Промовирани огласи »

Денот на самците во Кина се слави на 11 ноември, кога има големи распродажби за самците да можат да се даруваат самите себе си.

Познатата веб-продавница Alibaba се сети да го искористи овој датум, кој така од 2009 година стана синоним за купување на интернет, во целиот свет, бидејќи секаде сакаат да ги искористат големите кинески распродажби.

Според очекувањата, и годинава, Alibaba na Денот на самците имаше рекордна продажба – само во првите седум минути од денот заработи 1,4 милијарди долари, а вкупниот приход бил 17,7 милијарди долари.

Со ваквата заработка Alibaba го собори светскиот рекорд.

Лани на истиот ден компанијата на Џек Ма заработи 14,3 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Тешко дека постои работа која се себе не носи одредена количина на стрес, со оглед на одговроноста. Сепак, додека поголемиот дел од луѓето мака мачат со секојдневниот стрес ко го имаат на работа и крајните рокови им создаваат уште поголеми проблеми, има и такви кои на работа одат со насмеано лице.

Ова се некои од најмалку стресните професии:

1.Аудиолог
Аудиолог е субспецијалист оториноларинголог кој се бави со аудиологија. Аудиолог поставува дијагноза и решава здравствени проблеми врзано со слухот.

2.Фризер
Освен ако не се најде некој незадоволен или клиент кој многу пребарува, работата на фризерот не би требало да предизвикува премногу стрес.

3.Златар
Произведува и поправа прстени, алки, огрлици и останат накит изграден од благодарен материјал. Ова е многу мирна професија.

4.Професор на факултет
Покрај тоа што ги учи студентите во различни академски и стручни предмети, работи и на истражување и објавување на научни трудови и книги.

5.Кројач
Оваа работа вклучува шиење и разни други ситни и крупни поправки на облека како и во многу слични професии не би требало да предизвикува премогу стрес.

6.Медицински техничар за податоци
Ја одржува медицинската докуменатција за прримена на докторите, наплатува трошоци и статистички истражувања-

7.Библиотекар
Води евиденција за позајмени книги, помага на читателите во пронаоѓање на бараната книга и слично.

8.Мултимедиски уметник
Креира анимации и визуелни ефекти за ТВ емисии, филмови, видео игри и други медии.

 

Промовирани огласи »

На 16 и 17 ноември во „Хотел Marriott“ во Скопје ќе се одржи Microsoft Визија: Reloaded, најголемиот и најзначајниот настан годинава ИТ заедницата и бизнис-секторот.

Конференцијата во организација на Microsoft Македонија на едно место ќе собере повеќе од 300 бизнис-лидери, одлучувачи, ИТ-професионалци и партнери од земјава и пошироко. Сите тие ќе бидат дел од новата, освежена и надополнета Microsoft Визија конференција, која веќе со години е најважниот настан во ИТ-индустријата, а од годинава и најголемиот настан кој ја поврзува ИТ со бизнис-секторот, со образовниот и со јавниот сектор.

Конференцијата во 12:00 часот ќе ја отвори Michael Kögeler, генерален директор за Multicountry регионот во Microsoft, кој опфаќа 15 земји во Централна и во Источна Европа. Меѓу главните говорници на конференцијата ќе бидат и Петар Иванов, генерален директор на Microsoft за Македонија, Бугарија и Косово, како и Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово, а пред присутните на отворањето ќе се обрати и Амбасадор на САД во Република Македонија, Џес Бејли.

На самата конференција, помеѓу сите активности, Microsoft Македонија во соработка со Цертиадриа ќе обезбеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација да можат на самото место да го полагаат испитот Microsoft Office Specialist.

Регистрацијата за учество на конференцијата се врши уште денеска преку официјалната веб-страница: www.vizijareloaded.mk.

Промовирани огласи »

Дали некогаш сте се запрашале како можете да резервирате маса за одреден настан во некој локал? Или пак сте се нашле во непријатна ситуација додека сте го барале менаџерот на локалот на телефон?

Од сега, сето тоа е минато. Резервирај.мк е новиот виртуелен менаџер кој што ќе Ви помогне брзо и лесно да резервирате маса на одреден настан во одреден локал. Тоа можете да го направите преку избирање на посакуваната маса од визуелна мапа на локалот, каде што бирате каде сакате да седите, или пак со пополнување на едноставен формулар. Веднаш потоа потврдата за вашата сигурна резервација ќе Ви пристигне на емаил адреса.

Зад Резервирај.мк стои тимот на младиот македонски стартап SolutionsBit, кој постои нешто повеќе од 5 месеци. Тимот претходно неформално постоеше како Dream Killers и победија на технолошкиот маратон Codefest 2016. Ко-основачите на SolutionsBit, Христиан Илиоски, Никола Кусибојовски, Васко Теохаров и Симеон Здравески велат дека се одлучиле за вакво решение, затоа што заклучиле дека постои проблем во организирањето на настаните во сите локали низ Македонија, а и пошироко низ Балканот.

Целта е да им се помогне не само на корисниците кои ќе можат да проверат дали има слободно место и да си резервираат, туку и на локалите. Работата на локалите ќе биде поедноставна. Отсега ќе имаат веб платформа, преку која ќе можат да ги организираат настаните, да водат евиденција за резервациите, кои промоции ги нудат, колку гости присуствувале и се останато што на еден менаџер или сопственик на локал би можело да му биде од корист и би му ја олеснило работата“, изјавија од тимот. Она што е најважно е дека нема да има ѕвонење по телефони и да паметат кој гостин каде да го сместат, или да водат одредени статистики на хартија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »