Промовирани огласи »

Инвеститорите масовно ги продаваат фунтите и акциите, и бараат засолниште во златото и јапонскиот јен. 

Таквата реакција на инвеститорите предизвика несигурност по повод излегувањето на Велика Британија од Европската унија и политиките на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Американските берзи се затворени поради државниот празник Денот на Мартин Лутер Кинг, што е и причина за намалување на активностите и на останатите светски берзи. Доларот забележа скок, освен во однос на јенот, кој се опоравува од минатонеделниот најголем пад од ноември. 

Цената на златото, кое важи за засолниште во време на неизвесност, денеска скокна на највисоко ниво од ноември. Фунтата пак падна на 1,1983 долари на азиското тргување, додека главниот индекс на лондонска берза FTSE 100 забележападод 0,2 отсто.

Акциите на германските автомобилки компании BMW, Draimlerи VW паднавоопсегод 1,6 до 1,8 отсто, по предупредувањата на Трамп дека ќе воведе гранични даноци од 35% за увоз на своите возила на пазарот во САД. Еврото скокна за 0,6%, на 87,97 пени, додека јенот се зголеми за 0,8% на 137,40 фунти.

Слична појава имаше и во 2015 година кога се купуваше злато. 

Претходно и во 2010 година се купуваа големи количини злато. 

Промовирани огласи »

Сакате да дознаете нешто повеќе за историјата на економијата, како да енкриптирате со „Ruby on Rails“ или основи на теоријата на струните? Може сето тоа да го најдете бесплатно на интернет и секој кој има време или енергија за тоа, а може да учи директно од експертите, коментира „VisualCapitalist“.

Информациската ера ни обезбедува невиден пристап до знаењето на светот и токму поради тоа некои мислители на нашето време сметаат дека улогата на колеџите и универзитетите се повеќе ќе се намалува.

А веќе има и доказ за тоа. Последната „жетвата“ од успешни претприемачи како Ивон Шпигел или Марк Цукерберг веќе докажува дека претприемачите можат да заработуваат милијарди, без да поминат цели четири години во училницата. Следната генерација ќе биде дури помалку поврзана со присуството на вистински универзитети.

Иако според некои реалната академска вредност на овие институции е нарушена од пристапот до дигиталниот свет, нивната вредност како места каде што можеш „да се јавите“ со овие идни лидери останува недопрена.

Според секој успешен бизнисмен развивањето на силна мрежа претставува половина од битката. Што се однесува до училиштата, Харвард е совршен пример за „ефектот на мрежата“ во акција.

Досега вкупно 35 од најбогатите 500 луѓе во светот се дојдени од Харвард. Всушност повеќе милијардери имаат завршено Харвард, отколку сите милијардери од Саудиска Арабија и Шпанија, донесена заедно.

Генералното нето богатството на првите 35-те милијардери завршиле на Харвард? 309 милијарди долари, што е блиску до бруто домашниот производ (БДП) на Хонг Конг или Ирска. Меѓу најпознатите кои завршиле на универзитетот се имиња како Чарли Мекнгер (потпретседател на „Berkshire Hathaway“), Мег Витман (претседател и извршен директор на „HP Enterprise“), Стив Балмер (поранешен извршен директор на „Microsoft“) и Мајкл Блумберг (поранешен градоначалник на Њујорк и сопственик на „Bloomberg“). Денешните студенти и професори на Харвард може секој ден да имаат корист од оваа престижна мрежа.

Елитните универзитети се уште служат како механизми со кои ги земаат умните и со добри социјални вештини (или и двете) студенти. Во топ училиштата како Станфорд или Харвард бројот на примени студенти е помалку од 6% од кандидатите, а тоа им дава на учениците добро изградена и привилегирана мрежа уште од почетокот.

Промовирани огласи »

Калил Рафити е сопственик на ланец кој продава природни сокови. 

Тој напишал книга во која раскажува како пред 13 години бил зависник од дрога, имал 48 килограми и бил многу сиромашен. 

Пријател му понудил да работи во индустрија за сокови што му помогнало да излезе од депресија и да почне да верува во себе. 

За пет години бизнисот добро одел и стигнал и до Холивуд. Тоа го инспирирало Калил да почне со свој бизнис. 

Тој отворил ланец на барови во Малибу каде се продаваат природни сокови. 

На менито се смрзнати  јогурти, кафе и овошни коктели. 

Од бездомник тој станал шеф кој е успешен и кого вработените го сакаат. 

Промовирани огласи »

Најголема просечна плата во регионот според последните податоци за минатата година има Словенија со 1.020,40 евра, додека најмала е во Македонија и истата изнесува 363,80 евра.

Просечната плата според последните податоци во Хрватска изнесува 749, 70 евра, во Црна Гора 503 евра, во Босна и Херцеговина 428 евра и во Србија 369 евра, пишува порталот Vijesti.ba.

Иако просечната плата во Словенија од 1.020,40 евра според податоците за октомври минатата година, била најголема во регионот, таа е за 15,2 евра помала во однос на онаа исплатена една година претходно во Словенија кога изнесувала 1.035,60 евра.

Платата во Македонија според последните податоци од октомври минатата година освен што е најмала во регионот, таа е и за 9,20 евра помала од онаа исплатена на крајот на 2015-та година. Последната просечна плата е 363, 80 евра, додека во претходниот период изнесувала 373 евра.

Намалена е и платата во Босна и Херцеговина и тоа за 2,5 евра. Константен раст бележи платата во Црна Гора која нараснала минатата година за 13 евра. На почетокот на годината била 490 евра, додека сега изнесува 503 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »