Промовирани огласи »

Зголемувањето на данокот ќе ги избрка квалификуваните работници од земјава. Најавената даночна реформа која ќе значи персоналец од 18% за приход на 1000 евра силно ќе удри на ИКТ индустријата.

Во моментов во овој сектор работат околу 6000 високо квалификувани работници и компаниите се соочуваат со сериозен недостиг ка кадар. Зголемувањето на данокот ќе доведе до одлив и на тие работници кои ги имаат.

Даночната реформа ги извади на виделина и несогласувањата во Владата. За разлика од министерот за финансии кој смета дека лицат со приход од 1000 евра се богати и треба да плаќаат повеќе, вицепремеиеот Ангушев смета дека прагот за поголемо даночење треба да биде повисок. Бизнис секторот овој пат е на страната на вицепрмеиерот.

Стопанствениците велат дека зголемените даноци ќе продуцираат сива економија и ќе значат враќање назад на земјава.

Од наредниот месец ќе почне вистинската дебата за даночната реформа. Таа ќе почне да важи од следната година.

Промовирани огласи »

Детално распределување на рамковните вработувања. Со оваа мерка најверојатно ќе се спречи она што досега се случуваше, голем дел од нив воопшто не се појавуваа на работа, а земаа плата. Покрај МВР и здравството, тие ќе добијат шанса да работат и во библиотеки, судови итн.

Најголем број од 958 административни службеници вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор добиле прекоманда во болниците и во Министерството за внатрешни работи (МВР). Во универзитетски клиники, здравствени домови, општи болници низ повеќе градови во земјава распоредени се точно 100 лица.

Исто така, добар дел од вработените според Рамковен се распоредени во МВР, вкупно 50. Од Управата за јавни приходи, пак, работни договори ќе им бидат понудени на 39, а од Царинската управа на 30 лица. Во јавните обвинителства и во Управата за водење на матични книги, пак, прекоманда добиле по 26 лица. Во Министерството за надворешни работи се распоредени 19, во Министерството за образование и наука 17, во Агенцијата за катастар на недвижности 18, Министерството за финансии 16, исто како и во Фондот за здравствено осигурување и во Бирото за образование и развој. Во Македонски пошти 15. Бројот на распоредени лица во останатите институции од јавниот сектор е под 15, а во голем дел од нив се распоредени и по само едно или две лица.

На денешниот брифинг со новинарите, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски рече дека со измените и амандманите на законите во изминатиот период, се создале услови овие вработени да можат да се распределат не само во административната служба, како што беше случајот до сега, туку и во институциите од јавниот сектор.

Како што веќе објавивме, ова им е претпоследна шанса пред да добијат отказ. Во случај да го одбијат понуденото работно место тие ќе бидат префрлени на трансфер листата во Министерството за информатичко општество и администрација. На таа трансфер листа ќе им бидат на располагање на сите државни институции кои ќе можат да ги ангажираат. Во моментот кога ќе бидат побарани за преземање, имаат обврска да ја прифатат понудата. Ако го одбијат и тоа, тогаш Владата ќе им се заблагодари на досегашните „услуги“. Надлежните најавија дека распределбата на 958-те вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор е прва фаза, а втората ќе ги опфати останатите од вкупно 1.600 лица.

Промовирани огласи »

Биткоинот синоќа падна под 7500 долари, а вредноста на сите криптовалути се намали на  280 милијарди долари. 

550 милијарди долари овој пазар вредеше при крајот на минатата година. 

Ова создаде паника дека криптомеурот ќе пукне. 

За две третини падна вредноста на биткоинот кој во декември се искачи на 19.000 долари. 

Се смета дека криптовалутите се  на „смртниот праг“, а тоа е појава кога 50 дена по ред цената паѓа. 

Според аналитичарите падот е поради владините регулативи ширум светот. 

Пад има и кај етериумот кој вчера се тргуваше за 400 долари.

Промовирани огласи »

Согласно законското усогласување на пензијата што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот, пензиите за март што пензионерите ќе ги добијат во април ќе бидат покачени за 1,69 проценти.

Ова усогласување се врши согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Според оваа одредба, како што пренесува МИА, усогласувањето на пензијата се врши согласно движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот  на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50 проценти.

Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Македонија во претходното полугодие, во однос на полугодието кое му претходи.

Минатата година пензиите се усогласиле согласно законската одредба одредба два пати годишно и вкупното усогласување изнесуваше 1,58%.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »