Промовирани огласи »

Од денеска почнува изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш во должина од 23,5 километри. Градбата ќе почне на потегот клучка Штип југ-Бучин. Се апелира до возачите на внимателно управување и да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација.

Работите ги изведува австриската фирма „Штрабаг“ која беше избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој.

Изградбата на патот според понудата е во вредност од околу 27 милиони евра за изградба на патниот правец.

Новиот експресен пат  ќе има  две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по два метра. Изградбата на овој експресен пат, кој ќе овозможи побрз транспорт на патници, но и на земјоделските производи од струмичкиот и радовишкиот регион треба да заврши во рок од три години, а новата траса ќе почнува од клучката за штипскиот Затвор и село Софилари до клучката кај радовишкото село Бучим.

Промовирани огласи »

Министерството за правда подготвува измени на законот за прекршоци кој беше донесен во 2015 година. Од Министерството преку ЕНЕР велат дека актуелниот закон е со речиси идентични одредби како и законот од 2006 година, со одредени номотехнички промени.

Максималните казни за граѓаните ќе изнесуваат петстотини евра, а казните за фирмите во прекршочна постапка не смеат да бидат над 1000 евра.

Главната цел на оваа промена е да се спречи е да се спречат издавања на казни со десетици илјади евра за граѓаните.

Прекршоците се многу високи, ги изрекуваат органи на управа без судска пресуда со што се удира врз џебот на граѓаните и нивниот стандард, кажа Ана Павловска Данева.

Досега се полнеше буџетот, сега ќе има опомени.

Голем бенефит за граѓаните и фирмите ќе има кратењето на жалбената постапка, а исто така со поднесувањето на жалба ќе се стопира и извршувањето на казната, вели Данева.

Ваквото законско решение се очекува до јули да биде доставено до Валда, а веќе во септември да се најде пред пратениците.

Промовирани огласи »

Мобилните податоци во роаминг ќе поевтинат од наредното лето за граѓаните на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Тие ќе плаќаат единствена цена од 70 центи за мегабајт, соопшти европската комесарка за дигитална економија и општество, Марија Габриел.

Операторите ја презедоа обврската од 1 август да понудат пакети во кои цените на мегабајтот ќе бидат неколкупати пониски од сегашните. Нашата цел е до јули наредната година заедничката цена за сите земји од ЕУ и Западен Балкан да биде 70 центи за мегабајт, изјави Габриел.

Таа очекува дека до 2020 година мегабајтот би можел да чини 45, а до 2021 година – 20 центи. Таа нагласува дека пониските цени ќе важат за мобилниот интернет, но не и за разговорите.

Промовирани огласи »

Oколу 300.000 вработени во Македонија, кои се главно од приватните фирми не користат годишен одмор што по закон им следува. Оваа бројка е речиси половина од вработените во земјава и потврда дека работничките права се повеќе се кратат, бидејќи станува пракса да не се гледа што пишува на хартија, туку што се случува на терен.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) велат дека на оваа тема не се потребни истражувања, оти секој знае дека поголем дел од вработените во државата не добиваат годишен одмор како што им следува по закон, ниту пак слободни денови или дневници за прекувремена и работа на празник.

Иако нема точни податоци може да каже дека околу 60.000 мали компании кои имаат до 5 вработени, а тоа е околу 300 илјади во јули и август не користат годишни одмори, бидејќи ако се на одмор некој треба да ги замени, а во тој период нема огласи за нови вработувања – коментира Драге Јовановски од ССМ за Вечер.прес и дополнува дека работодавците што не им даваат одмор на своите вработени не се казнети оти за ова прашање нема јасна регулатива во законот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »