Промовирани огласи »

Помалите фирми и оние кои имаат финансиски потешкотии сѐ уште не исплатиле регрес за годишниот одмор, познатиот К-15.Тие имаат уште два месеци за да ја исполнат законската обврска пред да бидат казнети во вкупна вредност од 4.000 евра.

Додатокот за годишен одмор, според законот е утврден во висина од 40 % од основицата. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во една календарска година кај ист работодавач. Додатокот изнесува 8.500 денари.

Фирмите треба да побараат дозвола од работниците, односно нивни претставници доколку сакаат да исплатат понизок износ од утврдениот. При тоа треба да исполнат неколку услови, главно фирмата да има проблеми во работењето, ценејќи ја нивната економско- финансиска состојба.

Промовирани огласи »

Посетителите и тур операторите од Романија на Саемот за туризам во Букурешт покажаа интерес за посета на Македонија имајќи ја предвид близината на двете земји и предноста што ја даваат на патувања со своето семејство во автомобил.

Ова, според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, ја иницира богатата понуда на романските тур оператори за пакети во кои има вклучено и изнајмување автомобил во конкретната дестинација, додека пак повозрасните туристи најмногу ги избираат групните патувања во автобус.

ур операторите кои веќе ја имаат вклучено Македонија во нивните продажни каталози детектираат интерес кај Романците за неколкудневни зимски туризам за Македонија и Балканот, а тој интерес е најсилен во почетокот на декември.

Претставници на АППТ на овој саем за туризам остварија бројни средби со медиуми и романски тур-оператори меѓу кои и Gama travel, Geea turism, Icar travel, Vikingul saltaret, Meitner turs, HTS travel, paralela 45 turism и така натаму.

Саемот, како што информираа од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија, се одржа од 12 до 15 ноември 2016 година, на кој учествуваа 223 излагачи кои својата понуда ја презентираа по 36-ти пат.

Промовирани огласи »

Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД) во петокот го започна Проектот за граѓанско учество (CEP), петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и младинските организациикои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции и засегнатите страни за прашања од јавен интерес.

Проектот ќе ги поддржи граѓанските организации и коалиции на граѓански организации фокусирани на приоритетни прашања од интерес на граѓаните на Македонија; ќе им помогне да го промовираат дијалогот; ќе организира едногодишна LEAD (Водство, Учество, Акција, Развој) програма која ќе им овозможи на мотивираните млади луѓе, вештини за да работат во рамките на нивните заедници. Исто така, LEAD ќе им овозможи на младите мажи и жени учество во јавниот живот и процесот на донесување одлуки за прашања кои влијаат на нивниот живот, заедниците и воопшто на македонското општество.

Директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Едвард Гонзалес, истакна дека: “Преку Проектот за граѓанско учество младите и граѓанските организации ќе се здобијат со знаење, мотивација, вредности и ќе развијат вештини кои ќе им овозможат активно да се вклучат во дијалогот со власта и приватниот сектор во акции кои ја промовираат добросостојбата во нивните заедници. ” Тој исто така истакна дека: “Целтта на УСАИД е зајакнување на комуникацијата и соработката помеѓу граѓаните и оние на кои тие им служат, како и поддршка на Граѓанските организации ефикасно да се вклучат со јавните институции и засегнатите страни.”

Проектот за граѓанско учество е имплементиран од страна на Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute- ЕWMI), во партнерство со четири граѓански организации: Фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис”, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата Отворено општество- Македонија (ФООМ), и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Ист Вест Менаџмент Институте независна непрофитна организација која работи на зајакнување на демократските општества преку здружување на власта, граѓанското општество и приватниот сектор да изградат одговорни, кадарни и транспарентни институции кои им служат на граѓаните и работат за нивно добро.

Промовирани огласи »

Компанијата „Фолксваген“ денеска објави дека планира да отпушти околу 30 илјади работни места во своите фабрики во обид да се реструктуира и да ги надмине проблемите по скандалот со лажните мерење на загадувањето од нејзините дизел мотори.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, намалувањето на работните места е дел од поопфатен план за зголемување на профитабилноста и инвестирање во возила на електричен погон.

Околу 23 илјади работни места ќе бидат укинати во Германија, а остатокот во Бразил и Аргентина. Со отпуштањата се очекува да се заштедат околу 3,7 илијарди годишно со почеток од 2020 година.

Како казна за лажните мерења на нивото на загадувањето на дизел моторите Фолксваген треба да плати околу 13 милијарди евра на американските власти и сопствениците на автомобилите. Вкупно околу 11 милиони возила користеле фалсификуван софтвер во своите возила.

Фолксваген има вкупно повеќе од 600 илјади вработени од кои 120 илјади работат во германските фабрики.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »