Промовирани огласи »

Синдикатот на УПОЗ е против какво било зголемување на старосната граница за пензионирање дури и да е тоа крајно решение за да се пополни дупката во Фондот на ПИОМ. Генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Дејановски денеска на прес-конференција рече дека работниците не се виновни за дупката што е направена во Фондот на ПИОМ и не смее на нивни грб да се пополнува таа дупка.

Според него, предлогот на ММФ за усогласување на прагот за пензионирање во Македонија со земјите од ЕУ е неоснован и неможе да се мери квалитетот на живот што го имаат граѓаните во Македонија со оној што го има во ЕУ.

Синдикатот на УПОЗ предлага остварување на правото на старосна пензија со остварен работен стаж и тоа, жена со 35 години работен стаж и маж со 40 години работен стаж без разлика на возраста.

Исто така, предлагаат намалување на старосната граница за пензионирање за пет години односно 57 години за жена и 59 години за маж, под услов работниот стаж да биде 30 години за жена и 35 години за маж. Еден од предлозите на УПОЗ е и да работникот на пет години пред одење во пензија да може да го откупат стажот.

Синдикатот на УПОЗ бара измени и во начинот на пресметување на бенефицираниот стаж, односно да не се пресметува во цели години како што се прави во постојното законско решение, туку да почне да се пресметува и во месеци и во денови.

Според УПОЗ, треба да се направи и сериозна анализа во Правилникот за бенефициран стаж со цел да се утврди кои работници треба да имаат поголем бенефициран стаж, а кој помал.

Мислиме дека овие наши предлози ќе допринесат за вработување на млади и квалификувана работна сила, намалување на невработеноста, и работниците кои ги исполнуваат овие услови заслужено ќе заминат во пензија, рече Дејановски.

Во однос на пополнувањето на дупката во ФОНДОТ на ПИОМ, од УПОЗ предлагаат Владата да го преиспита постоечкиот начин и процент на уплата на придонесите во ПИОМ, односно наместо сегашните 12 проценти од придонесите кои одат во ПИОМ и шесте проценти во приватните фондови, 14 проценти да се одлеваат во ПИОМ, а четири проценти во приватните фондови.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи пред неколку дена соопшти дека постапката за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија е во завршна фаза.

Признавањето на македонските возачки дозволи во Германија ќе значи дека сите лица кои имаат или ќе регулираат престој во Германија ќе може да ја заменат македонската возачка дозвола со германска, а не како до сега таа да важи само шест месеци за потоа да се вади нова германска возачка дозвола.

Во кои земји важат македонските биометриски документи?

Македонските биометриски документи како што се личните карти и возачки дозволи се признати и важат во повеќе земји од регионот и светот.

Со македонските лични карти ќе може слободно да патувате во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, додека пак во завршна фаза е нивното признавање и во БиХ.

Од друга страна пак, македонските возачки дозволи покрај во Германија, важат и се меѓународно признати во Шпанија, Албанија, Италија и Словенија.

Промовирани огласи »

МВР соопшти дека се влезени во сила измените во Законот за безбедност во сообраќај, со кои деца, како што стои во законот, со наполнети 17, а не како досега 16 години, ќе се стекнат со право да управуваат моторно возило. Се зголемува старосната граница после која се задолжителни лекарски прегледи на секои три години за продолжување на возачката дозвола.

,,Согласно Законот за изменување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Службен весник на РМ број 11 од 18.01.2018 година, во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (СЛ.Весник на РМ бр 169/15, 226/15 и 55/16) направени се измени и тоа:

  • Возачката дозвола се издава со рок на важење од десет години, а на лицата постари од 70 години, со рок на важење до три години.Според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст. Исто така возачката  дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст. Според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст.
  • На контролен здравствен преглед задолжително подлежи возач кој наполнил 70 години возраст, во временски интервали кои не можат да бидат подолги од три години ,според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст.
  • Дете може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од ,,Б“ категорија доколку има наполнето 17 години возраст наместо 16 години според стариот закон.
  • Со трактор може да управува лице кое треба да има наполнето  17 години.“-се вели во соопштението.

Промовирани огласи »

Лани во Словенија и во приватниот и во јавниот сектор платите пораснале. 

Според последните податоци, највисоки плати имаат Словенците и Хрватите, а најмали Босанците и Македонците. 

Во просек по 1.062 евра заработуваат Словенците, а 835 евра земаат Хрватите во просек. 

Зад нив е Црна Гора со просек од 512 евра. 

Во БиХ просечната плата е 440 евра, додека во ноември во Македонија платата изнесуваше 377 евра. 

Со години наназад ситуацијата е иста. Македонија е на дното, а Словенија е на врвот и другите земји каскаат зад неа. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »