Промовирани огласи »

Компанијата „Фолксваген“ денеска објави дека планира да отпушти околу 30 илјади работни места во своите фабрики во обид да се реструктуира и да ги надмине проблемите по скандалот со лажните мерење на загадувањето од нејзините дизел мотори.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, намалувањето на работните места е дел од поопфатен план за зголемување на профитабилноста и инвестирање во возила на електричен погон.

Околу 23 илјади работни места ќе бидат укинати во Германија, а остатокот во Бразил и Аргентина. Со отпуштањата се очекува да се заштедат околу 3,7 илијарди годишно со почеток од 2020 година.

Како казна за лажните мерења на нивото на загадувањето на дизел моторите Фолксваген треба да плати околу 13 милијарди евра на американските власти и сопствениците на автомобилите. Вкупно околу 11 милиони возила користеле фалсификуван софтвер во своите возила.

Фолксваген има вкупно повеќе од 600 илјади вработени од кои 120 илјади работат во германските фабрики.

Промовирани огласи »

Проблеми со обезбедувањето финасии, немањето доволно информации, предизвик да се усогласат секојдневните обврски во семејството и работата- ова се главните проблеми со кои се соочуваат жените претприемачи. Сѐ уште се присутни и предрасудите.

Со 20 илјади деловни субјекти во Македонија менаџираат жени. Вработуваат над 50 илјади лица. Финансисиите, ликвидноста, балансот меѓу работата и семејството, немање доволно време за едукација и усовршување, проблеми кои демнеат на женското претприемништво во Македонија. Истражувањата на Здружението на бизнис жени говорат- оние со сопствен бизнис ретко користат грантови, кредити, фокусирани се на средствата од фондовите за развој.

Но, има и жени претприемачи кои со самодоверба ги надминуваат конкретните проблеми и не ги обесхрабруваат предрасудите дека водењето бизнис е машка работа. Најмногу ги има во секторот трговија и во преработувачката индустрија. Со два милиони евра од државната каса се субвенциниора 23 компании управувани од жени претриемачи.

Во Македонија се активни 20 илјади деловни субјекти во сопственост на најмалку една жена. Најголемиот дел од нив 8.139 се во секторот трговија на големо и мало, потоа следи преработувачката индустрија. Веќе петта година, Министерството за економија ја спроведува мерката финансиска подршка за женско претпримеништво и жените- претприемачи може да аплицираат за набавка на опрема, вели Дритон Кучи, министер за економија.

На Светскиот ден, во 144 земји успешни деловни жени, менаџерки лидерки порачаа- женското претприемништво е важен избор за економски раст.

Промовирани огласи »

Денот на самците во Кина се слави на 11 ноември, кога има големи распродажби за самците да можат да се даруваат самите себе си.

Познатата веб-продавница Alibaba се сети да го искористи овој датум, кој така од 2009 година стана синоним за купување на интернет, во целиот свет, бидејќи секаде сакаат да ги искористат големите кинески распродажби.

Според очекувањата, и годинава, Alibaba na Денот на самците имаше рекордна продажба – само во првите седум минути од денот заработи 1,4 милијарди долари, а вкупниот приход бил 17,7 милијарди долари.

Со ваквата заработка Alibaba го собори светскиот рекорд.

Лани на истиот ден компанијата на Џек Ма заработи 14,3 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Тешко дека постои работа која се себе не носи одредена количина на стрес, со оглед на одговроноста. Сепак, додека поголемиот дел од луѓето мака мачат со секојдневниот стрес ко го имаат на работа и крајните рокови им создаваат уште поголеми проблеми, има и такви кои на работа одат со насмеано лице.

Ова се некои од најмалку стресните професии:

1.Аудиолог
Аудиолог е субспецијалист оториноларинголог кој се бави со аудиологија. Аудиолог поставува дијагноза и решава здравствени проблеми врзано со слухот.

2.Фризер
Освен ако не се најде некој незадоволен или клиент кој многу пребарува, работата на фризерот не би требало да предизвикува премногу стрес.

3.Златар
Произведува и поправа прстени, алки, огрлици и останат накит изграден од благодарен материјал. Ова е многу мирна професија.

4.Професор на факултет
Покрај тоа што ги учи студентите во различни академски и стручни предмети, работи и на истражување и објавување на научни трудови и книги.

5.Кројач
Оваа работа вклучува шиење и разни други ситни и крупни поправки на облека како и во многу слични професии не би требало да предизвикува премогу стрес.

6.Медицински техничар за податоци
Ја одржува медицинската докуменатција за прримена на докторите, наплатува трошоци и статистички истражувања-

7.Библиотекар
Води евиденција за позајмени книги, помага на читателите во пронаоѓање на бараната книга и слично.

8.Мултимедиски уметник
Креира анимации и визуелни ефекти за ТВ емисии, филмови, видео игри и други медии.

 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »