Експериментот на финската влада на невработените да им додели константна социјална помош или основен приход за 2.000 граѓани, даде позитивни резултати.
Бев скептична и изненадена, Бидејќи сум без работа ќе примам само 35 евра повеќе на месечна основа. Секогаш мислев дека идејата е одлична, така што добро е што сум една од одбраните - вели 26-годишната Лиса Ронкаинен од Хелсинки.
Таа е без работа веќе шест месеци и веќе примала од државата помош во износ од 525 евра. Финскиот проект на основен приход изнесува 560 евра месечно, со што состојбата на Лиса не се поправи драматично. Сепак, разликата е во тоа што и ако најде работа ќе прима државна помош во следните две години.
Сега кога парите ќе ги добивам и покрај евентуална плата, имам поголем елан да барам работа - вели Ронкаинен.
Основната цел на проектот е да се провери дали граѓаните и покрај константен основен приход ќе имаат волја да бараат краткорочни, помалку популарни вработувања.
Исто така, сакаат да тестираат дали таквиот пристап ќе влијае на олеснување на бирократијата и намалување на сиромаштијата.
Финска во моментот има 213.000 невработени и работна популација од 2.413.000 граѓани.