Промовирани огласи »

Сопственикот на онлајн сајтот за трговија Алибаба, милијардерот Џек Ма, тврди дека новите технологии на почетокот секогаш создаваат хаос, и дека бројни луѓе ќе изгубат работа поради напредокот во роботиката и вештачката интелигенција.

Во интервју на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, извршниот директор и основач на Алибаба говореше детално за некој од најголемите предизвици со кои светот денес се соочува.

Вештачката интелигенција и "big data" се закана за луѓето. Јас мислам дека вештачката интелигенција би требало да им помага на луѓето. Технологијата секогаш требало да биде нешто што го подобрува животот на луѓето, а не да им го отежнува. Компјутерите секогаш ќе бидат попаметни од вас, тие не забораваат, не се лутат. Но компјутерите никогаш нема да бидат мудри. Вештачката интелигенција и роботите ќе уништат бројни работни места, кои во иднина ќе ги заземаат машините. Услужните индустрии нудат надеж, но тоа мора да се организира на еднаков начин, порачал Ма.

Рекол дека имаме и среќа бидејќи светот се наоѓа насред голема трансформација благодарение на технологијата.

Оваа нова технологија ќе создаде многу успешни луѓе и интересни кариери, но искрено, секоја нова технологија создава и социјални проблеми“, рекол Ма и додава дека „ако не се поврземе, човечките битија меѓусебно ќе се борат, бидејќи секоја технолошка револуција го дестабилизира светот.

Ма говорел и за односот на жените и компаниите, и порачал дека ако некој сака успешна фирма тогаш жените се најдобри за да ја водат.

Рекол и дека 37 отсто висок менаџмет во Алибаба се жени.

Некој вид на „тајна состојка“ на нашиот успех е тоа што имаме толку колешки, порачал тој.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Еколошките налепници што ќе ги добијат автомобилите во Скопје, а кои ќе се однесуваат на движењето на возилата во денови кога ќе биде загадено, ќе бидат уредени со измени и дополнувања на Законот за животна средина. Ова е договорено на средбите одржани меѓу Министерството за економија, Министерството за внатрешни работи и Министерството за животна средина и просторно планирање и Град – Скопје.

Во законот треба да се вградат нови одредби со кои ќе бидат утврдени формата и дизајнот, набавката, контролата, дистрибуцијата, глоби и инспекцијата.

Со законот ќе биде уредено и тоа како ќе се категоризираат возилата, односно возилото во станиците за технички преглед зависно од тоа кој ЕУРО стандард го исполнува ќе добие еколошка налепница со црвена, портокалова или зелена боја.

Промовирани огласи »

Завчера во сон почина Ингвар Кампард, таткото на IKEA. Популарниот магнат издиша за последен пат на 91-годишна возраст.

Иако беше еден од најбогатите луѓе на светот, Ингвар беше познат по штедливоста, па постојат многу анегдоти кои се сврзуваат со неговиот стил на живот.

Прочитајте неколку факти кои можеби не сте ги знаеле за основачот на најголемиот синџир на продавници за мебел:

  • Ингвар започнал да се занимава со бизнис на 5 години. На почетокот им продавал кибритчиња на соседите, а потоа со својот велосипед патувал сè подалеку за поголем профит. Од кибритчиња тој подоцна се префрлил на продажба на риба, божиќни декорации и мали предмети како пенкала.
  • Ја основа IKEA на 17 години. Да, тешко е да се поверува дека компанијата која денес има 412 продавници на 49 пазари беше основана од тинејџер во 1943 година во Шведска. Но, Ингвар смело влегол во бизнисот на млада возраст, примајќи нарачки преку пошта. Пет години подоцна, тој започнал да продава мебел, а 20 години по лансирањето, се проширил во Норвешка.
  • IKEA е акроним. Името IKEA е акроним од неговите иницијали (Ingvar Kamprad), плус почетните букви на семејната фарма на која се родил (Elmtaryd) и блиското село (Agunnaryd).

  • И покрај тоа што имал огромно богатство, купувал облека на старо (втора употреба) и пазарувал на болвини пазари. „Мислам дека немам носено нешто што не е купено на болвин пазар“ – изјави тој.
  • Возеше Volvo старо 15 години, користеше јавен превоз, никогаш не леташе со авион во прва класа... Ингвар беше дециден кога станува збор за трошењето пари. Возеше автомобил стар 15 години, секогаш леташе во економична класа, одбиваше да се вози со такси и користеше метро и автобуси и долги години живееше во Швајцарија за да ги заобиколи строгите шведски закони за даноци. Има гласини и дека ги користел кесичките за чај по неколку пати и дека собирал пакетчиња со сол и црн бибер од рестораните. „Обично се потстрижувам кога сум во земја во развој. Последниот пат беше во Виетнам“ – има изјавено тој.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »