Промовирани огласи »

Добрата тимска работа е важна компонента за успехот на целата компанија, но и за професионалниот развој на секој поединечен вработен. Многу луѓе мислат дека ќе се истакнат, ако зафркнат колеги, но тоа воопшто не е така - наскоро ќе остават лош впечаток за себе.

Во канцеларијата мора да се однесувате коректно кон сите, ако сакате да ве ценат (и да ве имаат предвид при можности за зголемување на платата), пишува Форбс. Затоа според весникот никогаш не треба да ги правите следниве неколегиални и непријатни работи:

1. Вие ветувате дека ќе направите нешто важно, а потоа не го правите тоа без изговор или со изговор.

2. Откривате тајни од тимот на човек од надвор (клиент, конкурент, итн.).

3. Ги лажете колегите или ги терате да лажат поради вас.

4. Обвинувате лице од тимот за ваша грешка.

5. Си препишувате идеја на човек од тимот како ваша.

6. Не му помагате на тимот, иако има потреба од вас.

7. Зборувате зад вашите колеги и ги ширите озборувањата.

8. Вие сте непријателски настроени кон сите.

9. Вие ги прескокнувате важните задачи и секогаш се потпирате на другите да ги земат.

10. Го пренасочувате своето внимание од вашите сопствени грешки и неуспеси, постојано нагласувајќи ги оние на другите.

Промовирани огласи »

Македонија и Германија постигнале договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи, објави Дојче Веле.

Отстранети се последните пречки, и со тоа, Македонските државјани кои живеат или работат во Германија ќе можат да ги заменат своите матични возачки дозволи за Германски.

Тоа е особено важно како за Македонските државјани кои имаат постојано живеалиште во Германија, но и за оние кои често патуваат во земјата, бидејќи досега правото да управуваат со моторно возило во Германија го имаа само во првите шест месеци од престојот. Потоа, мораа да полагаат одново возачки испит.

Државите од Балканот кои не се членки на ЕУ потпишуваат билатерални договори со Германија за регулирање на ова прашање. Србија и Босна и Херцеговина веќе извесно време имаат такви договори, но Македонија немаше.

Промовирани огласи »

Летно сметање на времето почнува на 25 март, кога часновниците треба да се поместат за еден час понапред.

Летното сметање на времето за 2018 година почнува на 25. март во два часот кога со поместување на стрелките нанапред времето во 2 часот се смета за 3 часот.

Секој последен викенд во март се помесува еден час и се преминува во летно сметање на времето, за потоа во последниот викенд во октомври се враќање на зимско сметање.

Промовирани огласи »

Со 41 глас „за“ пратениците вчера ги изгласаа измените на Законот за заштита од пушењето. „Против“ гласаа 14 пратеници, а еден пратеник беше воздржан. На седницата не присуствуваа пратениците од опозицијата.

Еден од поднесувачите на предлог-законот, Томислав Тунтев, кој е координатор на пратеничката група на СДСМ, рече дека законските измени се однесуваат на терасите, а не на затворениот дел од угостителските објекти и според него рестриктивните мерки во изминатите осум години, колку што Законот е на сила, не дале резултати и бројот на пушачи не се намалил. Тој рече дека измените на Законот одат во прилог на угостителството.

Со измените на Законот во сила останува забраната за пушење во затворени објекти, а дозволено ќе биде угостителите да дозволат пушење на терасите и бавчите и во текот на зимскиот период, односно се укинува одредбата од Законот дека е дозволено пушење во  надворешниот дел од објектот кој мора да биде покриен одозгора и отворен од три страни.

Според предлагачите на измените, актуелните законски решенија ја влошиле економската состојба во Република Македонија со тоа што поради драстично намалената посетеност на кафеаните, кафетериите, ноќните барови, кафе-баровите, кабареата, дискоклубовите, пивниците и коцкарниците, сопствениците биле принудени да отпуштат дел од постојано вработениот персонал, со што се зголемил и бројот на невработени, што е во спротивност со владините кампањи за отворање нови работни места. Угостителскиот сектор доживеал драстичен пад на прометот (околу 75%), особено за време на периодите кога временските прилики не се поволни за работа (зима, доцна есен и рана пролет), период во кој угостителите  се дополнително оптоварени со зголемени режиски трошоци (струја, греење и сл.).

Угостителите се принудени нивните гости  кои сакаат да запалат цигара, или да ги одвратат од намерата да бидат нивни гости или, пак, да ги упатат гостите надвор од деловниот објект, вклучително и надвор од терасите и летните бавчи, што е мошне неприкладно, недолично и непродуктивно. Контрадикторноста на Законот ја гледаме во тоа што истото дејствие, т.е. запалена цигара надвор од деловниот објект (на тераса, летна бавча и слично), ако се временските услови погодни и преградите подигнати или отстранети, не подлежи на санкција, додека во спротивно подлежи на санкција, која патем е огромна. Тоа угостителите ги става во директна зависност од метеоролошките услови, што е прилично неблагодарна ситуација, пишува во предлог-законот кој вчера беше усвоен.

Измените ќе стапат во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »