Промовирани огласи »

До крајот на месецов се очекува да заврши инсталирањето на електронскиот систем за наплата на патарините, најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Со тоа ќе се обезбеди современ и ефикасен начин на наплата на патарините и побрз проток на возилата. Наплатата ќе се врши со картички во пост пејд и при пејд варијанта.

Во делот на патната инфраструктура, надлежните најавуваат градежна офанзива на патиштата низ државата особено во август и септември со што се очекува и зголемување на бруто-домашниот производ во третиот и четвртиот квартал.

Паралелно се работи и на железничката инфраструктура. Интензивирани се активностите на првата делница од железничката пруга од Куманово до бугарска граница, се очекува тендерирање на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, а направена е и проектната документација од Крива Паланка до бугарска граница.

За железничката линија од Кичево до Лин направена е проектната документација и се разговара за обезбедување на финансиски средства. Според направените пресметки се работи за скап проект кој би чинел околу 520 милиони евра. До крајот на годината се очекува да биде завршена и делницата од Битола до Кременица.

Промовирани огласи »

Министерство за инфраструктура во Холандија предложило паричен надомест за сите вработени кои на работа патуваат со велосипед.

Секој жител кој на работи оди со велосипед би можел да добие по 19 центи за секој километар.

Да излеземе од автомобилите и да ги земеме велосипедите. Целта ни е да придобиеме уште 200.000 луѓе кои со велосипедите ќе поминат три милијарди километри повеќе – изјавила Стиентје ван Велдховен, од ресорното министерство.

Владата планира и субвенции за купување на велосипед, но и додатни 100 милиони евра за зголемување на бројот на велосипедски патеки.

Промовирани огласи »

Деновиве актуелна е појавата на се поголем број спонзорирани објави (реклами) на Facebook од страна на лажни интернет продавници кои се декларираат како застапници на познати светски брендови (како Wizz Аir и сл.) а со цел собирање на податоци за вашите платежни картички и нивна понатамошна злоупотреба.

Стопанска банка ги повикува клиентите на внимателност при користење непознати интернет страници како и да внимаваат на името на страницата пред да внесуваат лични податоци и податоци од платежните картички.

Доколку се сомневате дека сте ги споделиле вашите податоци и податоците од картичката со лажна интернет продавница јавете се во нашиот 24/7 контакт центар на (02)3100 109 со цел блокирање на картичката и спречување на понатамошна злоупотреба на вашите средства- наведуваат од банката. 

Граѓани вчера масовно купувале авионски билети од лажна интернет страница, а кога сфатиле дека станува збор за измама се јавувале во банките да им ги блокираат картичките. 

На социјалните мрежи се појави лажна интернет страна со слично име како нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ на која пишува дека нудат два авионски билети само за еден долар. Оваа промоција, како што стоеше на сајтот, е во рамките на одбележување на 15-годишнината на авиокомпанија.

Промовирани огласи »

Вредноста на биткоинoт (BTC) оваа недела најверојатно ќе продолжи да се намалува и за прв пат од ноември 2017-та година ќе падне под психолошката граница од 6.000 долари, велат експерти.

Во минатата недела биткоинот загуби 4% од цената и падна до 6,125 долари на „Bitfinex“. Ова е минимално ниво забележано на 6-ти февруари 2018-та година.

Цената на криповалутата при трговијата во неделата, се намали со 0,60% до 6,525  долари, според податоците на порталот „CoinMarketCap“. На берзата „Bitfinex“ намалувањето беше со 0,57% до 6,489 долари на „GDAX“ со 0,38% до 6,495 долари.

Главниот настан од минатата недела, кој влијаеше на криптовалутите беше одлуката на Американската комисија за хартии од вредност и берзи (SEC) да не признае биткоинот (BTC) и „Ethereum“ (ETH).

Не е јасно зошто учесниците на пазарот реагираа така на веста, откако шефот на „SEC“, Џеј Клејтон го изјави ова уште на 7-ми јуни во интервју за „CNBC“- вели  аналитичарот од „Алпари, Владислав Антонов.

Тој потсетува дека на 9-ти јуни беше техничката употреба на третата генерација на криптовалутата „EOS“. Во саботата, 16-ти јуни, беше регистрирано „замрзнување“ на трансакциите на глобално ниво. Потоа курсот „EOS“/„USD“ се намали за 4,5% и го повлече со себе и биткоинот, раскажа експертот.

Минатата недела корејската берза „Coinrail“ соопшти дека хакери украле дигитални пари во вредност од над 37 милиони долари.

„ПР“ директорот на „Tugush Blockchain Finance“, Тимофеј Фортунатов цитира податоци на „CoinMarketCap“, според кои во глобалниот рејтинг на берзата за криптовалути „Coinrail“ е на 90-то место.

„Затоа многумина можат да се шокирани од големината на штетите од слично погодените од големи сајбер напади“. Според него за помалку од деноноќие по веста за уште еден сајбер напад ја намали вкупната капитализација на пазарот на криптовалути со околу 50 милијарди долари (околу 14% од вкупната капитализација)“- раскажа тој.

Друг настан со негативен ефект минатата недела беше одбивањето на „Western Union“ да работи со криптовалути што беше најавено во Њујорк од главниот извршен директор Хикмет Ершек во средата, 13-ти јуни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »