Промовирани огласи »

Претседателот на Трговската Комора, Екрем Долек, како позитивно во новиот закон за зелените пазари го издвојува тоа што ќе се намалат бирократските процедури за трговците. Регистрацијата на тезгите нема да оди преку централниот регистар, туку преку Трговската Комора.

Бенефиции имаат и двете страни. Според статистиките околу 20 илјади лица во Македонија се тезгаџии, и автоматски фигурираат како вработени. Ќе бидат отстранати од регистарот на Државниот завод за вработување како невработени и ќе фигурираат како вработени. Ќе се плаќа персонален данок  на државата, како и здравствен и инвалидски надоместок, вели Долек.

Фактот што со новиот закон, пазарџиите ќе фигурираат како вработени, на некои од нив ќе им биде укината социјалната помош, вели Долек. Според него, нема да има фискализација на македонските пазари, се додека Македонија не се вклучи во ЕУ. Но за сето ова трговците на Бит пазар немаат никаква информација.

„Јас лично не сум информиран а мислам дека и другите не се информирани. Не знам каков закон е изгласан и дали имаме придобивки или штета од него“, смета Јетула Фазлиу.

 „Не знаеме ништо. Немам информации дека има закон за зелените пазари. Никој не не информираше“, велат трговците.

 „Не знам каков закон. Овде не се интересни законите, и да се изгласаат пак не се применуваат“, додава Наум Хајрулаху.

Овде целиот пазар треба да се среди. Сите тезги се распаднати, се е од времето на Тито. Ставив камења долу за да стои, ногалките се расипани. Ние плаќаме, па треба да имаме услови за работа, порача Нафи Зендели.

Законот за зелените пазари беше усвоен во Собранието на 11 јануари, а идната недела се очекува да биде објавен во Службен Весник.

Промовирани огласи »

Измените на Законот за трговија со кој треба да се укине ограничувањето за продажба на алкохол после 19 часот се готови и треба до крајот на неделава да бидат објавени на Единствениот национален регистар за прописи (ЕНЕР).

Од Министерството за економија за emagazin.mk велат дека откако ќе биде доставен на увид на јавноста, законот ќе треба да добие зелено светло од Владата, а потоа и од Собранието. Според проценките, ако се оди според процедурата би требало на почетокот на март законските измени да стапат на сила.

Владата во декември минатата година донесе одлука да се укине забраната за продажба на алкохол после 19 часот и укинување на ограничувањето, односно забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца и го задолжи Министерството за економија во рок од два месеци да направи законски измени во Законот за трговија.

Сепак освен укинувањето на временското ограничување бизнис заедницата бараше да се укинат и лиценците кои трговците мора да ги псоедуваат за да продаваат алкохол, односно ако не се укинат лиценците да се намали сумата која трговецот треба да ја плати за да добие лиценца, поточно да не се пресметува врз основа на целиот промет на продажниот објект, туку само на прометот со алкохолни пијалоци. Од Стопанската комора на Македонија вчера информираа дека очекуваат деновиве ова законско решение да биде објавено од Министерството за економија.

Од комората потенцираа дека ова е едно од 19. барања кои тие ги доставиле до Владата и чекаат брза реализација. Главната забелешка на бизнисмените до Владата е дека треба побрзо да реагира на нивните барања и побрзо да се носи регулативата која ќе биде во интерес на подобрување на бизнис климата.

Промовирани огласи »

Учесниците во сообраќајот се должни да постапуваат во согласност со прописите за правилата на сообраќајот, со сообраќајните знаци поставени на патот и со знаците и наредбите што ги даваат полициски службеници.

Сите мора да бидат максимално одговорни и внимателни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината спрема ограничувањата и условите на патот.

Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, посебно потенцираат да се внимава на брзото возење, алкохолот, заморот, несоодветното растојание, неправилното престигнување, лошиот правец на движење и на технички неисправни возила, кои честопати се кобни и пресудни во сообраќајните незгоди.

Оттаму потсетуваат на високите глоби за секој сообраќаен прекршок, а во законот се наведени секој поодделно.

Законските норми предвидуваат глоба од 15 евра за возачот кој ќе ја злоупотреби автомобилската сирена. Имено, возачот е должен да засвири за предупредување, но не смее да го повторува неколку пати.

Сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите. Во овој случај предвидена е глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност.

Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот, во спротивно предвидена е глоба од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност.

Возачот е должен да го управува возилото на оддалеченост од другите возила што учествуваат во сообраќајот, при што со таа оддалеченост од другите возила не предизвикува опасност и не ги попречува другите возачи. Во спротивно е предвидена глоба во износ од35 евра во денарска противвредност.

Законот предвидува казни и за несовесните велосипедисти. Имено, тие се должни да се движат што поблиску до десниот раб на коловозот, или по велосипедска патека, па доколку не се придржуваат до ова правило, можат да бидат казнети со глоба од 50 евра.

Иста казна ќе заработа и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл кои не носат заштитен шлем на главата.
Казна од 30 евра ќе плати и пешакот кој преминува преку коловозот на место каде што не постои обележан пешачки премин.

Глоба од 35 евра ќе плати возач кој превезува дете помало од пет години без посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

Промовирани огласи »

Најголем број на македонските големи и средни компании, односно во 73 проценти од нив се сопственост на мажи, а во 67 проценти генерални менаџери.

Жени менаџираат во 33 отсто од компаниите, а само 27 проценти се сопственички, покажуваат резултатите од истражувањето нааправено во рамки проектот „Еднаква моќ за жените“, во реализација на Институтот за комуникациски студии – Скопје и Институтот Изида Вита од Словенија.

Затоа, како што посочуваат од Институтот за комуникациски студии – Скопје, ќе се продолжи со реализација на овој проект со цел подигнување на свеста за родовата еднаквост во големите и средните компании во Македонија и пренесување позитивни искуства од Словенија и од други земји во Република Македонија.

Во рамки на овој проект утре во Скопје ќе се одржи „Првата меѓународна конференција за родова еднаквост“.

Проектот е кофинансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и има голема поддршка од словенечката амбасада во Скопје.

Проектот „Еднаква моќ за жените“ започна  да се реализира во годината кога се одбележува 25-тата годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Словенија и Македонија и ќе трае наредните две ипол години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »