Промовирани огласи »

Сајтот “Digital Spy” ја освежи листата на актери и актерки чии филмови заработиле најмногу пари во историјата.

Станува збор за заработка која ја оствариле од вкупниот број нивни филмови.

Листата на 20те најплатени ѕвезди изгледа вака:

20. Брус Вилис – 3.189 милијарди долари, 60 филмови
19. Вил Смит – 3.205 милијарди долари, 25 филмови
18. Ема Вотсон – 3.206 милијарди долари, 18 филмови
17. Роберт Де Ниро – 3.233 милијарди долари, 81 филм
16. Робин Вилијамс – 3.279 милијарди долари, 49 филмови
15. Мајкл Кeјн – 3.396 милијарди долари, 59 филмови
14. Гери Олдман – 3.422 милијарди долари, 41 филм
13. Џони Деп – 3.634 милијарди долари, 47 филмови
12. Енди Серкис – 3.648 милијарди долари, 25 филмови
11. Ијан МекКелен – 3.654 милијарди долари, 32 филма
10. Скарлет Јохансон – 3.674 милијарди долари, 40 филма
9. Стенли Тучи – 3.785 милијарди долари, 52 филма
8. Том Круз – 3.777 милијарди долари, 39 филма
7. Еди Марфи – 3.811 милијарди долари, 39 филма
6. Ентони Даниелс – 4,031 милијарди долари, 9 филма
5. Роберт Дауни Јунор – 4.281 милијарди долари, 54 филма
4. Морган Фримен – 4.522 милијарди долари, 63 филмови
3. Том Хенкс – 4.582 милијарди долари, 48 филмови
2. Харисон Форд – 4.963 милијарди долари, 42 филма
1. Семјуел Л. Џексон – 5.149 милијарди долари, 73 филмови

Промовирани огласи »

Секој граѓанин на Република Македонија кој остварил дополнителни приходи покрај плати и пензии задолжително до 15 март треба да поднесат годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.

До крајот на оваа година мора да се регистрираат на системот е-Персонален данок – за УЈП во следната година да може самата да ги пополнува даночните пријави на граѓаните.

Кога оваа промена ќе стапи во сила, граѓаните ќе можат само да ги коригираат пријавите доколку има потреба.

Тоа значи дека претстојниот 15 март е последен кога граѓаните сами на шалтерите на УЈП треба да го пријават данокот, од следната година нема да доставуваат пријави и извештаи во Управата.

Од УЈП информираат дека подготвиле и брошура која треба да ве упати како да ги пријавите приходите во Годишната даночна пријава (образец „ПДД-ГДП”).

Од УЈП апелираат граѓаните да побрзаат со поднесувањето на пријавите за да се избегне гужвата од минатите години кога најголемиот број граѓани пријавите ги доставуваа во последните неколку денови од рокот.

Во прилог – образец „ПДД-ГДП
 

Промовирани огласи »

Дигиталната валута доживеа нов удар  откако неколку банки забранија купување на биткоини со кредитни картички.

Тоа доведе до нов пад на вредноста на криптовалутата на помалку од 6.000 долари за еден биткоин.

Последната рестрикција од банките само се надоврза на низата негативни случувања што ја туркаат вредноста на биткоинот и ја доведоа до помалку од една третина од највисоката достигната вредност од 19.511 долари на 18 декември.

Промовирани огласи »

Дури и најверните и најголемите ентузијасти ќе паднат во креативна стагнација. За среќа, постојат некои лесни работи што секој може да ги направи за да ја врати својата инспирација и концентрација. 

Еве кои се според „business2community“.

1. Пронајдете златна средина помеѓу редот и нередот.

Премногу работи околу вас може да ви го одвлечат вниманието, но малку хаос и помага на креативноста. Најди го балансот што најдобро функционира за тебе.

2. Оградете се со жолто.

Која боја е најсоодветна за работната средина? Ова мора да биде сенка што ќе ве стимулира без да бидете премногу силни. Според голем број на студии, соодветната боја е жолта.

3. Поделете го работниот простор на два дела.

Едниот е оној со компјутерот, а другиот е "бескомпромисна" зона. Оваа поделба ќе и помогне на вашата продуктивност.

4. Диверзифицирајте го работното место.

Ако е можно, работете од различни места - понекогаш од канцеларијата, понекогаш од дома или од трето место. Разновидноста ќе ве направи покреативни и флексибилни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »