Промовирани огласи »

МВР соопшти дека се влезени во сила измените во Законот за безбедност во сообраќај, со кои деца, како што стои во законот, со наполнети 17, а не како досега 16 години, ќе се стекнат со право да управуваат моторно возило. Се зголемува старосната граница после која се задолжителни лекарски прегледи на секои три години за продолжување на возачката дозвола.

,,Согласно Законот за изменување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Службен весник на РМ број 11 од 18.01.2018 година, во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (СЛ.Весник на РМ бр 169/15, 226/15 и 55/16) направени се измени и тоа:

  • Возачката дозвола се издава со рок на важење од десет години, а на лицата постари од 70 години, со рок на важење до три години.Според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст. Исто така возачката  дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст. Според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст.
  • На контролен здравствен преглед задолжително подлежи возач кој наполнил 70 години возраст, во временски интервали кои не можат да бидат подолги од три години ,според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст.
  • Дете може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од ,,Б“ категорија доколку има наполнето 17 години возраст наместо 16 години според стариот закон.
  • Со трактор може да управува лице кое треба да има наполнето  17 години.“-се вели во соопштението.

Промовирани огласи »

Лани во Словенија и во приватниот и во јавниот сектор платите пораснале. 

Според последните податоци, највисоки плати имаат Словенците и Хрватите, а најмали Босанците и Македонците. 

Во просек по 1.062 евра заработуваат Словенците, а 835 евра земаат Хрватите во просек. 

Зад нив е Црна Гора со просек од 512 евра. 

Во БиХ просечната плата е 440 евра, додека во ноември во Македонија платата изнесуваше 377 евра. 

Со години наназад ситуацијата е иста. Македонија е на дното, а Словенија е на врвот и другите земји каскаат зад неа. 

Промовирани огласи »

Во текот на следните 25 години луѓето нема да извршуваат 40 отсто од професиите кои постојат денес, и затоа е важно уште сега да се размислува околу образованието за идните занимања, порачува Јург Штукер од софтверската агенција „Намикс“.

Многу професии кои ќе ги извршуваме во иднина, не постојат денес. Но, и покрај тоа, дури 78,6 отсто од светската популација, помлада од 30 години, смета дека технологијата не уништува, туку креира можности за вработување, истакна Штукер на предавањето за српските студенти „Роботиката и машинското учење ги менуваат професиите на иднината“, се наведува во соопштението на „Намикс“.

Според него, „истражувањата кои се спроведени по примерот на Швајцарија, а кои лесно можат да се применат и на другите пазари, покажуваат дека 56,3 отсто од луѓето на возраст од 25 до 39 години, ја смениле својата работа најмалку во последните три години, по што може да се заклучи дека традиционалната потреба за постојано вработување на едно работно место е заменета со константно учење“.

Тој наведува дека во иднина луѓето почесто ќе извршуваат повеќе работи одеднаш, што ќе влијае на развој на т.н. „гиг економија“, што подразбира дека луѓето се повеќе ќе заработуваат како фриленсери, но и тргувајќи преку платформи, како што се „Купувам-продавам“, „Uber“, „AirBnb“ или „etsy“.

За да се снајде во такво работно опкружување, човекот мора дополнително да ги развие оние способности кои го прават различен од машините. Тука станува збор на човечките можности да разликува лажни од вистинити информации, што се нарекува филтрирање на информации и систематско размислување, објаснува Штукер.

Тој смета дека моментната технолошка револуција не треба да стане борба меѓу луѓето и компјутерските алгоритми, туку можност човекот да го спознае својот целосен потенцијал.

Промовирани огласи »

Во насока на постојано унапредување и подигнување на безбедноста во сообраќајот, СВР Охрид, констатира зачестена појава на управување на моторни возила кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнување на стаклата. Според законот возилото може да има затемнети стакла само со А-тестирани фолии.

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии. Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од 30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Со цел почитување на законските одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата посебно на членот 360 од овој закон, СВР Охрид започна со реализација на акциски контроли со цел елиминирање на ваквите состојби кои можат сериозно да ја загрозат безбедноста во сообраќајот. Со оглед дека на стаклата на возилата несмеат да се поставуваат огледални фолии, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност во сообраќајот, ќе постави подвижни мото-патролни служби составени од полициски службеници и стручно лице од станиците за технички преглед опремен со техничкото средество тинт-метар за мерење на пропустливоста на светлина, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

При констатирани прекршувања на одредбите од членот 360 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе биде изречен прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »