Инвеститорите масовно ги продаваат фунтите и акциите, и бараат засолниште во златото и јапонскиот јен.
Таквата реакција на инвеститорите предизвика несигурност по повод излегувањето на Велика Британија од Европската унија и политиките на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Американските берзи се затворени поради државниот празник Денот на Мартин Лутер Кинг, што е и причина за намалување на активностите и на останатите светски берзи. Доларот забележа скок, освен во однос на јенот, кој се опоравува од минатонеделниот најголем пад од ноември.
Цената на златото, кое важи за засолниште во време на неизвесност, денеска скокна на највисоко ниво од ноември. Фунтата пак падна на 1,1983 долари на азиското тргување, додека главниот индекс на лондонска берза FTSE 100 забележападод 0,2 отсто.
Акциите на германските автомобилки компании BMW, Draimlerи VW паднавоопсегод 1,6 до 1,8 отсто, по предупредувањата на Трамп дека ќе воведе гранични даноци од 35% за увоз на своите возила на пазарот во САД. Еврото скокна за 0,6%, на 87,97 пени, додека јенот се зголеми за 0,8% на 137,40 фунти.
Слична појава имаше и во 2015 година кога се купуваше злато.
Претходно и во 2010 година се купуваа големи количини злато.