Законот за материјално обештетување на стечајците донесен во септември 2017 година ќе се дополнува со цел да се опфатат поголем број на стечајни работници, ова го најави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, но и кумановските стечајци кои мака мачеа да изнајдат решение со надлежните, бидејќи првичниот закон предвидуваше обештетување за само неколкумина од нив.
Дополнувањето ќе се однесува на членот 2 од законот, вели Лилјана Георгивска претседател на кумановското здружение на стечајни работници „УНИТ“. Според членот законот ќе ги опфати и акционерските друштва и фирмите кои биле приватизирани.
Треба стечјаниот работник да бил во фирма додека било акционерско друштво настанато или приватизирана фирма, така да сега очекуваме најмалку 600-700 стечајци од Куманово да бидат опфатени, затоа што сме најголем индустриски град во Македонија, односно најмногу имавме фабрики и фирми. Морам да кажам дека во самиот старт погрешно е поставен законот, бидејќи и покрај нашето сугерирање не бевме прифатени и сослушани, но што е тука е и правиме напори се да се заврши за оваа година и ќе има пообемен број, вели Георгиевска.
Наместо да има 3.000 обештетени работници, досега според Георгиевска има 2.460 на ниво на државата, а се очекува бројката да надмине и над 4.600 поранешни работници, а ќе останат оние кои останале технолошки вишок во компании кои биле во приватна сопственост и оние кои спогодбено ја напуштиле работата, а за тоа земале паричен надоместок.
Ние располагаме со многу мал број, имаме 101 решение во Штип, во Крива Паланка околу 130 решенија, во Куманово за жал 56 решенија, во Струмица и Радовиш најмалку 5-6 решенија, Кавадарци и Неготино десетина. Пак имаат среќа оние кои никогаш не биле со нас да се борат за нашите права, да искорстат како скопјани, гевгеличани, беровчани, како сите други, но на сите нека им е со среќа, борбата е за сите, вели Георгиевска.
Оние стечајни работници, кои немаат 15 години работен стаж во компанија со доминантна државна сопственост, за да бидат опфатени со законот ќе мора да ги одработат оние месеци кои им недостасуваат. Меѓу нив и лидерот на кумановските стечајци Лилјана Герогиевска која треба да одработи 10 месеци.
Без оглед дали Лилјана Георгиевска некаде ќе е вработена, се уште не сум, ама ќе морам, затоа што немам 15 години во државна сопственост, туку 14 години и 2 месеци, другото е приватизирано, па морам да одработувам, затоа што самиот закон е до вработување или пензионирање, така што и такви случаи ќе имаме многу. Најважно е морам да кажам на фирмата да не е сменет матичниот број затоа што секој газда кој го сменил тој број, за жал нема и тие да влезат, тоа не е наша вина, тоа е од министерство, ние нема да ги оставиме на цедило, додава Георгиевска.
Дали на работа или обештетени, Здружението ќе работи и ќе се бара начин сите да се обештетат вели Георгиевска.
Со новите измени во законот исто така се релаксира и возраста, односно барателот треба да има 52 и 55 години старост, но во моментот на поднесување на барањето, а не во моментот на донесувањето на законот.