Промовирани огласи »

Со новите промени во Законот за банки УЈП ќе добие слободен пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време.

Од друга страна, Царинската управа ќе има увид во истите податоци само со поднесување на писмено барање до комерцијалните банки.

Новите измени ќе овозможат Царина да врши присилна наплата на царинските давачки, а УЈП полесно да ги изготвува годишните даночни пријави за следната година.

Од 2019-та УЈП ќе изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник, а за поедноставување на постапката потребните податоци за остварените приходи ќе ги добива без поднесување на поединечно барање.

Царинската управа има потреба од податоци за трансакциска сметка на граѓаните заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки.

Од Министерството за финансии велат дека со новите измени се засегнати банките и граѓаните кои имаат трансакциски сметки и истите ќе имаат шанса да се вклучат во јавната расправа со свои сугестии.

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика вчера ги објави податоците за просечната плата во Македонија исплатена во февруари 2018 година, при што може да се види кој најмногу заработува. 

1. Воздухопловен транспорт - 55.907 денари

2. Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 53.089 денари

3. Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 40.950 денари

Со месеци овие професии носат највисоки приходи. Тоа се гледа и од статистичките податоци. 

Промовирани огласи »

Благодарение на најновата технологија која што открива употреба на мобилни уреди, возачите кои што користат телефон додека возат, наскоро би можеле да бидат казнети и без да го знаат тоа.

Новиот софтвер ќе биде инсталиран на веќе постоечките статички камери сместени на автопатите и раскрсниците во Австралија.

Не само што благодарение на овој софтвер камерите ќе можат да детектираат упореба на телефон од страна на возачот додека автомобилот е во движење, камерите ќе бидат опремени и со софтвер кој автоматски на возачите на домашна адреса ќе им ги испраќа казните, без посредување на полицијата.

Министерката за сообраќај на Нов Јужен Велс го побара ова практично технолошко решение кое што експресно влезе во законот, со цел да биде решен проблемот околу користењето на паметните телефони од стран на возачите додека управуваат со автомобилот.

Ова е прва австралиска сојузна држава која што ги воведува ваквите камери, а според многумина, сега прашање е на време кога ваквите технолошки напредни камери ќе започнат да се користат и во западноевропските земји.

Инаку, само во текот на минатата година кога се тестирал софтверот, една камера за само пет часа регистрирала дури 270 возачи кои што користеле телефон додека управувале со автомобилот.

Промовирани огласи »

Наместо за 40 минути од Демир Капија до Смоквица ќе се патува за 15 минути.

По новите 28 километри автопатска мрежа ќе се вози од денеска, откако вчера на свеченост беа ставени во употреба по шест години изградба. Со тоа автопатот „Пријателство“ се комплетираше целосно на потегот од Табановце до Богородица.

Истовремено со пуштањето на автопатот стартуваше кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ посветена на инвестиции во  транспортната инфраструктура.

Овој автопат поврзува и води кон ЕУ. Оваа делница од автопатот „Пријателство“ во себе ја има вградено искрената приказна за поддршка и соработка, порача премиерот Зоран Заев.

Според генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон, транспортното поврзување на регионот останува приоритет за ЕУ.

Транспортот ќе биде главната тема и на следниот Самит во Софија и ќе докажеме дека само преку подобро поврзување и подобри транспортни услови ќе успееме да ги поврземе луѓето и државите, истакна Даниелсон.

Македонија, како што оцени министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, доби нова модерна и безбедна автопатска делница, проектирана и изградена согласно европските норми и стандарди за заштита на животната средина со сите потребни карактеристики за безбедност.

Автопатската делница ја почна претходната власт во 2012 година, а ја става во функциона сегашната. Шестгодишните активности на терен ги одбележаа обвинувања и критики меѓу двете гарнитури.

Од СДСМ како поранешна опозиција упатуваа прашања околу изборот на фирмата изведувач на градежните работи - грчки „Актор“ и износот на инвестицијата, додека пак, од поранешната владејачка ВМРО-ДПМНЕ по заминување од власт минатата година ја обвинија новата Влада дека е неспособна да пушти готов проект. 

Во октомври лани Владата со анекс на договорот за изградба го продолжи рокот за завршување на автопатот до февруари годинава за да се завршат градежните зафати за изградба на Контролниот центар кај Неготино и за дислоцирање на далноводот на МЕПСО. Специјалното јавно обвинителство минатиот месец објави дека отвора истрага по име „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица во однос, како што тврдат, на фаворизирање на „Актор“ на тендерот, а во случајот има сомнение и за перење пари.

На автопатската траса во вредност од околу 230 милиони евра се изведени над осум милиони метри кубни високи насипи и длабоки ископи во теренот, шест моста, два тунела  од по 1,2 километри, две сообраќајни клучки кај Миравци и кај Смоквица, сто канали...

Поставено е современо енергетско и ефикасно осветлување во тунелите, како и системи за вентилација и детекција и гаснење на пожар, за резервно напојување со електрична енергија, како и SCADA систем за мониторинг и управување со сообраќајот.

На автопатот треба да има две патарини, кај Гевгелија и кај Демир Капија. Безбедноста и управувањето на сообраќајот ќе се следи преку Контролниот центар кај Неготино.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес-конференција соопшти дека тие го почнале проектот и оти пуштањето на автопатот Демир Капија - Смоквица доцни осум месеци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »