Промовирани огласи »

Јапонската влада ќе додели неповратни грантови во вредност од 428.066 илјади евра за пет здравствени и четири образовни институции од Македонија.

Како што инфомираат од Амбасадата на Јапонија договорите кои оваа година се во рамки на „Грант програмата за мали проекти“ ќе ги потпишат добитниците на грантовите и првиот резидентен амбасадор во Македонија, Кеико Ханеда.

На церемонијата свое обраќање предвидено е да имаат вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерката за образование Рената Дескоска.

Промовирани огласи »

Четириесет проценти од жените доживеале некоја форма на сексуално вознемирување на работното место, а 31 процент секојдневно добиваат навреди за својата работа од претпоставените, покажуваат светските статистики.

Според Секцијата на жени при Конфедерацијата на слободни синдикати, голем е бројот на случаи на мобинг врз жените на работното место, но мал е бројот на оние кои се охрабруваат да го пријават тоа бидејќи се плашат да не го загубат работното место.

Во Македонија се смета дека рамноправноста е постигната меѓутоа тоа е само на хартија, а реалноста кажува нешто друго. Жените се 12,5 проценти помалку платени од мажите во сферата на трудот, изјави Санела Доневска од Секцијата на жени при КСС.

Нивни претставнички денеска со делење пропаганден материјал во центарот на градот се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на жената.

Секцијата на жени при КСС ја поддржува и Конвенцијата против родово базирано насилство чија ратификација би допринела за унапредување на правата на жените.

Промовирани огласи »

Новиот Клинички центар најверојатно ќе се гради на нова локација во близина на Злокуќани, дознава НОВА од високи владини извори. Одлуката би требало да биде соопштена во текот на денешниот ден од страна на министерот за здравство Венко Филипче. На ваквата одлука веројатно влијаела и презенатацијата на Асоцијацијата на архитектите пред премиерот Заев и министерот Филипче, но и пошироката јавност.

Загрижува фактот што улицата Водњанска ќе биде комплетно блокирана, ако се гради на местото каде што беше планирано досега. Камионите и маханизацијата ќе го блокираат и влезот во клиничкиот блок. Тоа ќе биде голем проблем, велат владини извори за НОВА.

Нашите извори велат дека се свесни за тоа дека како држава ќе мораме да платиме оштета од 5, 5 милиони евра на Банката на советот на Европа и дека ќе пропаднат и 1,3 милиони евра за проектот кој го направи италијанската преоктанска куќа АРЕН СРЛ.

Но превагнало тоа што на овој простор, на север од Злокуќани ќе може да се изгради голем капитален објект до кој ќе може брзо да се стигне од сите страни, кој ќе биде добро инфраструктурно поврзан со пристап со западниот и источниот дел на Македонија, но и лесен и брз пристап за граѓаните на Скопје. Иако можеби ќе се изгуби уште една година на подготовки, ова решение е долгорочно и ќе им служи на граѓаните во наредните 50 години, велат нашите извори.

Извор: Нова тв

Промовирани огласи »

Жените во Европската Унија во 2016 година, во просек, биле за 16,2 отсто послабо платени од мажите, што значи дека во просек заработиле 84 евроценти од секое евро кое го заработил маж, објави Евростат.

Меѓу земјите-членки во 2016 година, разликите во платите се движеле во опсег од само пет отсто во Романија и Италија, до над 25 проценти во Естонија, следена од Чешка и Германија, со разлика во плати од речиси 22 проценти, покажува извештајот на Евростат, објавен по повод Меѓународниот ден на жената.

Од 2011 до 2016 година, во цела ЕУ, во просек разликите во платите се малку намалени и тоа за 0,6 процентни поени, покажува извештајот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »