Промовирани огласи »

Усвоениот предлог за укинување на летното и зимското сметање на времето од страна на мнозинството пратениците во Европскиот Парламент, допрва треба да чека на одлуката на Европската Комисија која треба да ги согледа предностите и последиците од ваквата евентуална промена. Различните размислувања меѓу членките на Унијата кои се за или против оваа можност, може да предизвика сериозни поместувања на единствениот европски пазар, но доколку се одлучи да се примени ваква одлука, логично би се наметнала потребата да се размислува и за покренување на ваква иницијатива кај нас.

Првичното размислување во однос на подршката за укинување на летното и зимското сметање на времето и во Македонија, доколку истото се случи и во ЕУ, гледано од аспект на стопанството, ја темелиме на податокот дека земјите членки на Европската Унија се наши најголеми надворешно – трговски партнери, со учество од 81 отсто од нашиот извоз во ЕУ и за редовно, навремено одржување на бизнис релациите, покорисно би било да не постои временско разидување, односно да ја имаме истата позиција како и досега – велат од Стопанската комора на Македонија.

Летното и зимското сметање на времето како предложен систем пошироко бил применет пред точно еден век, со што во Европа била прифатена конвенцијата зимското сметање на времето да почнува последната недела на октомври и да трае до последната недела од март. Ова правило, прифатено и кај нас со носење на Закон за сметање на времето во 1996 година, во најголема мера се однесувало на потребата за користење на повеќе дневна светлина во текот на денот. Ова генерално им оди во прилог на компаниите од земјоделскиот сектор и други дејности кои се поврзани со потребата од повеќе дневна светлина. Според некои истражувања на овој начин се влијаело на заштеда на електрична енергија со намалување на периодот на вештачко осветлување, некаде и со заштеда во потрошувачката на нафта, секако влијае и на продуктивноста на работната сила, што од економска гледна точка е многу важен параметар.

Доколку дојде до позитивна одлука од страна на ЕК, а истата не се примени и кај нас, во прв налет можни се одредени последици од економски, односно трошковен аспект, прво во областа на транспортот, преку пореметување на утврдените возни редови, усогласување на софтверските решенија кои се применуваат во надворешно трговското работење, итн. Секако, треба да се направи соодветна анализа од повеќе аспекти, во поширок круг на дејности,за да може однапред да се предвиди влијанието од ваквата мерка. Ако таа се покрене и кај нас, Стопанската комора на Македонија ќе направи соодветно анкетно истражување меѓу своето членство за да ги види евентуалните позитивни или негативни укажувања – велат од Комората.

Промовирани огласи »

Постепено зголемување на старосната граница за пензионирање и на придонесите е најдоброто решение за спас на пензискиот фонд, анализира Сител.

Експертите предлагаат три сценарија со кои би се реформирал ПИОМ и би ги намалил загубите. Сите три ги содржат двете непопуларни мерки, разликата е во времетраењето на спроведувањето. Најбезболна опција е ако стапката за придонеси се зголеми сега за 2процентен поен и за уште еден  за 10 години, а границата за пенизионирање да се зголеми за 1 година после 5 години и за уште 1 година после 10 години. Другите две сценарија на краток рок би дале поповлни финансиските ефекти за ПИОМ, но би требало да почнат да се спроведуваат веднаш. Најлошото сценарио е ако државата не се зафати со реформирање на пензискиот систем.

Во овој момент макеоднскиот пензиски систем е на нивото на грчкиот односно во црвена зона, зрел за реформи. Загубите нагло почнаа да растат од 2008 година наваму. Тогаш се намали стапката за перидонеси, дел од нив почнаа да се двојат во вториот столб, но главен виновник за состојбата е несразмерното растење на пензиите.

Ниту една реформа нема да даде резултат ако пензиите растат над рамките што ги поставува законот, и ако државата не се зафати со елиминирање на сивата економија. Експертите ја отфлраат и владината идеја за државна пензија, велат таа да биде социјална категрорија која нема да падне на товар на фондот. Товарот од рефромата предлагаат да го поделат работодавачите и рабониците, а да се води сметка и за лицата кои работат тешка физичка работа.

Промовирани огласи »

Постои јапонска техника стара сто години која може да ви помогне во водење сметка за трошоците и заштеда на пари, а се вика Какибо.

Како што пишува на блогот Moni Ninja, според оваа техника, на почеток на месецот треба да запишете фиксни приходи и трошоци, а разликата ќе ви открие колку точно може да потрошите во претстојниот месец.

Втор чекор е да процените колку тој месец сакате да заштедите-тој износ ставете го на страна и потрудете се да не го чепкате ако не е неопходно.

Во текот на месецот бележете трошоци во четири категории, подредени по важност:

1. Преживување - станарина, сметки, храна, деца ...

2. Неопходни работи - нова облека,ресторани, нов мобилен, или лаптоп

3. Култура - филмови, лизгалиште, книги, новитети, фитнес...

4. Посебни трошоци-роденденски подароци, неочекувани поправки, домаќинство

На крајот на месецот, споредете ја почетната пресметка и потрошен износ - тоа покажува разлика колку сте зашедиле тој месец. Како се наведува, оваа техника може да доведе до заштеда на дури 35 посто.

Промовирани огласи »

Пациентите при избор на матичен лекар нема да се водат на име на избраниот лекар, туку на имe на приватната здравствена установа во која работи докторот. Ова се дел од измените што министерот за здравство Венко Филипче ги најави минатата недела пред состанокот во Лекарската комора- пишува СДК.мк

Сакаме пациентите да ги префрлиме од име на докторот на име на ординацијата, за да се избегнат проблемите кои се јавуваат кога докторите преминуваат од едно место на друго или се пензионираат, кажа Филипче пред состанокот во Лекарската комора за „СДК“.мк

Со оваа промена пациените нма да мораат да се грижат дали е нивниот лекар на смена пред да појдат во амбулант.

Лиценците за работа ќе бидат издавани на ПЗУ во кое работи, а не на лекарот, за да се избегне целосно затварање на ординацијата во случај на пензионирање или смрт на лекарот.

Ги разгледуваме сите барања на матичните лекари, и настојуваме колку што може повеќе од нив да прифатиме. Сѐ уште не можам да кажам кога ќе стартува промената пациентите да се водат на приватната здравствена установа, а не на матичниот лекар, оти се работи на најсоодветно решение. Се разгледува и можноста лиценцата за работа да биде на име на приватната здравствена установа, изјавил Филипче за СДК.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »