Промовирани огласи »

Во САД е уапсен Џо Монтрол познак како Укијо кој е основач на биткоин берзата за размена на вредности Bitfunder која веќе подолго време не функционира и беше затворана поради сомнеж за измама на корисниците без осигурани тргувања.

Монтрол е одведен пред суд по обемна истрага предводена од Департманот за правда на САД, ФБИ како и Комисијата за супервизија и осигурување на тргувањето. Тој ќе се соочи со кривично обвинение за измама на корисниците и неовластено тргување без соодветни дозволи и гаранции и прикажување на лажна состојба..

Исто така и самата Комисија води против него цивилна постапка за нарушување на правилата на тргување на берза со секјуритизација користејќи ги биткоините како мамка за инвеститорите. 

BitFunder беше помошна страна на подоцна формираната WeExchange платформа за криптовалути која беше напдната од хакери кои украдоа 6000 биткоини на корисниците. Кога Монтрол не можел да го реши проблемот со хакерите недостигот на биткоини привремено го покрил со сопствената залиха на криптовалутата, но за тоа прикажал лажни документи пред Комисијата. 

Промовирани огласи »

Саем за мебел годинава нема да има. Манифестацијата нема каде да се одржи. Вакво известување од Скопски саем деновиве добиле компаниите кои се пријавиле за учество на оваа манифестација.

По продажбата на халите и земјиштето на скопскиот саем, организацијата на саемските манифестации станува сѐ понеизвесна. Нов сопственик на локацијата каде се одржуваа саемите е „Балфин груп“. По ланската купопродажба, дел од саемските манифестации се одржаа во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Промовирани огласи »

Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, и кај продажните агенти.

Ембраерите на LOT секој понеделник, среда и петок ќе полетуваат од Аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот за да пристигнат во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13:20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан да полета во 14:25 часот, а да слета во Скопје во 16:30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19:15 часот.

Директорот на корпоративни комуникации и портпарол на LOT, Адриан Кубицки, вели дека Скопје е комплетно нова дестинација во понудата на авиокомпанијата.

Македонија е секоја година сé повеќе популарна кај туристите, воодушевувајќи ги со својата историја, регионалната кујна и културната разновидност. Нашите патници штотуку добија можност да се запознаат со различните туристички вредности на таа неверојатна земја. Сигурен сум дека многумина ќе ја искористат оваа можност уште ова лето, вели Кубицки.

Распоредот на летови е креиран така што патниците кои патуваат од Скопје да имаат пристап до брзи и погодни летови за конекции од аеродромот „Шопен“ во Варшава до дестинации во САД, Канада и Западна Европа.

Од ТАВ Македонија очекуваме оваа авионска линија да се покаже како многу успешна.

Со ова полските туристи ќе имаат можност да ја посетат и да ја откријат Македонија, а во исто време и граѓаните на Македонија и на соседните земји ќе имаат можност да патуваат со директна линија до Варшава и да ја доживеат Полска. Оваа авиолинија, исто така, ќе послужи за двете земји да ги зајакнат бизнис-врските, да се овозможи подобра комуникација со Источна Европа, како и трансатлантски летови до многу дестинации во светот кои се понудени од Варшава, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Промовирани огласи »

Синдикатот на УПОЗ е против какво било зголемување на старосната граница за пензионирање дури и да е тоа крајно решение за да се пополни дупката во Фондот на ПИОМ. Генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Дејановски денеска на прес-конференција рече дека работниците не се виновни за дупката што е направена во Фондот на ПИОМ и не смее на нивни грб да се пополнува таа дупка.

Според него, предлогот на ММФ за усогласување на прагот за пензионирање во Македонија со земјите од ЕУ е неоснован и неможе да се мери квалитетот на живот што го имаат граѓаните во Македонија со оној што го има во ЕУ.

Синдикатот на УПОЗ предлага остварување на правото на старосна пензија со остварен работен стаж и тоа, жена со 35 години работен стаж и маж со 40 години работен стаж без разлика на возраста.

Исто така, предлагаат намалување на старосната граница за пензионирање за пет години односно 57 години за жена и 59 години за маж, под услов работниот стаж да биде 30 години за жена и 35 години за маж. Еден од предлозите на УПОЗ е и да работникот на пет години пред одење во пензија да може да го откупат стажот.

Синдикатот на УПОЗ бара измени и во начинот на пресметување на бенефицираниот стаж, односно да не се пресметува во цели години како што се прави во постојното законско решение, туку да почне да се пресметува и во месеци и во денови.

Според УПОЗ, треба да се направи и сериозна анализа во Правилникот за бенефициран стаж со цел да се утврди кои работници треба да имаат поголем бенефициран стаж, а кој помал.

Мислиме дека овие наши предлози ќе допринесат за вработување на млади и квалификувана работна сила, намалување на невработеноста, и работниците кои ги исполнуваат овие услови заслужено ќе заминат во пензија, рече Дејановски.

Во однос на пополнувањето на дупката во ФОНДОТ на ПИОМ, од УПОЗ предлагаат Владата да го преиспита постоечкиот начин и процент на уплата на придонесите во ПИОМ, односно наместо сегашните 12 проценти од придонесите кои одат во ПИОМ и шесте проценти во приватните фондови, 14 проценти да се одлеваат во ПИОМ, а четири проценти во приватните фондови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »