Промовирани огласи »

Малопродажната цена на бензините од ноќеска но полноќ се зголемува за половина, а на дизелот и екстра лесното за еден денар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68 денари, на Еуросупер БС-98 ќе биде 69,50 денари, Еуродизелот ќе се продава по 60 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство по 48,50 денари.

Согласно одлуката се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 28,72 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 68,9 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 50.003 денари.

Промовирани огласи »

Градоначалникот Петре Шилегов одлучи да ја доградува Градската куќа под Кале. Неодамна со изведувачот „Бетон“ се договорил за дозавршување на објектот да се платат 3 милиони евра, наместо првично утврдените 5 милиони, пишува Независен весник.

Успеавме да постигнеме договор и да ја намалиме цената. Сега, оваа сума е далеку поприфатлива. На администрацијата реално ѝ се потребни нови простории, децениските бараки речиси немаат основни услови за работа. Очекувам дека до крајот на годинава ќе се преселиме во новата зграда, брифираше Шилегов. Тој од неговиот претходник ја наследи новата административна зграда изградена речиси до половина. Направена е само фасадата, а внатрешниот дел речиси не е чепнат. „Бетон“ дал гаранции дека целиот објект ќе го заврши до септември.

 Градоначалникот не знаеше да каже што е планирано да се гради на местото на градските бараки. Впрочем, како што истакна, ДУП за тој реон е во мораториум, а постои веројатност потоа да претрпи одредени измени и дополнувања.

 Градската куќа покрај Вардар се наоѓа веднаш до новата зграда на јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Почна да се гради во 2011 година и тогашниот градоначалник Коце Трајановски најави дека зградата ќе биде готова кон средината на 2015 година. Меѓутоа, терминот не беше испочитуван. Трајановски пред речиси една и пол година ја запре изградбата бидејќи немаше пари за таа намена.

 Досегашните објавени договори за изградба укажуваат дека Градската куќа чини 18 милиони евра. Првичниот договор што се склучи со „Бетон“ беше вреден 15 милиони евра, а потоа имаше и еден анекс-договор од 3 милиони евра наменети за изградба на енергетски ефикасна фасада.

 Новото седиште на градската администрација се гради на парцела со површина од 1.274 квадратни метри. Ќе има 6 ката, три подземни нивоа наменети за паркинг. Објектот се гради по идејно решение на Иван Кокалановски и Борче Стојковски. Во неа ќе биде сместена градската администрација, градоначалникот на Скопје, како и даночните одделенија и архивата на Град Скопје.

Промовирани огласи »

Овој викенд започна новиот систем на паркирање во А0 зоната на средно Водно при што еден час возачите ќе ги чини 100 денари, а секој нареден по 50 денари. За граѓаните кои не доаѓаат со сопствено возило и натаму е понуден бесплатен автобуски презов со специјализирани линии на ЈСП кои проаѓаат и низ централното градско подрачје, пренесува Фактор.

Голем број граѓани го искористија убавото време и бесплатниот автобуски превоз и го посетија Водно. Граѓаните што решија со возила да го посетат Водно прописно паркираа и ја почитуваа ново воведната зона А0 за пакрирање. Од страна на сообраќајна полиција за непрописно паркирање беа казнети вкупно 4 физички лица. Град Скопје деновиве го уреди паркингот на Водно и постави заштитни банкини и столпчиња за да се оневозможи паркирање на самиот пат посочија од град Скопје.

Исто така граѓаните кои одат на Водно автомобилите може бесплатно да ги паркираат во две катни гаражи на град Скопје. 

Промовирани огласи »

Да, во одреден случај, плинската инсталација може да биде опасна за одредени делови од моторот, а најчесто страдаат вентилите…

„На плин“ најдобро функционираат моторите кои се фабрички приспособени за овој вид на гориво. Како за пример, Opel Astra 1.4T, има мотор кој е фабрички прилагоден за плинска инсталација, со тоа што се појачани самите вентили како и нивните „седишта“. Ова е потребно бидејќи напојувањето со плин воопшто нема функција за ладење на вентилите, со што обичните вентили и нивните „седишта“ се осетливи на оштетувања.

Имено, процесот кога бензинот преминува од течна во гасовита агрегатна состојба има голема потреба од кислород на висока температура од околината, односно ја лади истата. При напојувањето со плин, кој е во гасовита агрегатна состојба, во околината на вентилите остануваат големи количества неискористен кислород со висока температура.

Кога на моторот веќе му е „наложено“ да работи со вишок топол кислород, неизбежно е вградување на квалитетна инсталација со подесувачки параметри во зависност од самиот агрегат и поставеноста на вентилите, која ќе вбризгува моторно масло на вентилите за додатно ладење. Исто така, потребно е на секои 20.000 километри да се подесува растојанието на вентилите.

Пред да вградите плински уред во вашето возило, сериозно размислете за горенаведеното, за трошоците за поправки да не се изедначат со заштедата на бензинската пумпа. Ризиците се најмали ако купите квалитетна опрема со соодветен систем за ладење на вентилите со моторно масло.

Наш совет е да не ризикувате со ефтина или несоодветна опрема, бидејќи ако дојде до менување вентили – возењето на плин скапо ќе ве чини.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »