Промовирани огласи »

По повеќе од шест месеци собраниска и владина процедура, деновиве стапија на сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата што се однесуваат на поврасните возачи.

Измените предвидуваат возачката дозвола за лицата постари од 70 години да се издава со рок на важење до три години, наместо до 65 години како што тоа беше случај до сега.  

Возраста на возачите претставува еден од факторите што значително влијаат врз безбедноста на сообраќајот. Генерално, постојат две најзастапени групи учесници - причинители на сообраќајни незгоди, а тоа се младите возачи на возраст до 24 години и возачите постари од 60 години. Ризикот за учество во сообраќајни незгоди кај овие возачи е повисок во однос на останатата популација возачи. Во младите години, како предуслов возачите да учествуваат во сообраќајна незгода, се наметнува недоволното искуство и обученост за справување со предизвиците во сообраќајот, а во постарите години, тоа се физиолошките и психолошките промени кај личноста.

Повозрасните возачи се соочуваат со опаѓање на психофизичките функции, а нивните психомоторни способности се на пониско ниво, со што доаѓа до зголемување на индивидуалните разлики. Поизразени промени во делот на функциите на целиот организам и перцептивно-моторните способности се јавуваат по 40 годишна возраст.

Промените на функциите кај повозрасната група возачи се прикажуваат преку слабеење на видот, посебно можноста за гледање во ноќни услови и во услови на заслепување. Реакциите кај овие возачи се побавни, а движењата помалку координирани. Краткотрајното паметење и обработката на информации се послаби, така што возачите на оваа возраст тешко можат да проценат сложена сообраќајна ситуација. Тешко се одлучуваат и не можат да го прилагодат маневрирањето при ненадејни и изненадни промени на сообраќајната ситуација бидејќи имаат проблем со времето во сите фази на прием, обработка и пренос на информациите.

Според научните согледувања, најголем број од незгодите што ги предизвикуваат возачите постари од 65 години, можат да се припишат на информационите пропусти. Со стареењето, процентот на незгоди што се случуваат поради информациони пропусти и погрешно донесени одлуки, значително се зголемува. Сериозен недостаток кај старите возачи претставува можноста за навремено забележување и одржување растојание.

Потребно е да се истакне дека возрасната група - постари возачи не претставува хомогена целина бидејќи меѓу нив постојат големи индивидуални разлики што се зголемуваат со текот на годините. Затоа, не е пожелно да се ограничуваат старосните граници во поглед на дозволата за возење, освен во случај кога непосредните фактори упатуваат на тоа. Во оваа насока, законодавецот во Р.Македонија за категоријата постари лица предвидува ограничувања што се однесуваат на важноста на возачката дозвола која им се издава на овие возачи. Имено, според новите измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во член 304 став 1 се предвидува возачката дозвола за лицата постари од 70 години да се издава со рок на важење до три години.ж

На лицата кои во време на издавањето на возачката дозвола имаат повеќе од 65 години, возачката дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст.

Возачката дозвола може да се издаде или нејзината важност може да се ограничи и на пократки рокови, а во зависност од наодот и мислењето на здравствената установа, содржани во уверението за здравствената и психофизичката способност на лицето.

Промовирани огласи »

Сопственикот на онлајн сајтот за трговија Алибаба, милијардерот Џек Ма, тврди дека новите технологии на почетокот секогаш создаваат хаос, и дека бројни луѓе ќе изгубат работа поради напредокот во роботиката и вештачката интелигенција.

Во интервју на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, извршниот директор и основач на Алибаба говореше детално за некој од најголемите предизвици со кои светот денес се соочува.

Вештачката интелигенција и "big data" се закана за луѓето. Јас мислам дека вештачката интелигенција би требало да им помага на луѓето. Технологијата секогаш требало да биде нешто што го подобрува животот на луѓето, а не да им го отежнува. Компјутерите секогаш ќе бидат попаметни од вас, тие не забораваат, не се лутат. Но компјутерите никогаш нема да бидат мудри. Вештачката интелигенција и роботите ќе уништат бројни работни места, кои во иднина ќе ги заземаат машините. Услужните индустрии нудат надеж, но тоа мора да се организира на еднаков начин, порачал Ма.

Рекол дека имаме и среќа бидејќи светот се наоѓа насред голема трансформација благодарение на технологијата.

Оваа нова технологија ќе создаде многу успешни луѓе и интересни кариери, но искрено, секоја нова технологија создава и социјални проблеми“, рекол Ма и додава дека „ако не се поврземе, човечките битија меѓусебно ќе се борат, бидејќи секоја технолошка револуција го дестабилизира светот.

Ма говорел и за односот на жените и компаниите, и порачал дека ако некој сака успешна фирма тогаш жените се најдобри за да ја водат.

Рекол и дека 37 отсто висок менаџмет во Алибаба се жени.

Некој вид на „тајна состојка“ на нашиот успех е тоа што имаме толку колешки, порачал тој.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Еколошките налепници што ќе ги добијат автомобилите во Скопје, а кои ќе се однесуваат на движењето на возилата во денови кога ќе биде загадено, ќе бидат уредени со измени и дополнувања на Законот за животна средина. Ова е договорено на средбите одржани меѓу Министерството за економија, Министерството за внатрешни работи и Министерството за животна средина и просторно планирање и Град – Скопје.

Во законот треба да се вградат нови одредби со кои ќе бидат утврдени формата и дизајнот, набавката, контролата, дистрибуцијата, глоби и инспекцијата.

Со законот ќе биде уредено и тоа како ќе се категоризираат возилата, односно возилото во станиците за технички преглед зависно од тоа кој ЕУРО стандард го исполнува ќе добие еколошка налепница со црвена, портокалова или зелена боја.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »