Постои јапонска техника стара сто години која може да ви помогне во водење сметка за трошоците и заштеда на пари, а се вика Какибо.
Како што пишува на блогот Moni Ninja, според оваа техника, на почеток на месецот треба да запишете фиксни приходи и трошоци, а разликата ќе ви открие колку точно може да потрошите во претстојниот месец.
Втор чекор е да процените колку тој месец сакате да заштедите-тој износ ставете го на страна и потрудете се да не го чепкате ако не е неопходно.
Во текот на месецот бележете трошоци во четири категории, подредени по важност:
1. Преживување - станарина, сметки, храна, деца ...
2. Неопходни работи - нова облека,ресторани, нов мобилен, или лаптоп
3. Култура - филмови, лизгалиште, книги, новитети, фитнес...
4. Посебни трошоци-роденденски подароци, неочекувани поправки, домаќинство
На крајот на месецот, споредете ја почетната пресметка и потрошен износ - тоа покажува разлика колку сте зашедиле тој месец. Како се наведува, оваа техника може да доведе до заштеда на дури 35 посто.