Промовирани огласи »

Европарламентот денеска на пладне ќе одлучува дали ќе го укине летното сметање на времето.

Одговорајќи на граѓанските иницијативи и петиции, кои главно се насочени кон загриженоста за здравјето од ефектите од двапати годишно менување на начинот на сметање на времето, Комисијата за транспорт во Европарламентот подготви предлог-резолуција со која се предлага запирање на таквата пракса.

За предлогот главно се залагаат балтичките и скандинавските земји.

Пролетните и есенските промени во земјите-членки на ЕУ се регулирани со директивата на ЕУ за летно сметање на времето. Треба да се одржува единствен временски режим во ЕУ, дури и ако се укинат промените на часот, се вели во текстот.

Се очекува европарламентарците да ја повикаат Европската комисија да предложи укинување на летното сметање на времето.

Промовирани огласи »

Законот за материјално обештетување на стечајците донесен во септември 2017 година ќе се дополнува со цел да се опфатат поголем број на стечајни работници, ова го најави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, но и кумановските стечајци кои мака мачеа да изнајдат решение со надлежните, бидејќи првичниот закон предвидуваше обештетување за само неколкумина од нив.

Дополнувањето ќе се однесува на членот 2 од законот, вели Лилјана Георгивска претседател на кумановското здружение на стечајни работници „УНИТ“. Според членот законот ќе ги опфати и акционерските друштва и фирмите кои биле приватизирани.

Треба стечјаниот работник да бил во фирма додека било акционерско друштво настанато или приватизирана фирма, така да сега очекуваме најмалку 600-700 стечајци од Куманово да бидат опфатени, затоа што сме најголем индустриски град во Македонија, односно најмногу имавме фабрики и фирми. Морам да кажам дека во самиот старт погрешно е поставен законот, бидејќи и покрај нашето сугерирање не бевме прифатени и сослушани, но што е тука е и правиме напори се да се заврши за оваа година и ќе има пообемен број, вели Георгиевска.

Наместо да има 3.000 обештетени работници, досега според Георгиевска има 2.460 на ниво на државата, а се очекува бројката да надмине и над 4.600 поранешни работници, а ќе останат оние кои останале технолошки вишок во компании кои биле во приватна сопственост и оние кои спогодбено ја напуштиле работата, а за тоа земале паричен надоместок.

Ние располагаме со многу мал број, имаме 101 решение во Штип, во Крива Паланка околу 130 решенија, во Куманово за жал 56 решенија, во Струмица и Радовиш најмалку 5-6 решенија, Кавадарци и Неготино десетина. Пак имаат среќа оние кои никогаш не биле со нас да се борат за нашите права, да искорстат како скопјани, гевгеличани, беровчани, како сите други, но на сите нека им е со среќа, борбата е за сите, вели Георгиевска.

Оние стечајни работници, кои немаат 15 години работен стаж во компанија со доминантна државна сопственост, за да бидат опфатени со законот ќе мора да ги одработат оние месеци кои им недостасуваат. Меѓу нив и лидерот на кумановските стечајци Лилјана Герогиевска која треба да одработи 10 месеци.

Без оглед дали Лилјана Георгиевска некаде ќе е вработена, се уште не сум, ама ќе морам, затоа што немам 15 години во државна сопственост, туку 14 години и 2 месеци, другото е приватизирано, па морам да одработувам, затоа што самиот закон е до вработување или пензионирање, така што и такви случаи ќе имаме многу. Најважно е морам да кажам на фирмата да не е сменет матичниот број затоа што секој газда кој го сменил тој број, за жал нема и тие да влезат, тоа не е наша вина, тоа е од министерство, ние нема да ги оставиме на цедило, додава Георгиевска.

Дали на работа или обештетени, Здружението ќе работи и ќе се бара начин сите да се обештетат вели Георгиевска.

Со новите измени во законот исто така се релаксира и возраста, односно барателот треба да има 52 и 55 години старост, но во моментот на поднесување на барањето, а не во моментот на донесувањето на законот.

Промовирани огласи »

Европската комисија потврди дека некои мултинационални компании тргнале во процес на изедначување на квалитетот на своите производи.

Компаниите така сакаат да ги надминат неодамнешните законски промени, соопштија од канцеларијата на Билјана Борзан која е именувана на местото портпарол на Европскиот парламент за различен квалитет на храната.

Комесарката за заштита на потрошувачите Вера Јоурова истакнала три компании кои ги менуваат рецептите. Една од нив е HIPP, која на тоа се обврза откако се објавени резултатите од истражувањето на застапничката Борзан и Хрватската агенција за храна кои покажале дека детската храна во Хрватска е помалку здрава од онаа во Германија.

„Комисијата навела дека и Фереро се обврзал да го изедначи квалитетот на нутела во сите земји.

„По моето истражување, Фереро се изјасни дека квалитетот на нутела е подобар само во Германија, а во сите останати земји членки е еднаков. Сега влегле во процес на намалување на квалитетот на нутела во Германија за да не се доведат во ситуација повторно да бидат прозвани во истражувањата.

Официјално тоа го објаснуваат со промени во ланците на снабдевање со храна, но потрошувачите во Германија веднаш тоа го поврзале со двојниот квалитет и се прилично незадоволни“, рекла Борзан.

Промовирани огласи »

Одлуката на Владата да се укине забраната за продажба на алкохол после 19 часот, иако беше донесена уште во декември лани, се очекува наскоро да се најде пред пратениците за одобрување и да стапи во сила следниот месец. Но, освен укинувањето на временското ограничување, бизнис заедницата бараше да се укинат и лиценците кои трговците мора да ги поседуваат за да продаваат алкохол, односно ако не се укинат лиценците да се намали сумата која трговецот треба да ја плати за да добие лиценца, поточно да не се пресметува врз основа на целиот промет на продажниот објект, туку само на прометот со алкохолни пијалоци.

Стопанствениците овие барања ги темелат врз праксата која покажа дека ограничувањата на продажбата на алкохолни пијалаци имаат негативно влијание, како врз деловните субјекти кои се занимаваат со производство на алкохолни пијалаци (пред се, винската и пивската индустрија во земјава), така и на деловните субјекти кои вршат продажба на мало и големо на овие производи.

Од една страна, забраната за продажба по 19 часот иако предизвикува големи последици по производството, сепак не доведе до намалување на вкупната консумација на алкохолни пијалаци, ако се има предвид обемот на производство на алкохолни пијалаци во домашни услови(пијалаци кои не се произведуваат во контролирани услови, имаат значително поголем процент на алкохоли кои се во слободна продажба, со што создаваат нелојална конкуренција спрема субјектите од овој сектор).

Од друга страна, овие одредби имаат негативно влијание и врз работењето на субјектите кои се занимаваат со трговија на големо и трговија на мало. Трошоците за добивање лиценца за продажба на алкохолни пијалаци (а уште повеќе и трошоците за нејзиното продолжување), како и трошоците за исполнување на минимално- техничките услови за продажба на алкохолни пијалаци претставуваат преголемо финансиско оптоварување за нив.

Согласно член 23-а, став 3 од Законот за трговија е предвидено дека за добивање на лиценца за продажба на алкохол (која е со важност од 2 години), трговецот е должен да плати надоместок во износ од 20.000 денари на сметка на државниот буџет. За продолжување на лиценцата согласно ставот 8 од овој член, трговецот е должен да плати надоместок во износ од 5.000 денари за секој продажен објект ако има до три продажни објекти и 15.000 денари за секој продажен објект, ако има над три продажни објекти, како и 0,05 отсто од вкупниот промет остварен во претходната година. Износот од 0,05 отсто од вкупниот промет остварен во претходната година се однесува на вкупниот остварен промет што се утврдува со скратен исказ од годишна сметка издаден од Централниот регистар на Република Македонија. Ова значи дека за да може да се добие продолжување на лиценцата за продажба на алкохолни пијалоци потребно е да се плати 0,05 отсто од вкупниот промет кој се остварува на ниво на деловниот субјект, а јасно е дека од продажбата на алкохолни пијалоци се остварува само дел од вкупниот промет, кој во најголем дел се остварува од продажбата на останатиот широк асортиман на производи на деловниот субјект. Треба да се има предвид и фактот дека оваа одредба е дискриминирачка во поглед на тоа што трговците кои имаат до 3 продажни објекти се обврзани за продолжување на лиценцата да платат надоместок во износ од  5.000 денари за секој продажен објект, додека пак трговците кои имаат над 3 продажни објекти за продолжување на лиценцата потребно е да платат 15.000 денари за секој продажен објекти дополнителни 0,05 отсто од вкупниот остварен промет. Оваа одредба наметнува несразмерни обврски во однос на трговците кои имаат над 3 продажни објекти, а кои сакаат да ја продолжат важноста на лиценцата за продажба на алкохол.

Врз основа на истражувања на пазарот и информации од нашите членки, ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалаци во трговската мрежа директно влијае и врз зголемување на „сивата економија“ во оваа област, односно придонесува за  неовластено производство и трговија со алкохолни пијалаци, за кои не се плаќаат акцизи и даноци и кои се широко достапни за целокупното население, вклучувајќи ја и најмладата популација. Наведената состојба доведува до сериозни последици по дејностите кои се помеѓу водечките македонски национални брендови- велат во Стопанската комора на Македонија.

Земјава има мала потрошувачка по глава на жител во Европа од околу 10 литри вино и под 30 литри пиво. Според податоците од Светската здравствена организација, од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци, во Република Македонија најмногу се конзумира  пиво (47,4 отсто од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци), потоа вино (39,9 отсто), а на останатите пијалаци отпаѓа 12,6 отсто од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци. За споредба, во Бугарија, Словенија и Хрватска потрошувачката на пиво се движи и до 75 литри по глава на жител, додека потрошувачката на вино е околу 25 литри со што далеку се надминува домашниот просек. Дополнително, иако Македонија се декларира како винска земја, согласно статистичките податоци, во земјава се консумира само 9- 10 отсто од вкупното производство на вино.

Колку за илустрација, просечната консумација на пиво во Македонија се движи под 30 литри по жител годишно, додека во Србија таа количина е околу 65 литри, а во Хрватска и Бугарија изнесува над 75 литри. Според овој параметар, ние сме многу далеку од Германија каде годишно се пие по околу 120 литри пиво и Чешка каде се консумират близу 160 литри пиво по жител годишно. Во ниедна од овие земји, ниту во останатите земји- членки на ЕУ, не постојат законски ограничувања за продажбата на алкохолни пијалаци како постојните во Македонија.

Многу од европските држави воопшто не предвидуваат обврска за поседување на посебни лиценци за продажба на алкохолни пијалаци. Исто така, не се предвидуваат било какви ограничувања во однос на работните часови за продажба на алкохолни пијалаци (вклучувајќи ги помеѓу другите Белгија, Франција, Германија, Холдандија, Шпанија, Хрватска, Грција, Чешка, Словачка).

Напротив, ваквите мерки и ограничувања се карактеристични за земји со голема потрошувачка на алкохол по глава на жител (како што се на пример Финска, Обединетото кралство, Шведска - согласно податоците на Светската здравствена организација, во 2015 година потрошувачката на алкохол по глава на жител изнесувала 11,9 литри во Финска; 12 литри во Обединетото Кралство; 8,7 литри во Шведска, при што проекциите за 2020 година за овие земји се дека стапката на потрошувачка на алкохол по глава на жител ќе порасне за околу 0,2- 0,4 литри), но дури и во овие земји, на пример, ограничувања во однос на работните часови за продажба на алкохолни пијалаци се поставени до крајот на работното време на продажните објекти, 22.00 часот.

Бизнизмените од оваа индустрија укажуваат дека наведените мерки се поставени премногу строго, ако се има предвид дека просечната потрошувачка на алкохол по глава на жител во 2015 година во Република Македонија изнесувала 5,7 литри, што е значително помалку од европскиот просек од околу 10 литри по глава на жител. Во изминатите години откако се применува оваа рестриктивна законска регулатива, не се понудени никакви емпириски докази дека таа остварила какво било влијание врз евентуално намалување на алкохолизмот во Република Македонија. Затоа останува фактот дека и без овие мерки на ограничување на продажба на алкохол во трговијата, Македонија има далеку најниска стапка на консумација на алкохол по глава жител во овој дел од светот.

Поради наведеното, предлагаме да биде изменет режимот на продажба на алкохолни пијалаци на начин што ќе биде укината обврската за поседување на лиценца за продажба на алкохолни пијалаци, и ќе биде отстрането ограничувањето во однос на работното време во кое може да се врши продажба на алкохолни пијалаци, а соодветно ќе бидат изменети и одредбите за надзорот и прекршочните санкции во овој закон. Деловните субјекти кои се занимаваат со производство на алкохолни пијалаци (пред се, винската и пивската индустрија), како и деловните субјекти кои вршат продажба на мало и големо на овие производи целосно ја поддржуваат заложбата за забрана за продажба на алкохолни пијалаци на малолетни лица, и инсистираат на доследно спроведување на оваа забрана, за што и самите, преку активности на корпоративна општествена одговорност ќе се вклучат во спроведување на овие мерки- велат во Стопанската комора.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »