Промовирани огласи »

Потрагата по работа може да биде истоштувачка, особено ако ниту еден од вашите трудови не се исплатил. Понекогаш може толку да ви се чини ситуацијата безизлесна, што размислувате да се откажете. Но, наместо целосното откажување, размислете за превземање помали чекори кон потигнувањето на вашата крајна цел - добивањето работа. 

Малите чекори се оние кои водат до големи промени. Повратете си ја својата самодоверба и бидете поблиску до работата која ја посакувате преку

  • Извршете ја вашата домашна задача 

Исто како што вие очекувате регрутерите да го прочитаат вашето резиме пред интервјуто, така да и од Вас се очекува да ги извршите своите обврски кога се работи за компанијата во која аплицирате и работната позиција. Ова е еден начин на кој можете да ја започнете неделата - пребарување на компаниите во кои би сакале да работите. Знаењето за историјата на компанијата, што се случувало, какво е нејзиното влијание не само што ќе ви помогне да ги импресионирате менаџерите за вработување, туку и ќе ви даде подобра идеја за тоа каква е всушност компанијата и дали би се вклопиле добро во истата. 

  • Обновете го вашето CV 

Некои работи на вашето CV ќе останат исти без разлика за каква работа аплицирате, како на пример вашето образование, работно искуство и контакт информации. Но, 61% од работодавците сакаат резиме кое е прилагодено на нивната отворена работна позиција. Затоа, вториот ден од работната недела искористете го за евалуирање на вашето CV и прилагодување на истото за работните позиции за кои планирате да аплицирате. 

  • Поврзете се со вашите минати конекции 

Не можете да бидете сигурни кој работодавец ќе побара професионална референца, па затоа е подобро да се обидете да ги контактирате луѓето кои можат да ги потврдат вашите вештини и способности. Побарајте ја секоја личност која има да каже нешто вредно и позитивно за вас на вашите потенцијални работодавци. 

  • Пребарајте можности за професионално вмрежување 

Не се потпирајте единствено на огласите за работа и социјалните медиуми за да ги откриете последните слободни работни места во вашата индустрија. Понекогаш, најдобриот начин за да откриете нови работни можности е преку настани за вмрежување. Можете слободно да ги користите сите форми за да откриете каде и кога би имало вакви видови на настанаи. На овој начин, може да си ги подобрите професионалните односи, да научите за потенцијалните работни можности како и да вежбате зборување за вашата позадина и вештини. 

  • Одете во шопинг 

Овој вид на шопинг е дизајниран за да ви ги зголеми шансите за вработување и да ве подготви за сите настани на професионални средби и интервјуа за работа. Доколку сте во можност, снабдете се со облека која е во сооднос со работата за која сте заинтересирани. Имајте на ум дека облеката за интервју треба да е за нијасна поубава од секојдневната облека за во канцеларија. Кога се работи за професионалните интервјуа, професионалното однесување ќе оди во ваша корист. 

  • Размислете за вашето онлајн присуство 

Близу половина од менаџерите за вработување (48%) ги пребаруваат кандидатите за работа на социјалните медиуми и пронашле информации кои биле причина за кандидатот да не биде вработен. Причините кои најчесто ги одбивааат менаџерите од Вас многу е веројатно да се следниве: провокативни и несоодветни фотографии, лошо говорење за претходен претпоставен или соработник, информации за користење наркотични средства, сиромашни комуникативни вештини, дискриминаторски коментари поврзани со националност, религија, пол и слично. 

Промовирани огласи »

Софија е најнапредниот робот создаден од страна на Hanson Robotics. Неодамна, таа доби новиот сет на нозе,  со кои сега таа може на направи неколку бавни чекори, а дури и да изигра неколку танцови потези. Можеби се мали чекори за Софија, но, со сигурност се големи за роботите од овој вид.

Креатор на роботот е Дејвид Хенсон, основач на „Hanson Robotics“, човекот кој целата своја кариера ја посвети да направи „робот со душа“ и чија цел е да ги научи роботите на креативност и емпатија, човечки особини што се неопходни за да не се доживуваат роботите како машини.

Нејзината кожа е изненадувачки реалистична. Направена е од материјал наречен “frubber”, што и овозможува да трепка, да ја движи устата и природно да ја врти главата.

Со новиот сет на нозе, Софија може да направи неколку чекори, па дури и да изигра некои тацови потези.

Промовирани огласи »

Секој од нас сака да оди напред. Меѓутоа, дури и да се чини дека правите се како што треба - никогаш не доцните на работа, ретко сте земале боледување и секогаш ги почитувате крајните рокови - покачувањето на вашата плата може да е многу далеку. 

Вие можеби сметате дека сте целосно посветени на работата, па зошто тогаш не сте наградувани? Одговорот е едноставен - не напредувате доколку ги исполнувате очекувањата на вашиот претпоставен. 

Очекувањата на вашиот претпоставен се цената за влезот. Дури и ако се трудите посебно многу и правите се што се бара од вас, Вие нема да се одвоите. Ќе бидете гледани како некој/а кој/а ги извршува минималните барања и никој кој гради одлична кариера е гледан на тој начин. 

Трикот во напреднувањето во вашата кариера и зголемувањето на вашата плата е во додавањето вредност преку креирањето на придонеси кои вредат повеќе отколку што сте платени. Вие треба да сте насочени напред и да бидете перцепирани како некој без кој организацијата не може да живее. Ова не е толку тешко колку што звучи и можете да успеете во својата цел преку употреба на следниве чекори: 

Чекор 1: Знаење за индустријата на компанијата, конкурентите, последните иновации и предизвици 

Професионалниот развој е важен, но зошто да запрете овде? Ако навистина сакате да ги импресионирате вашите претпоставени, впијте колку што е можно повеќе информации за вашата компанија и индустрија. На овој начин, не само што ќе покажете дека знаете како да ја работите својата работа, туку и знаете зошто ја работите и зошто е важна. 

Чекор 2: Наместо секогаш да го имате одговорот, претпоставете го прашањето 

Секогаш е добро чувство кога можете да го одговорите прашањето на вашиот претпоставен без тој/таа да ве чека цела вечност. Но, ако навистина сакате да оставите впечаток, претпоставете го прашањето. Размислете за нештата кои му/и се важни и информирајте го/ја дневно. Ќе заштедете време и тој/таа ќе го цени ова исто како и вашиот ентузијазам. 

Чекор 3: Самите посочете ја својата грешка 

Одговорноста е веќе изгубена уметност. Преголем број на луѓе се трудат да ги прекријат своите грешки, плашејќи се да признаат пораз. Покажете им на своите претпоставени дека не сте исплашени од признавањето на своите грешки. Уште подобро е ако имате смислено решение или чекорите кои веќе сте ги превземале за решавање на проблемот. Секој од нас прави грешки, но она што може да ве одвои е начинот на кој се справувате со истите. 

Чекор 4: Наместо да барате тренинг, направете го тоа самите 

Вообичаен совет кога се работи за кариерата е да барате од вашиот претпоставен да ве води на обуки и на работилници за подобрување на вашите вештини. Но, тука не се работи за она што е вообичаено. Бидете насочени кон тренирање на самите себеси, во вашето слободно време. Не е потребно да биде премногу скапо, постојат многу достапни бесплатни курсеви кои може да се одржат онлајн. Вие можете да бидете работникот кој ќе се одвои бидејќи самоиницијативно ги ислушал потребните обуки. 

Чекор 5: Бидете проактивни

Скоро секој може да го направи она што му е кажано. Но, проактивноста се цени два пати повеќе. Ако гледате проблем, решете го. Ако забележете нешто што треба да се направи, направете го. Направете било што што сметате дека ќе е различно и ќе биде од корист. Тука се цени визијата повеќе од се останато. 

Чекор 6: Бидете смирени во кризни ситуации 

Малку нешта го задржуваат вниманието на вашиот претпоставен како способноста да смирите бура. Без разлика дали се работи за конфликт помеѓу вработените, општа криза поради промена на правило или нешто сосема друго, осигурајте се дека Вие сте тие кои ќе останат смирени и во контрола на своите емоции. Вашата способност да останете смирени за време на криза демонстрира лидерски потенцијал и лидерите добиваат унапредување. 

Промовирани огласи »

По информациите дека Фејсбук наскоро на глобално ниво ќе го промени начинот на прикажување вести и на сите во светот ќе им воведе раздвоен News и  Explore Feed, акциите на таа компанија паднаа за повеќе од 4 отсто.

Потсетуваме, Марк Закерберг на својата фејсбук страна објасни дека наместо постови од страници таа социјална мрежа ќе нагласува содржина која ќе поттикнува разговор помеѓу семејствата и пријателите. Фејсбук призна дека од сега објавите на Фејсбук страниците помалку ќе се истакнуваат, а промените ќе стапат на сила во наредните недели.

Добиме повратни информации од нашите заедници дека јавната содржина-постови кои промовираат нечиј бизнис, брендови и медиуми-ги преплавуваат личните моменти кои не доведуваат до тоа повеќе да се зближуваме-напишал и додал дека тој и неговиот тим чувствувале осговорност бидејќи Фејсбук е пред се тука заради доброто на човештвото.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »