Најголема просечна плата во регионот според последните податоци за минатата година има Словенија со 1.020,40 евра, додека најмала е во Македонија и истата изнесува 363,80 евра.
Просечната плата според последните податоци во Хрватска изнесува 749, 70 евра, во Црна Гора 503 евра, во Босна и Херцеговина 428 евра и во Србија 369 евра, пишува порталот Vijesti.ba.
Иако просечната плата во Словенија од 1.020,40 евра според податоците за октомври минатата година, била најголема во регионот, таа е за 15,2 евра помала во однос на онаа исплатена една година претходно во Словенија кога изнесувала 1.035,60 евра.
Платата во Македонија според последните податоци од октомври минатата година освен што е најмала во регионот, таа е и за 9,20 евра помала од онаа исплатена на крајот на 2015-та година. Последната просечна плата е 363, 80 евра, додека во претходниот период изнесувала 373 евра.
Намалена е и платата во Босна и Херцеговина и тоа за 2,5 евра. Константен раст бележи платата во Црна Гора која нараснала минатата година за 13 евра. На почетокот на годината била 490 евра, додека сега изнесува 503 евра.