Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе биде инаугуриран како 45-от американски претседател.
Инаугурациониот маратон, како го опишува АП, ќе почне со утринска посета на црква, а ќе биде завршен со полагање на заклетва во „последниот танц на вечерата“. Во Белата куќа Трамп ќе влезе исто како што влезе во претседателската трка - пркосен, сосема сигурен во својата политика и без робување на традицијата, оценува агенцијата.
Во текот на десет недели откако на изненадување на многумина е избран за претседател Трамп го прекршил дипломатскиот протокол воспоставен со децении, ги тестирал долгогодишните етички правила и продолжил со воено -борбениот стил одговарајќи на секој личен напад -на Твитер или во живо.
Меѓу занимливостите на инаугурациониот ден се издвојува тоа што според Уставот за положување на заклетва се дозволени 35 збора, но некои претседатели тоа го зголемуваат на 39 додавајќи: „Така да ми помогне Бог“.
Кога се работи за самиот говор, се поставува прашањето дали Трамп ќе испрати вообичаена порака за единство на нацијата, да ја земе улогата на оној кој создава неред во уредниот систем или ќе ги измиксира двете.
Помошниците на Трамп тврдат дека тој доста време посветил на тој говор, дека вежбал во кулата на Трамп и дека може да се очекува говорот да трае околу 20 минути.