и вози“. Градоначалникот Петре Шилегов денеска повтори дека на овој проект треба да се гледа како на нова можност за граѓаните, но не и на нивно ограничување за употребата на моторни возила во Скопје.

Промовирани огласи »

Целосно ќе се менува  начинот на  наплата на патарините во Европа. Во унијата вињетите ќе се исфрлат од употреба. Македонија пак одлучи да воведе модел со при- пејт картички.

Од претпријатието за државни патишта во земјава  уверуваат дека до крајот на годинава  на сите наплатни страници, долж коридорот 10 патарината ќе се плаќа електронски- со при пејт каритчки. А на коридорот 8 се очекува до крајот  на следната година. Веќе се обезбедени 500 илјади картички. Цената на картичките ќе се движи од едно  до две евра. Возилата пак кои се постојано на пат- камионите, комбињата кои вршат достава ќе користат  тагови кои ќе чинат од 10 до 20 евра

Модерниот начин на наплата на патарината ќе ја намали потребата од човечки фактор.

Во првите две до три годни нема да имаат проблем, реле Зоран Китанов- директор на агенција за државни патишта.

Во Македонија во моментов има десет наплатни станици, но ќе се градат уште четири плус. Две на новиот автопат Демир Капија- Смоквица, а другите две на делицата Миладиновце- Штип.

Европската унија пак се подготвува за промена на системот за наплата на автопатите, со тоа што патарината ќе се наплаќа според моделот на помината делница на автопатот.

Промовирани огласи »

Големи се шансите дека професионалниот развој ви една од областите каде би сакале да се подобрите. Дури и ако не барате моментално работа, секогаш е добра идеја да го обновувате вашето CV и да се осигурате дека не заостанувате позади во вашата индустрија. 

  • Проект менаџмент - Проект менаџментот, методот на извршување проекти со ограничувања како трошоци, распоред и ресурси, е предизвик за усовршување. Оваа вештина вклучува менаџирање на различни карактери низ различни департмани. Проект менаџерите се повеќе се бараат, но квалитетните тешко се пронаоѓаат. 
  • Microsoft Excel - Microsoft Excel е полн со корисни алатки и функции за кои многу е веројатно да не знаете дека постојат. Доколку не сте ја усовршиле оваа вештина, направете го тоа во најбрз можен рок. 

  • E-mail маркетинг - Овој маркетинг не е мртов. Добро креиран newsletter може да биде многу ефективен и поврзувачки, ако го направите правилно. 
  • Google Analytics - За бизнисите кои живеат онлајн, овие аналитики на Google се неизбежна алатка. Сервисот дозволува преглед во неколку области, како посети, достигнувања, активност и слично. Ако успеете да го надградите своето CV со оваа вештина, може да направите огромна разлика во успехот на бизнисот во онлајн светот. 

  • Јавно говорење и презентациски вештини - Како комуницирате и како ја презентирате вашата работа е исто толку важно како и самата работа. Научете како да се поврзувате со вашата публика и презентирајте ги информациите со самодоверба. 

Повеќе
КЛИКНИ