Промовирани огласи »

Најголем број на македонските големи и средни компании, односно во 73 проценти од нив се сопственост на мажи, а во 67 проценти генерални менаџери.

Жени менаџираат во 33 отсто од компаниите, а само 27 проценти се сопственички, покажуваат резултатите од истражувањето нааправено во рамки проектот „Еднаква моќ за жените“, во реализација на Институтот за комуникациски студии – Скопје и Институтот Изида Вита од Словенија.

Затоа, како што посочуваат од Институтот за комуникациски студии – Скопје, ќе се продолжи со реализација на овој проект со цел подигнување на свеста за родовата еднаквост во големите и средните компании во Македонија и пренесување позитивни искуства од Словенија и од други земји во Република Македонија.

Во рамки на овој проект утре во Скопје ќе се одржи „Првата меѓународна конференција за родова еднаквост“.

Проектот е кофинансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и има голема поддршка од словенечката амбасада во Скопје.

Проектот „Еднаква моќ за жените“ започна  да се реализира во годината кога се одбележува 25-тата годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Словенија и Македонија и ќе трае наредните две ипол години.

Промовирани огласи »

Еден од начините како да се вратат парите кон граѓаните е преку враќање на 15 % од платениот ДДВ од нивните потрошувачки сметки, најави СДСМ во својата предизборна програма.

На посебна картичка ќе се регистрираат парите од вратениот данок. Таква картичка ќе има секој граѓанин.

За секој купен производ или искористена услуга за коишто државата наплаќа ДДВ преку фискалните сметки, 15% од вкупниот платениот износ за ДДВ ќе се враќаат на сметка на граѓаните.

Ова значи дека во секое семејство, ако се пресмета на годишно ниво, ќе влегува плата плус од околу 30.000 денари.

Со плата плус дома, луѓето ќе можат да испланираат годишен одмор, или детска соба за своето дете, или ќе покријат некоја кредитна картичка или дел од заостанат долг.

Според информациите овој закон ќе започне како пилот проект на почетокот на 2018-та во неколку општини, додека за кратко време ќе се прошири и низ целата земја.

Промовирани огласи »

Ако сакате да се искачете нагоре по скалата на вашата кариера, не е доволно да имате одлични технички способности, потребно е да имате и персонални вештини исто така. Размислете за менаџерот кој е одличен кога се работи за техничките детали, но не може да се согласи со својот тим - како овој човек ќе менаџира еден проект ако не може да го менаџира својот тим? Од оваа причина, ако сакате да станете подобар менаџер или еднсотавно, подобар соработник и колега, треба да работите на подобрување на својата емпатија. 

1. Слушајте ги другите 

Слушајте ги другите многу внимателно. Не ги слушајте само од причината за слушање. Слушајте ги со отворено срце и ум. Само на овој начин, може да ја разберете целосната порака која другата страна се обидува да ви ја прати. Обрнете внимание на нивниот тон на глас и говорот на телото. Што е она што е важно на другата страна? Обидете се да ги разберете нивните перспективи. Ова може да биде особено многу од помош доколку дискутирате чувствителни теми. Не е потребно секогаш да се согласувате со тоа што има да каже другата личност, но важно е да ги согледате нивните гледишта. 

2. Однесувајте се добро кон другите 

Третирајте ги луѓето на начин на кој би сакале и вие да бидете третирани. Бидете љубезни со луѓето и смејте им се. Не заборавајте дека добрите манири и љубезноста секогаш победуваат во ваквите односи. Ако сте љубезни кон другите, ќе забележите многу брзо дека и тие ќе почнат да се однесуваат на истиот начин кон Вас. Започнете да размислувате за чувствата кои постојат на другата страна во секоја акција која ја превземате.

3. Свртете ги нештата 

Ставете се на местото на другиот пред да го/ја критикувате. Најпрво, обидете се да ги разберете нивните акции и потоа одлучете. Најдобриот пример за ова е процесот на интервјуирање. Кога интервјуирате некого, размислете за другата страна - лицето кое е интервјуирано. Ставете се на негово место и обидете се да се сетите за последниот пат кога вие бевте на интервју. Дали се сеќавате колку бевте возбудени и нервозни? Токму затоа, нормално е за и личноста пред вас да ги има истите емоции. Затоа, за да го/ја смирите другата страна, може да започнете со едноставни и очекувани прашања како што е „Кажи ми нешто за себеси“ и подоцна, да продолжете на потешките и потехничките прашања. 

Промовирани огласи »

Потрагата по работа може да биде истоштувачка, особено ако ниту еден од вашите трудови не се исплатил. Понекогаш може толку да ви се чини ситуацијата безизлесна, што размислувате да се откажете. Но, наместо целосното откажување, размислете за превземање помали чекори кон потигнувањето на вашата крајна цел - добивањето работа. 

Малите чекори се оние кои водат до големи промени. Повратете си ја својата самодоверба и бидете поблиску до работата која ја посакувате преку

  • Извршете ја вашата домашна задача 

Исто како што вие очекувате регрутерите да го прочитаат вашето резиме пред интервјуто, така да и од Вас се очекува да ги извршите своите обврски кога се работи за компанијата во која аплицирате и работната позиција. Ова е еден начин на кој можете да ја започнете неделата - пребарување на компаниите во кои би сакале да работите. Знаењето за историјата на компанијата, што се случувало, какво е нејзиното влијание не само што ќе ви помогне да ги импресионирате менаџерите за вработување, туку и ќе ви даде подобра идеја за тоа каква е всушност компанијата и дали би се вклопиле добро во истата. 

  • Обновете го вашето CV 

Некои работи на вашето CV ќе останат исти без разлика за каква работа аплицирате, како на пример вашето образование, работно искуство и контакт информации. Но, 61% од работодавците сакаат резиме кое е прилагодено на нивната отворена работна позиција. Затоа, вториот ден од работната недела искористете го за евалуирање на вашето CV и прилагодување на истото за работните позиции за кои планирате да аплицирате. 

  • Поврзете се со вашите минати конекции 

Не можете да бидете сигурни кој работодавец ќе побара професионална референца, па затоа е подобро да се обидете да ги контактирате луѓето кои можат да ги потврдат вашите вештини и способности. Побарајте ја секоја личност која има да каже нешто вредно и позитивно за вас на вашите потенцијални работодавци. 

  • Пребарајте можности за професионално вмрежување 

Не се потпирајте единствено на огласите за работа и социјалните медиуми за да ги откриете последните слободни работни места во вашата индустрија. Понекогаш, најдобриот начин за да откриете нови работни можности е преку настани за вмрежување. Можете слободно да ги користите сите форми за да откриете каде и кога би имало вакви видови на настанаи. На овој начин, може да си ги подобрите професионалните односи, да научите за потенцијалните работни можности како и да вежбате зборување за вашата позадина и вештини. 

  • Одете во шопинг 

Овој вид на шопинг е дизајниран за да ви ги зголеми шансите за вработување и да ве подготви за сите настани на професионални средби и интервјуа за работа. Доколку сте во можност, снабдете се со облека која е во сооднос со работата за која сте заинтересирани. Имајте на ум дека облеката за интервју треба да е за нијасна поубава од секојдневната облека за во канцеларија. Кога се работи за професионалните интервјуа, професионалното однесување ќе оди во ваша корист. 

  • Размислете за вашето онлајн присуство 

Близу половина од менаџерите за вработување (48%) ги пребаруваат кандидатите за работа на социјалните медиуми и пронашле информации кои биле причина за кандидатот да не биде вработен. Причините кои најчесто ги одбивааат менаџерите од Вас многу е веројатно да се следниве: провокативни и несоодветни фотографии, лошо говорење за претходен претпоставен или соработник, информации за користење наркотични средства, сиромашни комуникативни вештини, дискриминаторски коментари поврзани со националност, религија, пол и слично. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »