Не е тајна дека генералниот директор на „Старбакс“ ( Starbucks), Хауард Шулц ќе се повлече од раководната функција како богат човек. Изненадувачки е сепак колку точно е богат, пишува Bloomberg.
63-годишниот Шулц заработил околу 172 милиони долари од почетокот на својот втор мандат како генерален директор на синџирот кафитерии во јануари 2008 година, покажува внимателната анализа и ја прикажува уште поголема добивка.
Шулц, кој ќе се повлече од раководната функција на Starbucks во април, ја има добиено најголема награда во форма на акции, што варира во зависност од презентацијата на акциите на компанијата. Откако го изведе Starbucks до шесткратно подобрување на берзанските резултати, вкупната заработувачка на Шулц за последниве девет години достигна 553.3 милиони долари.
Какви и бројки да читате, малку е веројатно тоа да е вистинскиот надоместок што еден раководител гидобива - вели Питер Лупо, управен директор на консултантската компанија Pearl Meyer во Њујорк.
Само околу 10 отсто од платата на генералниот директор е загарантирана. Останатото обично е тесно поврзана со претставувањето - дополнува Лупо.
Компании, што се со седиште во Сиетл, како Starbucks, не треба да ги откриваат резултатите, што ја отежнува споредбата со други генерални директори. Компаниите се обврзани само да откријат вкупниот пакет од плаќања на раководителите во годината во која заработиле. Ова вклучува плаќања, како плата, бонуси и вредноста на оданочен данок на профит.
За 2016 година Шулц добил вкупно 4.91 милиони. долари по овие категории. Останатото доаѓа од акции, проценети на 16,9 милиони долари во денот во кој се предвидени. Акциите ќе му се оддолжат, ако постигне одредени цели и тој може да се покаже со двојно повеќе акции, ако целите се надминат. Што ќе биде платата во тоа време исто така зависи од цената на акциите на Starbucks.
Комбинирање на сето тоа, за да дознаеме колку конечно добива еден генерален директор, може да биде тешко, па дури и за одборите на директори. Многу од нив не прават сеопфатна анализа колку може да се зголеми вредноста на платата, ако цената на акциите се зголеми, вели Џон Трентакост, управен директор на консултантската компанија Farient Advisors.
Филозофијата на Starbucks е плаќање за постигнати резултати и наградувањето на Хауард во последните десет години одразува директно силна финансиско претставување на компанијата под негово раководство - вели портпаролот на синџирот кафетерии Линда Милс.
Шулц стана лицето на Starbucks, додека го водеше бизнисот кон се поголеми височини. Откако се врати на чело на компанијата во 2008 година, бројот на управуваните од неа и лиценцирани установи порасна до 25.000 спрема 15 000 пред тоа, а нејзиното работење се прошири во 75 држави спрема 43 пред тоа. Приходите се зголемија повеќе од двојно. Како резултат на тоа, цената на акциите се зголеми за 517%.
Во исто време генералниот директор натрупа 2.92 милиони ограничени акции и 11,8 милиони опции, покажуваат податоците на Bloomberg. Кон понеделникот тие се вреднуваат на 515.6 милиони долари. Покрај тоа, тој добива плата од 12 милиони долари, 22.2 милиони долари бонуси и други службени приходи во вредност 3.54 милиони долари.
Шулц стана дел од Starbucks како шеф на одделот за маркетинг во 1982 година и конечно ја купи компанијата пет години подоцна. Тој беше генерален директор до 2000 година, кога стана претседател и се фокусира на глобалната стратегија. Во 2008 година Одборот на директори го избра за втор мандат, откако цената на акциите на компанијата се намали за над 40 отсто во претходните 12 месеци..