Велика Британија и САД имаат намоќни пасоши во светот. Ова го покажува Индексот на пасош кои дава поени за тоа со кој пасош сопственикот може да посети најмногу земји во светот без виза.
Индексот опфаќа вкупно 199 пасоши, од нив 193 се од земјите-членки на Обединетите нации, а шест од нив се територии. Според Индексот, американски и британски државјани можат да посетат вкупно 147 земји во светот без виза. На дното од рангирањето се Сао Томе и Принципе, палестинските територии, Соломоновите Острови, Мјанмар и Јужен Судан.
Носителите на овие пасоши можат да посетат само 28 земји во светот без притоа да вадат виза.
Со македонски пасош во 2018 година може да се патува без виза во вкупно 110 земји, што е за 2 земји повеќе од минатата година. За да ја погледнете целата листа на земји во кои може да се патува без виза, посетете го следниот ЛИНК