Промовирани огласи »

Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД) во петокот го започна Проектот за граѓанско учество (CEP), петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и младинските организациикои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции и засегнатите страни за прашања од јавен интерес.

Проектот ќе ги поддржи граѓанските организации и коалиции на граѓански организации фокусирани на приоритетни прашања од интерес на граѓаните на Македонија; ќе им помогне да го промовираат дијалогот; ќе организира едногодишна LEAD (Водство, Учество, Акција, Развој) програма која ќе им овозможи на мотивираните млади луѓе, вештини за да работат во рамките на нивните заедници. Исто така, LEAD ќе им овозможи на младите мажи и жени учество во јавниот живот и процесот на донесување одлуки за прашања кои влијаат на нивниот живот, заедниците и воопшто на македонското општество.

Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес, истакна дека: “Преку Проектот за граѓанско учество младите и граѓанските организации ќе се здобијат со знаење, мотивација, вредности и ќе развијат вештини кои ќе им овозможат активно да се вклучат во дијалогот со власта и приватниот сектор во акции кои ја промовираат добросостојбата во нивните заедници. ” Тој исто така истакна дека: “Целтта на УСАИД е зајакнување на комуникацијата и соработката помеѓу граѓаните и оние на кои тие им служат, како и поддршка на Граѓанските организации ефикасно да се вклучат со јавните институции и засегнатите страни.”

Проектот за граѓанско учество е имплементиран од страна на Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute- ЕWMI), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис”, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата Отворено општество- Македонија (ФООМ), и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Ист Вест Менаџмент Институте независна непрофитна организација која работи на зајакнување на демократските општества преку здружување на власта, граѓанското општество и приватниот сектор да изградат одговорни, кадарни и транспарентни институции кои им служат на граѓаните и работат за нивно добро.

Промовирани огласи »

Компанијата „Фолксваген“ денеска објави дека планира да отпушти околу 30 илјади работни места во своите фабрики во обид да се реструктуира и да ги надмине проблемите по скандалот со лажните мерење на загадувањето од нејзините дизел мотори.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, намалувањето на работните места е дел од поопфатен план за зголемување на профитабилноста и инвестирање во возила на електричен погон.

Околу 23 илјади работни места ќе бидат укинати во Германија, а остатокот во Бразил и Аргентина. Со отпуштањата се очекува да се заштедат околу 3,7 илијарди годишно со почеток од 2020 година.

Како казна за лажните мерења на нивото на загадувањето на дизел моторите Фолксваген треба да плати околу 13 милијарди евра на американските власти и сопствениците на автомобилите. Вкупно околу 11 милиони возила користеле фалсификуван софтвер во своите возила.

Фолксваген има вкупно повеќе од 600 илјади вработени од кои 120 илјади работат во германските фабрики.

Промовирани огласи »

Проблеми со обезбедувањето финасии, немањето доволно информации, предизвик да се усогласат секојдневните обврски во семејството и работата- ова се главните проблеми со кои се соочуваат жените претприемачи. Сѐ уште се присутни и предрасудите.

Со 20 илјади деловни субјекти во Македонија менаџираат жени. Вработуваат над 50 илјади лица. Финансисиите, ликвидноста, балансот меѓу работата и семејството, немање доволно време за едукација и усовршување, проблеми кои демнеат на женското претприемништво во Македонија. Истражувањата на Здружението на бизнис жени говорат- оние со сопствен бизнис ретко користат грантови, кредити, фокусирани се на средствата од фондовите за развој.

Но, има и жени претприемачи кои со самодоверба ги надминуваат конкретните проблеми и не ги обесхрабруваат предрасудите дека водењето бизнис е машка работа. Најмногу ги има во секторот трговија и во преработувачката индустрија. Со два милиони евра од државната каса се субвенциниора 23 компании управувани од жени претриемачи.

Во Македонија се активни 20 илјади деловни субјекти во сопственост на најмалку една жена. Најголемиот дел од нив 8.139 се во секторот трговија на големо и мало, потоа следи преработувачката индустрија. Веќе петта година, Министерството за економија ја спроведува мерката финансиска подршка за женско претпримеништво и жените- претприемачи може да аплицираат за набавка на опрема, вели Дритон Кучи, министер за економија.

На Светскиот ден, во 144 земји успешни деловни жени, менаџерки лидерки порачаа- женското претприемништво е важен избор за економски раст.

Промовирани огласи »

Денот на самците во Кина се слави на 11 ноември, кога има големи распродажби за самците да можат да се даруваат самите себе си.

Познатата веб-продавница Alibaba се сети да го искористи овој датум, кој така од 2009 година стана синоним за купување на интернет, во целиот свет, бидејќи секаде сакаат да ги искористат големите кинески распродажби.

Според очекувањата, и годинава, Alibaba na Денот на самците имаше рекордна продажба – само во првите седум минути од денот заработи 1,4 милијарди долари, а вкупниот приход бил 17,7 милијарди долари.

Со ваквата заработка Alibaba го собори светскиот рекорд.

Лани на истиот ден компанијата на Џек Ма заработи 14,3 милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »