Сепак природата одлучи против врнежи на парадата на Доналд Трамп, но, што ќе се случеше ако истуреше? Дали беше спремен план Б за друга локација?
Зошто новиот претседател положи свечена заклетва со раката на две библии? Зошто Меланија Трамп одлучи да и донесе подарок на Мишел Обама кога двете двојки се состанаа во Белата куќа во петокот и што имаше во сината кутија?
Имаме одговори на овие и на неколку други прашања кои го заинтересираа светот.
1. Што ќе се случеше доколку почнеше да врне посилно?
Во минатото сите инаугурации се одржани во јануари. Во престолнината на Соединетите Американски Држави овој месец е врнежлив и со ниски температури. Само Роналд Реган на втората инаугурација беше приморан да ја даде заклетвата во затворена просторија. Сепак Доналд Трамп го направи тоа на отворено иако во некои моменти росеше. Еден ден пред церемонијата Трамп се пошегува дека не се плаши од дождот и дека дождот само може да покаже дека неговата коса не е перика.
2. Зошто трамп се заколна со раката на две библии?
На почетокот на оваа недела Трамп објави дека на неговата свечена изјава ќе има две библии.
Едната, е библијата над која се заколнал Абрахам Линколн во 1961, а втората, негов личен подарок од 1955 кој му бил даден од неговата мајка пред тој да наполни 9 години.
3. Што ќе се случи со официјалниот Twitter кој го користеше Обама додека беше на власт?
Официјалниот профил @POTUS припаѓа на претседателот. Со ова Трамп го наследи и 2 часа по неговото прогласување за претседател ја објави и првата слика со наслов #InaugurationDay Speech.
4. Каде замина Обама со својата фамилија?
Официјлано фамилијата Обама се повторно нормални граѓани. Порашниот претседател и првата дама се качија на хеликоптер од САД Капитол до следната дестинација. Пилотот на хеликоптер според традицијата им овозможи последен поглед кон Белата куќа пред да се упати кон базата Andrews во Мериленд.
Семејството Обама потоа се упати кон Palm Springs, Калифорнија, на одмор со своите ќерки, Саша, 15, и Малија, 18. Семејството, сепак по краток одмор ќе се врати во Вашингтон и ќе живее во градот барем уште една година, за да може Саша да го заврши средното училиште.
5. Што беше на мени на ручекот по инаугурацијата?
Трамп јавно изјави љубов кон McDonald's и Kentucky Fried Chicken, но менито за ручек по неговото инаугуративно обраќање беше на малку повисоко ниво. Новиот претседател ручаше со околу 200 високи функционери на традиционалниот ручек организиран од страна на Јoint Congressional Committee on Inaugural Ceremonies, кој ја планираше церемонијата на давањето заклетва за претседател и потпретседател.
Ручекот беше одржан во U.S. Capitol's Statuary Hall и беше составен од три оброка, кој започна со јастог и ракчиња со шафран сос од кикирики, скара од говедско месо со темно чоколадо и сок од смрека, а за десерт, гостите беа послужени со чоколадно суфле и сладолед од цреша и ванила.
6. Што имаше во светло сината кутија која и ја донесе Меланија на Мишел?
Многу прашина се дигна околу чудниот подарок кој го донесе Меланија Трамп во петокот наутро во Белата куќа. Сината кутија навистина ја изненади Мишел и таа само му ја подаде на Барак кој потоа ја даде на човек од обезбедувањето. Подарокот изненадување подигна прашалници низ целиот свет. Сепак, засега само Доналд, Меланија, Барак и Мишел знаат што имаше во кутијата.