Плата од 35.000 ден. до 40.000 ден.
Здружението на граѓани Викимедија МКД како огранок на Фондацијата Викимедија во Македонија, работи на промовирање на Википедија, како и на други сродни проекти.
На отворената работна позиција за 2025 година со можност на продолжување во наредните години, се бара иновативен, мотивиран поединец, со добро чувство за професионална одговорност и со работна етика за позицијата:
Координатор за соработка со културни институции
Дали сте заинтересирани за културното наследство, технологијата и отвореното знаење? Придружете ни се како координатор на програмата ГЛАМ (соработка со галерии, библиотеки, архиви, музеи и сродни институции), и помогнете да се премости јазот помеѓу културните институции и глобалната заедница на Википедија!
Потребни квалификации:
- Најмалку ВСС VII/1 степен (или најмалку 240 кредити според ЕКТС)
- Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
- Има силни организациски и комуникациски вештини
- Познавање на работа со скенер, дигитализација и поставување медиуми на интернет
- Предходно искуство со проекти на Викимедија или културни институции се смета за предност.
- Познавање на работа со Википедија се смета за предност
- Работно искуство од најмалку 2 години во невладин сектор се смета за предност
- Поседува лаптоп за проектна работа.
Работно време:
Работното време е 6 часа дневно, од кои 4 платени и 2 волонтерски часа, но доколку проектите го бараат тоа, може да биде и попладневно или за време на викенди.
Одговорности и задачи:
- Водење на активностите, настаните и обврските што Здружението ги има со културните ГЛАМ институции,
- Соработка со галерии, библиотеки, архиви и музеи (ГЛАМ) за да се промовира отворен пристап до материјали од културата
- Организирање работилници, обуки и настани со културните институции
- Создавање, уредување и подобрување на содржината на Википедија
- Скенирње и поставување фотографии, документи и други материјали за проекти на Википедија.
- Соработка со матичните Википедијанци, и други видови уредувања во кои се повикува заедницата да учествува
- Помагање на менаџерот за образование, менаџерот на заедница и менаџерот за маркетинг и комуникации, и/или другите членови при изведување на настани и проекти.
Ние нудиме:
- Платена обука, и потоа вработување;
- Интересна и исполнета седмица, соработка со различни профили на луѓе;
- Можност за работа со водечки културни институции;
- Шанса да се придонесе за отворено знаење и зачувување на културата;
- Патувања.
Ве покануваме да ја доставите Вашата професионална биографија (CV), мотивациско писмо и фотографија со назнака за позицијата на мејлот [најави се за да го видиш е-маилот]
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Слични огласи »