Промовирани огласи »

Одлуката на Владата да се укине забраната за продажба на алкохол после 19 часот, иако беше донесена уште во декември лани, се очекува наскоро да се најде пред пратениците за одобрување и да стапи во сила следниот месец. Но, освен укинувањето на временското ограничување, бизнис заедницата бараше да се укинат и лиценците кои трговците мора да ги поседуваат за да продаваат алкохол, односно ако не се укинат лиценците да се намали сумата која трговецот треба да ја плати за да добие лиценца, поточно да не се пресметува врз основа на целиот промет на продажниот објект, туку само на прометот со алкохолни пијалоци.

Стопанствениците овие барања ги темелат врз праксата која покажа дека ограничувањата на продажбата на алкохолни пијалаци имаат негативно влијание, како врз деловните субјекти кои се занимаваат со производство на алкохолни пијалаци (пред се, винската и пивската индустрија во земјава), така и на деловните субјекти кои вршат продажба на мало и големо на овие производи.

Од една страна, забраната за продажба по 19 часот иако предизвикува големи последици по производството, сепак не доведе до намалување на вкупната консумација на алкохолни пијалаци, ако се има предвид обемот на производство на алкохолни пијалаци во домашни услови(пијалаци кои не се произведуваат во контролирани услови, имаат значително поголем процент на алкохоли кои се во слободна продажба, со што создаваат нелојална конкуренција спрема субјектите од овој сектор).

Од друга страна, овие одредби имаат негативно влијание и врз работењето на субјектите кои се занимаваат со трговија на големо и трговија на мало. Трошоците за добивање лиценца за продажба на алкохолни пијалаци (а уште повеќе и трошоците за нејзиното продолжување), како и трошоците за исполнување на минимално- техничките услови за продажба на алкохолни пијалаци претставуваат преголемо финансиско оптоварување за нив.

Согласно член 23-а, став 3 од Законот за трговија е предвидено дека за добивање на лиценца за продажба на алкохол (која е со важност од 2 години), трговецот е должен да плати надоместок во износ од 20.000 денари на сметка на државниот буџет. За продолжување на лиценцата согласно ставот 8 од овој член, трговецот е должен да плати надоместок во износ од 5.000 денари за секој продажен објект ако има до три продажни објекти и 15.000 денари за секој продажен објект, ако има над три продажни објекти, како и 0,05 отсто од вкупниот промет остварен во претходната година. Износот од 0,05 отсто од вкупниот промет остварен во претходната година се однесува на вкупниот остварен промет што се утврдува со скратен исказ од годишна сметка издаден од Централниот регистар на Република Македонија. Ова значи дека за да може да се добие продолжување на лиценцата за продажба на алкохолни пијалоци потребно е да се плати 0,05 отсто од вкупниот промет кој се остварува на ниво на деловниот субјект, а јасно е дека од продажбата на алкохолни пијалоци се остварува само дел од вкупниот промет, кој во најголем дел се остварува од продажбата на останатиот широк асортиман на производи на деловниот субјект. Треба да се има предвид и фактот дека оваа одредба е дискриминирачка во поглед на тоа што трговците кои имаат до 3 продажни објекти се обврзани за продолжување на лиценцата да платат надоместок во износ од  5.000 денари за секој продажен објект, додека пак трговците кои имаат над 3 продажни објекти за продолжување на лиценцата потребно е да платат 15.000 денари за секој продажен објекти дополнителни 0,05 отсто од вкупниот остварен промет. Оваа одредба наметнува несразмерни обврски во однос на трговците кои имаат над 3 продажни објекти, а кои сакаат да ја продолжат важноста на лиценцата за продажба на алкохол.

Врз основа на истражувања на пазарот и информации од нашите членки, ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалаци во трговската мрежа директно влијае и врз зголемување на „сивата економија“ во оваа област, односно придонесува за  неовластено производство и трговија со алкохолни пијалаци, за кои не се плаќаат акцизи и даноци и кои се широко достапни за целокупното население, вклучувајќи ја и најмладата популација. Наведената состојба доведува до сериозни последици по дејностите кои се помеѓу водечките македонски национални брендови- велат во Стопанската комора на Македонија.

Земјава има мала потрошувачка по глава на жител во Европа од околу 10 литри вино и под 30 литри пиво. Според податоците од Светската здравствена организација, од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци, во Република Македонија најмногу се конзумира  пиво (47,4 отсто од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци), потоа вино (39,9 отсто), а на останатите пијалаци отпаѓа 12,6 отсто од вкупната потрошувачка на алкохолни пијалаци. За споредба, во Бугарија, Словенија и Хрватска потрошувачката на пиво се движи и до 75 литри по глава на жител, додека потрошувачката на вино е околу 25 литри со што далеку се надминува домашниот просек. Дополнително, иако Македонија се декларира како винска земја, согласно статистичките податоци, во земјава се консумира само 9- 10 отсто од вкупното производство на вино.

Колку за илустрација, просечната консумација на пиво во Македонија се движи под 30 литри по жител годишно, додека во Србија таа количина е околу 65 литри, а во Хрватска и Бугарија изнесува над 75 литри. Според овој параметар, ние сме многу далеку од Германија каде годишно се пие по околу 120 литри пиво и Чешка каде се консумират близу 160 литри пиво по жител годишно. Во ниедна од овие земји, ниту во останатите земји- членки на ЕУ, не постојат законски ограничувања за продажбата на алкохолни пијалаци како постојните во Македонија.

Многу од европските држави воопшто не предвидуваат обврска за поседување на посебни лиценци за продажба на алкохолни пијалаци. Исто така, не се предвидуваат било какви ограничувања во однос на работните часови за продажба на алкохолни пијалаци (вклучувајќи ги помеѓу другите Белгија, Франција, Германија, Холдандија, Шпанија, Хрватска, Грција, Чешка, Словачка).

Напротив, ваквите мерки и ограничувања се карактеристични за земји со голема потрошувачка на алкохол по глава на жител (како што се на пример Финска, Обединетото кралство, Шведска - согласно податоците на Светската здравствена организација, во 2015 година потрошувачката на алкохол по глава на жител изнесувала 11,9 литри во Финска; 12 литри во Обединетото Кралство; 8,7 литри во Шведска, при што проекциите за 2020 година за овие земји се дека стапката на потрошувачка на алкохол по глава на жител ќе порасне за околу 0,2- 0,4 литри), но дури и во овие земји, на пример, ограничувања во однос на работните часови за продажба на алкохолни пијалаци се поставени до крајот на работното време на продажните објекти, 22.00 часот.

Бизнизмените од оваа индустрија укажуваат дека наведените мерки се поставени премногу строго, ако се има предвид дека просечната потрошувачка на алкохол по глава на жител во 2015 година во Република Македонија изнесувала 5,7 литри, што е значително помалку од европскиот просек од околу 10 литри по глава на жител. Во изминатите години откако се применува оваа рестриктивна законска регулатива, не се понудени никакви емпириски докази дека таа остварила какво било влијание врз евентуално намалување на алкохолизмот во Република Македонија. Затоа останува фактот дека и без овие мерки на ограничување на продажба на алкохол во трговијата, Македонија има далеку најниска стапка на консумација на алкохол по глава жител во овој дел од светот.

Поради наведеното, предлагаме да биде изменет режимот на продажба на алкохолни пијалаци на начин што ќе биде укината обврската за поседување на лиценца за продажба на алкохолни пијалаци, и ќе биде отстрането ограничувањето во однос на работното време во кое може да се врши продажба на алкохолни пијалаци, а соодветно ќе бидат изменети и одредбите за надзорот и прекршочните санкции во овој закон. Деловните субјекти кои се занимаваат со производство на алкохолни пијалаци (пред се, винската и пивската индустрија), како и деловните субјекти кои вршат продажба на мало и големо на овие производи целосно ја поддржуваат заложбата за забрана за продажба на алкохолни пијалаци на малолетни лица, и инсистираат на доследно спроведување на оваа забрана, за што и самите, преку активности на корпоративна општествена одговорност ќе се вклучат во спроведување на овие мерки- велат во Стопанската комора.

Промовирани огласи »

УЈП од 2019 ќе започне да го применува електронскиот систем за годишна даночна пријава, но граѓаните најпрво ќе мора да се регистрираат по електронски пат со мејл адреса и основни податоци, за потоа да ги користат овие електронски услуги, за што имаа доволно време пред себе.

Оние кои немаат компјутери и мејлови помош ќе добијат од вработените во УЈП или пак ќе ополномоштат друго физичко лице како член на семејството кое во нивно име ќе ги регистрира и ќе има пристап до системот или ќе одберат таа постапка да ја изврши сметководител.

Во текот на 2019 година, УЈП нема да донесува решенија за утврдување на годишен данок на доход, туку врз основа на прифатената годишна даночна пријава, што претходно била пополнета од страна на УЈП, а ја потврдиле даночните обврзници, се создава автоматски обврска  и тие имаат рок од 30 дена да ја платат обврската за даночна пријава. вели Мухамед Абдиќ, раководител во УЈП.

Минатата година дополнителен прход пријавиле речиси половина милион граѓани.

Обврската со која физичките лица сами ги пополнуваат и доставуваат пријавите ќе важи уште годинава до 15 ти март. Од УЈП повторуваат дека оние кои имаат приходи само од плата, пензија, како и самостојно вршење на земјоделска и стопанска дејност НЕ треба да поднесуваат пријави. Но треба да поднесат,  оние кои  на пример - земале  К15 кој се регистрира како дополнителен приход.

Новини има во  роковите и начинот на пријавување на приходите од кирија, капитална добивка, продажба на змејоделски производи како и приходите од странство. Тие сами ќе треба да поднесат електронска пресметка за приходот до 10ти во месецот.

Како и претходната година граѓаните го чекаат последниот рок за поднесување на пријавите. До крајот на јануари биле поднесени само 2 400. Од Управата апелираат оние кои не поднеле да не чекаат за да  ги избегнат шалтерските гужви.

Промовирани огласи »

Ерик Финман има 19 години и веќе има 6 милиони долари на сметка. 

Неговите родители биле разочарани затоа што не тргнал по нивни пат, но тој ветил дека до 18 години ќе се збогати, инаку родителите инсистирале да се запише на факултет. 

На 14 години од баба му добил на подарок 1000 долари, и со тие пари купил биткоини. 

Кога ја купувал криптовалутата таа чинела 12 долари, а денес чини многу повеќе. 

Ако во наредните 10 години не станете милионери, тогаш самите сте криви- вели тој. 

Момчето на сите им порачува да вложуваат. 

Промовирани огласи »

Карго аеродором во Штип нема да се гради, а земјиштето кое пред 10 години беше трансформирано во градежно, сега веројатно повторно ќе биде земјоделско. ТАВ ќе треба да и исплати отштета на државата.

Оштетата веројатно ќе биде околу 45 милиони евра, а што се однесува до земјиштето во постојана координација сме со министерот за транспорт и врски. Намената на тоа земјиште беше друга, истото е експропреирано, но нашата интенција е целокупното земјоделско земјиште да го ставиме во функција – кажа Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Ваквата одлука доаѓа откако мерењата на силината и брзината на ветрот покажале дека локацијата на која требаше да се гради каргото, не е поволна за изградба на аеродром.

Изградбата на карго – аеродромот според најавите од пред неколку години требаше да чини 60 милиони евра. Во меѓувреме, од земјоделците беа одземени најплодните ниви во Овлеполието, а дел од сопствениците за нив добија огромни суми во евра на име експропријација на земјиште.

Сега овие пари ТАВ ќе треба да и ги врати на државата, но прашање е дали во сумата за отштета ќе се пресметаат и штетите кои произлегоа од олгогодишното необаботување на нивите.

Станува збор за околу 500 хектари земјиште меѓу Ерџелија и Мустафино кои од 2009 година стои необработено.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »