Промовирани огласи »

Договор со „Ѓока Конструсион“ за изградба на автопатот „Руга е Арбрит“  („Патот на Арбр“), кој ќе ја поврзува Тирана со македонската граница и градот Дебар, потпиша албанското Министерство за инфраструктурата и енергетиката.

Ова е еден значаен инфраструктурен објект, кој ќе ја поврзува нашата земја со Македонија. Изградбата ќе чини 240 милиони евра. Државата мора да го отплати износот во рамките на 13 години. Автопатот треба да биде готов за 3 години, рече албанскиот министер за инфраструктура и енергетиката Дамијан Гинкури.

Ви благодариме за довербата. Конечно Владата почна да им верува на албанските компании. Нема да ви разочараме. Верувам дека ќе го изградиме навремено и квалитетно овој автопат, рекол од своја страна претседателот на компанијата „Ѓока Конструсион“, Рок Ѓока.

Новиот дел од Тирана до македонската граница, до градот Дебар, ќе биде долг 82 километри.

Македонија уште нема проект.

Со години бизнисмените алудираат за изградбата на оваа автопатска делница. Последен пат министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски кажа дека се чека на проектната документација, па после ќе се знае кога ќе стартуваат градежните работи.

Промовирани огласи »

Владата ја усвои информацијата за потребата од воспоставување на единствен комуникациско – информативен систем со единствениот европски број за итни повици Е-112 во Република Македонија.

Владата го задолжи Центарот за управување со кризи во наредниот период, заедно со неколку надлежни министерства, како и институции да најде начин за обезбедување финансиски средства потребни за реализација на активностите.

Промовирани огласи »

Владата на 53. седница ја разгледа Информацијата за можноста за изменување на Законот за работни односи во насока на кратење или елиминирање на обврската за објава на оглас за вработување, според препораките на извештајот „Doing Business 2018“ на Светска банка, со што економијата на земјава би добила поголема функционалност.

Во тој контекст, како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, Министерството за труд и социјална политика (МТСП), пак, на седницата го претставило негативното мислење за оваа мерка, бидејќи со евентуално кратење на роковите за пријавување на кандидати за работно место, ќе се доведе во прашање уставно утврденото право на секој човек, под еднакви услови да му е достапно секое работно место.

Дополнително, во Програмата за работа на Владата за 2018 година, предвидено е изготвување на нов Закон за работните односи, на што ќе претходи анализа и ревизија на постоечките одредби во Законот. Притоа, во утврдувањето на содржината на новиот закон ќе бидат вклучени сите засегнати страни, односно организации  на работодавачи,  синдикати,  професори, судии, адвокати, како и релевантни институции, со коишто ќе се спроведат широки консултации, а ќе се направи анализа и на оправданоста на препораката на Doing Business, со цел крајниот резултат да биде закон со современи решенија и напредни трудови стандарди, стои во соопштението.

На предлог на МТСП, Владата на денешната седница ја разгледа и ја прифати информацијата со план за имплементација на Гаранција за млади (прва фаза 2018-2019 година), како и Акцискиот план за имплементација на Гаранција за млади во три пилот општини во 2018 година.

На предлог на истото министерство, Владата го усвои и акцискиот план за вработување на млади 2016-2020-та година.

Промовирани огласи »

Сајтот “Digital Spy” ја освежи листата на актери и актерки чии филмови заработиле најмногу пари во историјата.

Станува збор за заработка која ја оствариле од вкупниот број нивни филмови.

Листата на 20те најплатени ѕвезди изгледа вака:

20. Брус Вилис – 3.189 милијарди долари, 60 филмови
19. Вил Смит – 3.205 милијарди долари, 25 филмови
18. Ема Вотсон – 3.206 милијарди долари, 18 филмови
17. Роберт Де Ниро – 3.233 милијарди долари, 81 филм
16. Робин Вилијамс – 3.279 милијарди долари, 49 филмови
15. Мајкл Кeјн – 3.396 милијарди долари, 59 филмови
14. Гери Олдман – 3.422 милијарди долари, 41 филм
13. Џони Деп – 3.634 милијарди долари, 47 филмови
12. Енди Серкис – 3.648 милијарди долари, 25 филмови
11. Ијан МекКелен – 3.654 милијарди долари, 32 филма
10. Скарлет Јохансон – 3.674 милијарди долари, 40 филма
9. Стенли Тучи – 3.785 милијарди долари, 52 филма
8. Том Круз – 3.777 милијарди долари, 39 филма
7. Еди Марфи – 3.811 милијарди долари, 39 филма
6. Ентони Даниелс – 4,031 милијарди долари, 9 филма
5. Роберт Дауни Јунор – 4.281 милијарди долари, 54 филма
4. Морган Фримен – 4.522 милијарди долари, 63 филмови
3. Том Хенкс – 4.582 милијарди долари, 48 филмови
2. Харисон Форд – 4.963 милијарди долари, 42 филма
1. Семјуел Л. Џексон – 5.149 милијарди долари, 73 филмови

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »