Промовирани огласи »

KARIERA.mk сајт за огласување, кој постои на македонскиот пазар веќе година и половина, направи револуција и ги сруши сите досегашни стандарди во однос на успешно остварени и реализирани огласи за вработување. Доказ за тоа денес е и бројката од 1.500 регистрирани фирми за 15 месеци (минимум 100 фирми месечно), кои без проблем ги огласуваат работните позиции кои им се потребни и го наоѓаат потребниот кадар со соодветните квалификации.

Наша чест и задоволство се огромниот број на успешно остварени конекции и врски меѓу фирмите и кадрите кои бараат работа.

За 15 месеци, помогнавме во пополнување на 7.362 работни места, преку рекламирање на нашите огласи кон повеќе од 100.000 корисници. Нашиот сајт дневно го посетуваат над 30.000 пати, со 13.000 следбеници на LinkedIn и над 120.000 фанаови на Facebook.

Сето ова не прави горди и несомнено ја искачуваат KARIERA.mk како најмодерна алатка со импресивни бројки во секој поглед.

Придружетени се! Станете и Вие дел од од една успешна приказна.

Промовирани огласи »

Има  многу неправилности при изборот на туристички агенции за организирање училишни екскурзии, а инспекциските служби реагираат многу споро, дури и по еден месец од евентуалното пријавување, реагира Стопанската комора за туризам на Македонија.

Според Комората, проблематиката е многу чувствителна зашто се работи за околу 40 илјади ученици, а организирањето на екскурзиите е сведено само на пет до шест од вкупно 400 агенции. 

Како што беше речено на прес-конференција, Комората за туризам го алармирала Министерството за образование и наука и побарала директна средба со Рената Дескоска уште во јули годинава, но одговор од кабинетот сеуште нема. 

Посебно имаме забелешка на програмите за екскурзиите кои се почесто ги прават училиштата во договор со родителите без притоа да бидат консултирани туристичките агенции, поради што и екскурзиите неретко се реално неизводливи, истакна претседателот на Комората, Хасан  Шакири. 

Стопанската комора за туризам бара и измена на постојниот правилник донесен во 2014 година кој оневозможува туристичките агенции отворени по 2014 да организираат екскурзии зашто, согласно одредбите, за да организира училишна екскурзија агенцијата треба да има реализирано најмалку три екскурзии. 

Комората бара и поголема транспарентност, односно увид во документите на избраните агенции за организирање училишни екскурзии за да може да поднесат жалба ако се утврди дека тие не поседуваат А лиценца.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Во случај да направите сообраќаен прекршок, овластеното лице – сообраќаен полицаец треба да направи записник, а на истиот се поптишува и сторителот. 

Потоа, службеното лице на сторителот му врачува покана за плаќање на глоба во рок од 8 дена од врачувањето на поканата. 

Ако сторителот доброволно не ја плати глобата, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постпака до надлежен суд. Доколку сторителот на делото го признае делото што му се става на товар или ако овластеното лице овластеното лице прекршокот го утврди лично со употреба на соодветни средства, службеното лице веднаш ќе издаде платен налог. 

Со самиот потпис на прием на платниот налог сторителот се согласува да ја плати глобата во претходно предвиден рок. Доколку сторителот кој ќе ја плати глобата во тој рок, ќе плати само половина од изречената глоба и нема да плати трошоци за постапката.

Ако сторителот на прекршокот не ја плати  глобата во дадениот рок, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »