Промовирани огласи »

Од 2001 година, вкупно 71.524 државјани на Република Македонија добиле бугарско државјанство.

Отсега многу полесно до бугарски пасош – се менуваат правилата, илјадници македонци веќе добиле документи – пишува порталот Sky.com.mk

Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој започна во јануари минатата година, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство.

Од Бугарија доаѓаат и информации дека земјата ќе го олесни режимот за стекнување на бугарско државјанство.

Во најскоро време ќе се олесни целата процедура за добивање на бугарски пасош.

Промовирани огласи »

Автопатот Демир Капија - Смоквица во понеделник ќе биде официјално пуштен во употреба.

На отворањето како што е најавено ќе присуствуваат евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кои ќе имаат и свои обраќања на настанот.

За време на настанот ќе биде промовирана и кампањата за ЕУ- инвестициите во инфраструктурата во земјава.

Овој дел од автопатот, според планот, требаше да биде завршен до 1 ноември 2017 година.

Инвестицијата во автопатот изнесува 218 милиони евра. Изградбата почна во септември 2012 година од страна на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа делница се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.

Промовирани огласи »

Претседателот на Европскиот Парламент, Антониот Тајани, му испрати официјално писмо на Марк Закерберг повикувајќи го да сведочи за скандалот со Кембриџ Аналитика.

Тоа е втор јавен повик до сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук да дојде во Брисел да сведочи пред европратениците. Тајани првпат му испрати писмо на Закерберг  на 20-ти март, но тој предложи да го испрати својот заменик-претседател за надворешни работи, Џоел Каплан.

Сите политички групи истакнаа дека вашето лично присуство е апсолутно потребно, му напиша Тајани на Закерберг.

Образложението на ЕП е дека Фејсбук чие меѓународно седиште е регистрирано во Даблин, Ирска и како такво им подлежи на европските закони.

-Фејсбук мора да соработува и да биде одговорна пред Европскиот Парламент кој е регулатор на европското законодавство, потсетува Тајани, додавајќи дека господинот Цукерберг има одговоност лично да даде објаснувања на народните избраници на граѓаните на ЕУ како што направи со Конгресот.

Како што јавува дописничката на МИА во Брисел, претседателот на Парламентот смета дека спречувањето на идните злоупотреби на личните податоци на европските граѓани треба да се процени во рамките на претстојното стапување на сила на новата регулатива на ЕУ за заштита на податоци, попозната како ГДПР.

Европската Комисија, извршното тело на ЕУ, исто така испрати писма со барање за објаснувања од раководството на Фејсбук, но не побара сведочење. Фејсбук одговори дека е подготвен да соработува.

Над 2 милиона европски граѓани се засегнати од злоупотребата на лични податоци од страна на Кембриџ Аналитика преку Фејсбук. Закерберг веќе сведочеше пред американските пратеници.

Промовирани огласи »

Пониски цени за  роаминг и за земјите од Западен Балкан, кои не се членки на Унијата. Ова е една од заложбите на лидерите од регионот, за која се дискутираше на Дигиталниот Самит.

На иницијативата на Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои сакаат нивните граѓани да плаќаат помалку  кога зборуваат во регионот и Унијата, се приклучуваат и Албанија и Косово. Падот на цените е  прифатлив и за Европската Комисија. Како би се движело намалување и за колку проценти, ќе се прецизира наредниот месец  во Софија

Се разбира, основен чекор е двете држави, што сега не се вклучени во спогодбата на четирите земји, тоа да го направат за да може во тој момент Европската комисија да има поголема сила во  преговорите со сите учесници во процесот.  Ние заедно со институците и операторите неколу месеци разговараме и преговараме што ни дозволува на 17 мај во Софија да претставиме конкретен план за намалување на цените за роаминг што и за нас и за сите граѓани од шестте држави е многу важно, изјави еврокомесарката за aglasi Gabriel

Намалување на цените е сложена тема, за која на Унијата и требаа 10 години за да ја реазлириза, вели Габриел, но понсики цени мора да има. Основна цел е граѓаните да плаќаат помалку, а загубите на телекомуникациуските компании, кои треба да се откажат од дел од профитот за да ги намалат цените, ќе се компезираат со посебен фонд,кој би го обезбедила Владата

Заедно со министерот за финансии, веќе предвидуваме нови средства постојано давајќи поддршка за дигиталната агенда во Македонија и верувам дека како ќе имаме сè поголеми успеси ќе бидеме повеќе охрабрени да алоцираме во буџетот поголеми средства од досега предвидените, изјави Заев.

И министерот Манчески очекува драстично намалување на цените за роаминг , заеднички пристап за подобар широкопојасен  интернет, и меѓусебно  признавање на дигиталните сертификати. Според него, Балканот со дигитализацијата  може многу побрзо да се интергира во Унијата, отколку со политиката.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »