Промовирани огласи »

Сите граѓани кои во текот на годината имале приход до 720.000 денари (по 60.000 денари месечно во просек) ќе плаќаат персонален данок на доход со стапка од 10 отсто, додека за сите приходи кои се над 720.001 денари данокот ќе биде 18 отсто за делот на доходот над овој износ. Фактор објавува дел од работната верзија на новиот Закон за персонален данок на доход со кој Владата од 2019 година воведува прогресивни стапки на оданочување. Во приходите кои се оданочуваат спаѓаат тие кои граѓаните ги добиваат од заработената месечна плата на работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и продажба на сопствени земјоделски производи.

Но ова не е единствената новина во законот. Според нашите информации за доходот од интелектуална сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување ќе се плаќа данок по стапка која е единствена, односно по 15 отсто.

Исто така се предвидува граѓаните и фирмите да плаќаат данок на каматите кои ги добиле од своите заштеди во банките, ако добивката изнесува над 15.000 денари годишно.

Прогресивното одначување на приходите беше најавено во март годинава, а тоа беше и дел од програмата на сега владеачката партија СДСМ. Министерот Драган Тевдовски тогаш најави дека ќе се оданочуваат со стапка од 18 отсто сите приходи на граѓаните кои заработиле повеќе од 1.000 евра месечно, што сега веќе е преточено и во подготвителната верзија на законот. Другите новини не беа навестени.

Инаку Македонија во моментов има рамен данок односно се плаќа десет отсто на сите приходи кои се остваруваат во текот на годината. Но, во земјва низ историјата имало и прогресивни даночни стапки за „персоналецот“.

Од 1994 до 2001 година имаше прогресија од три стапки. Од 2001 до 2004 година доходот остварен во износ до 360.000 денари се оданочуваше по стапка од 15 отсто, доходот над 360.000 денари со стапка од 18 отсто. Од 2005 до 2006 година оданочувањето на доходот на граѓаните се врши повторно на три нивоа. Доходот до 360.000 денари се оданочува со стапка од 15 отсто, доходот од 360.000 до 720.000 денари со стапка од 18 отсто додека доходот над 720.000 денари по стапка од 24 отсто. Од 1 јануари 2007 година се воведува пресметување на персоналниот данок со пропорционална даночна стапка односно со рамен данок.

Промовирани огласи »

Македонските државјани наскоро ќе можат да патуваат без пасоши, односно само со лични карти низ цел Западен Балкан, откако Собранието го објави указот за ратификација на спогодбата за условите за патување помеѓу БИХ и Македонија.

Спогодбата ќе влезе во сила по истекот на 30 дена од приемот на последното известување дека законските услови се исполнети.

Со тоа македонските државјани ќе може да патуваат само со лични карти во Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ.

Само со лична карта ќе може да се престојува во БИХ максимум 90 дена во период од 180 дена.

Промовирани огласи »

Организацијата за заштита на потрошувачи потврдува дека се работи за измама на која наседнале македонските граѓани.кои купувале лажни авио билети за цена од еден долар.

Продажбата на евтини авио билети ја истражува полицијата. Собира податоци колкумина ги внеле податоците од своите банкарски сметки, но и кој стои зад измамата.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности со цел прибирање на информации за оштетени лица, како и информации за можните сторители и други лица вклучени во измамата и кражбата на податоци, велат од МВР. за Сител.

Конкретниот повик беше дека за еден долар можат да добијат две авионски карти. Граѓаните мора да внимаваат каде кликаат и секако да ја проверуваат веродостојната на интернет страниците, вели Нина Ангеловска, претседател на асоцијација за е-трговија на Македонија.

Експресното ширење на лажната вест за евтини билети ги загрижи банките ама не откриваат дали нивните корисници побарале блокада за идни интернет плаќања.

Единствена цел на евтините авио билети понудени од лажни интернет продавници е собирање на податоци од вашите  платежни картички, предупредуваат банките. Ги повикаа своите клиенти да внимаваат на кои страници ги внесуваат личните и податоците од банкарската сметка.

Промовирани огласи »

Во Македонија има голем број на празници, но сепак, голем дел од вработените во приватниот сектор, особено во малите фирми се на своите работни места како и вообичаено.

Во случај работодавачот да наложи да бидете на работа должен е тоа да го пријави во Трудовата инспекција и да ви исплати празнична дневница.

Законот предвидува дека за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и платата за поминати часови на работа, зголемена за 50 отсто.

Ако при контрола од страна на трудовиот инспекторат е утврдено дека ваква дневница не била исплатена тогаш следи казна за работодавачот која може да биде во висина од 3.000 до 4.000 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »