Промовирани огласи »

Во 2014 година, Snapchat се стекна со Scan, компанија основана од Гарет Ги и двајца негови пријатели, за 54 милиони долари. Токму технологијата на Scan е во основата на функцијата на Snapchat, која им овозможува на корисниците да скенираат и да се откриваат еден со друг преку камерата на смартфонот.

Ги практично започнува да работи за Snapchat. Но, не за долго. "По неколку месеци решив да го вратам мојот живот во свои раце", рече тој, цитиран од Бизнис Инсајдер. Тогаш 28-годишникот, си дава сметка дека даночниот живот не е за него, но за разлика од многумина други, кои исто така го спознале овој факт, Ги не се поколебава да го направи најтешкиот чекор.

Кој е следниот потег? Да патува со неговата сопруга Џесика и нивните две мали деца.

Интересно е дека семејството Ги не ги користи парите од зделката со Snapchat, а наместо тоа одлучуваат да продадат целиот свој имот во вредност од 45 000 долари, и одлучуваат дека ќе патуваат со овие пари во текот на шест месеци или за колку време тие пари ќе им стигнат.

Во наредните месеци, тие патуваат низ целиот свет и ги документираат своите авантури на блогот за семејство на социјалните мрежи. Пет месеци подоцна откриле дека остануваат со само 5.000 долари. И додека тие направиле пресметки како да заштедат што е можно повеќе, нивната активност на социјалните медиуми почнала да им се заблагодарува.

Хотели, авиокомпании и други брендови почнаа да работат со нас, вели Ги. Најпрвин ни понудија бесплатен престој или лет за да се обрне внимание на социјалните мрежи преку семејни приказни.

Меѓутоа, постепено, заедницата околу семејството на социјалните медиуми се зголеми толку многу што исто така почнале да генерираат приходи за семејството. Блогот и спонзорствата се покажаа доволно профитабилни за четиричленото семејство да можат безбедно да го финансираат нивниот нов начин на живот.

Повеќе од една година по почетокот на нивниот живот - патување, Герет вели дека тој не ги чепнал своите пари  од Snapchat уште.

Денес, околу две и пол години по лансирањето на The Bucket List Family, брендот има 940.000 следбеници во Instagram и 157.000 на YouTube. Герет и Џесика поминуваат 20 часа неделно во одржување на нивните профили на социјални платформи и бараат нови партнерства со други брендови. Живеат како што сонувале.

Промовирани огласи »

Само треба да ја избришеш апликацијата. Толку. Не твојот Фејсбук профил. Не твојот живот на интернет. Само апликацијата, топло препорачува Миријам Крамер од Мешабл.

Пред еден месец ја избришав Фејсбук апликацијата од телефон.

И читателу: се чувствувам слободно.

Деновите од безумно скролање на рандом статуси од пријателите на мајка ми и луѓе со кои немам зборено од средно, се готови.

И тоа може да ти се случи и на тебе.

Само треба да ја избришеш апликацијата.

Толку. Не твојот Фејсбук профил. Не твојот живот на интернет. Само апликацијата.

Првичната желба да ја избришам започна откако Фејсбук почна да вшмукува се повеќе простор и батерија од мојот (мора да признаам стар) Ајфон 6. Меѓутоа брзо стана јасно дека на мојот вистински, неповрзан со батеријата, Живот со големо Ж исто така му е подобро кога го Фејсбук не ми е достапен на еден допир.

Не ми недостасува...

Целата статија на off.net.mk

Промовирани огласи »

Градот Скопје се подготвува за реализација на проектот „Паркирај и вози“ во главниот град, со кој би се овозможило растеретување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Со овој проект нема да им се забрани на возилата од другите македонски градови да влезат во Скопје, туку ќе им се овозможи бесплатен паркинг на влезовите во Скопје. Оставајќи го своето возило на сигурна локација, граѓаните ќе можат да патуваат до посакуваната дестинација во Скопје со јавниот превоз (автобус, велосипед или воз).

„Овој систем на „Паркирај и вози“ (park & ride) го има во сите поголеми метрополи и станува збор за успешен модел кој што дава одлични резултати“ велат од Град Скопје. Предностите на овој проект се многубројни. Проценките говорат дека секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од другите македонски градови, со што значително се зголемува сообраќајниот метеж. Новиот проект би ја намалил фреквенцијата на возила во централните скопски општини, со што би се намалило и загадувањето на воздухот како последица на транспортот.

Воедно, со новиот проект „Паркирај и вози“ ќе се овозможи загарантирано бесплатно место за возилата, така што ќе се намали опасноста за непрописно паркирање и казни од полицијата во централните скопски општини. Граѓаните кои би ги користеле овие паркинзи на периферијата на Скопје би го избегнале и сообраќајниот метеж во самиот град, така што со јавниот превоз би пристигнале побрзо до посакуваната дестинација. Истовремено, билетот за јавен превоз би ги чинел поевтино од паркирањето во центарот на Скопје, каде што цените за оваа услуга достигнуваат и до 100 денари за еден час паркирање.

Градските власти во моментов разгледуваат неколку локации во општините Гази Баба и Ѓорче Петров за реализација на проектот „Паркирај и вози“. Градоначалникот Петре Шилегов денеска повтори дека на овој проект треба да се гледа како на нова можност за граѓаните, но не и на нивно ограничување за употребата на моторни возила во Скопје.

Промовирани огласи »

Целосно ќе се менува  начинот на  наплата на патарините во Европа. Во унијата вињетите ќе се исфрлат од употреба. Македонија пак одлучи да воведе модел со при- пејт картички.

Од претпријатието за државни патишта во земјава  уверуваат дека до крајот на годинава  на сите наплатни страници, долж коридорот 10 патарината ќе се плаќа електронски- со при пејт каритчки. А на коридорот 8 се очекува до крајот  на следната година. Веќе се обезбедени 500 илјади картички. Цената на картичките ќе се движи од едно  до две евра. Возилата пак кои се постојано на пат- камионите, комбињата кои вршат достава ќе користат  тагови кои ќе чинат од 10 до 20 евра

Модерниот начин на наплата на патарината ќе ја намали потребата од човечки фактор.

Во првите две до три годни нема да имаат проблем, реле Зоран Китанов- директор на агенција за државни патишта.

Во Македонија во моментов има десет наплатни станици, но ќе се градат уште четири плус. Две на новиот автопат Демир Капија- Смоквица, а другите две на делицата Миладиновце- Штип.

Европската унија пак се подготвува за промена на системот за наплата на автопатите, со тоа што патарината ќе се наплаќа според моделот на помината делница на автопатот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »