Промовирани огласи »

Во собраниска процедура наскоро се очекува да влезат предлог измените на Законот за работни односи и тоа е покренато на неколку дена пред одбележувањето на 1 мај денот на трудот.

Владата на Република Македонија на 65-та седница го усвои текстот на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи со кој се унапредуваат работничките права, соопштија од Владата. 

Речиси сите синдикални и работнички организација најавија дека на 1 мај ќе излезат на протести на кои ќе ги истакнат барањата за подобрување на работничките права, а дел од нив во изминатиот период имаа чести средби со премиерот и надлежните министри за вклучување на овие барања во законските измени. 

Промовирани огласи »

Со новите промени во Законот за банки УЈП ќе добие слободен пристап до документите, трансакциите и депозитите на граѓаните во секое време.

Од друга страна, Царинската управа ќе има увид во истите податоци само со поднесување на писмено барање до комерцијалните банки.

Новите измени ќе овозможат Царина да врши присилна наплата на царинските давачки, а УЈП полесно да ги изготвува годишните даночни пријави за следната година.

Од 2019-та УЈП ќе изготвува даночна пријава за секој даночен обврзник, а за поедноставување на постапката потребните податоци за остварените приходи ќе ги добива без поднесување на поединечно барање.

Царинската управа има потреба од податоци за трансакциска сметка на граѓаните заради спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки.

Од Министерството за финансии велат дека со новите измени се засегнати банките и граѓаните кои имаат трансакциски сметки и истите ќе имаат шанса да се вклучат во јавната расправа со свои сугестии.

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика вчера ги објави податоците за просечната плата во Македонија исплатена во февруари 2018 година, при што може да се види кој најмногу заработува. 

1. Воздухопловен транспорт - 55.907 денари

2. Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 53.089 денари

3. Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 40.950 денари

Со месеци овие професии носат највисоки приходи. Тоа се гледа и од статистичките податоци. 

Промовирани огласи »

Благодарение на најновата технологија која што открива употреба на мобилни уреди, возачите кои што користат телефон додека возат, наскоро би можеле да бидат казнети и без да го знаат тоа.

Новиот софтвер ќе биде инсталиран на веќе постоечките статички камери сместени на автопатите и раскрсниците во Австралија.

Не само што благодарение на овој софтвер камерите ќе можат да детектираат упореба на телефон од страна на возачот додека автомобилот е во движење, камерите ќе бидат опремени и со софтвер кој автоматски на возачите на домашна адреса ќе им ги испраќа казните, без посредување на полицијата.

Министерката за сообраќај на Нов Јужен Велс го побара ова практично технолошко решение кое што експресно влезе во законот, со цел да биде решен проблемот околу користењето на паметните телефони од стран на возачите додека управуваат со автомобилот.

Ова е прва австралиска сојузна држава која што ги воведува ваквите камери, а според многумина, сега прашање е на време кога ваквите технолошки напредни камери ќе започнат да се користат и во западноевропските земји.

Инаку, само во текот на минатата година кога се тестирал софтверот, една камера за само пет часа регистрирала дури 270 возачи кои што користеле телефон додека управувале со автомобилот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »