Промовирани огласи »

Мобилните такси за роаминг за корисниците во ЕУ ќе бидат отстранети на 15 јуни 2017, и ќе се овозможи повиците и преносот на податоци од друга земја членка на ЕУ да бидaт со иста цена како дома.

Луѓето во целиот ЕУ очекуваа од нас да ставиме крај на давачките на роаминг во јуни 2017. Сега преговорите се остварени и можеме да го постигнеме она што го ветивме. Слично на потрошувачките организации низ цела Европа ние исто тоа го сметаме за голема победа за европските потрошувачи - истакна известувачот на ЕП Миапетра Кумпула Натри.

Парламентот и Советот се договорија за следните максимални цени: 0,032 евра за гласовен повик, 7,75 евра за GB, и цените постепено ќе се намалуваат до 6 евра (01.01.2018), 4,5 евра (01.01.2019), 3,5 евра (01.01.2020), 3 евра (01.01.2021), 2,5 евра (01.01.2022) и 0,01 евра за текстуални пораки.

Овој договор е неопходен чекор кон целосно отстранување на роаминг трошоците, што ќе им овозможи на корисниците да ги користат своите мобилни телефони во други земји од ЕУ токму онака како што прават дома, без да плаќаат дополнителни такси.

Пред да влезе во сила договорот треба да биде официјално одобрен од Комисијата на ЕП за индустрија, Европскиот парламент и националните министри.

Промовирани огласи »

Приказната за сајтот Inc.com е за тоа како стартап за експоненцијално расте во текот на изминатите неколку години.Цимерите Брајан Чески и Џо Гебиа дошле до идеја да го создадат Airbnb во 2007 година, кога тие едвај си ја плаќале кирија за сместување во Сан Франциско. Нејт Блекарчик се приклучува една година подоцна и тоа како основач.

Првичната идеја им била да ги задоволат туристите или гостите во Сан Франциско, додека траеле конференциите, кога хотелските соби се распродадени. Основачите на пазарот излегле со компанијата како Airbed & Breakfast.

За време на изборите во 2008 година, тие создале и продале кутии „Обама зеленчук“, за да добијат пари за компанијата. Напорите им се исплатиле, тие добиле околу 30.000 долари. Подоцна тие добиле уште 20.000 долари од инвестицијата.

Airbnb во 2010 година конечно зазема замав и таа година објавува 700.000 резервации, а подоцна Greylock Partners & Sequoia Capital го финансираат Airbnb со 7,2 милиони долари. Веќе од 2011 година Airbnb објави дека има еден милион резервации, и се приклучи на стартапи кои вредат повеќе од една милијарда долари.

Од тогаш успехот само се зголемува. Само во 2013 година Airbnb има 6 милиони нови гости и 250.000 нови објекти. Две години подоцна, по новите инвестиции, нивната вредност се зголемила на 10 милијарди долари, додека во 2016 година оваа вредност достигна бројка од 30 милијарди долари.

Оваа компанија работи во околу 190 земји, и нивната понуда се шири и понатаму, вклучувајќи го и „искуството“, каде што на туристите им се нудат водичи, часови за готвење.

Промовирани огласи »

Словенија во текот на 2015 година рециклираше 54,1 отсто од отпадот, со што стана трета земја во Европа, покажуваат последните податоци на Евростат

Германија е европски лидер во рециклирање на 66,1 отсто од отпадот, додека на второ место е Австрија со 56 отсто. Германија, според европските статистички податоци, има највисока стапка на рециклирање почнувајќи од 2005 година. Зад Словенија е Белгија со 53,4 отсто рециклиран отпад, а потоа следат Швајцарија (52,7%) и Холандија (51,7%). На дното на листата е Црна Гора, која во 2015 година рециклираше само 5,4 отсто од создадениот отпад.

Во текот на 2010 година, Словенија имаше стапка на рециклирање на отпадот од 22 отсто, а две години подоцна се регистрирани 42. Во 2014 година, Љубљана беше првата европска престолнина што ја усвои програмата за „нула отпад“.

Најголем отпад по жител генерираат Данците (789 килограми), нив ги следат жителите на Швајцарија со 725 килограми, а трети се Турците со 638 килограми отпад.

Целта на Европската Унија е државите-членки да рециклираат повеќе од половина од нивниот отпад до 2020 година. Досега, само шест држави успеале во тоа.

Промовирани огласи »

Многу е тешко да се најде некој кој е целосно задоволен од платата. Многу често луѓето мислат дека не добиваат доволно за работата што ја вршат. Меѓутоа, во земјите во развој има луѓе кои добиваат мал дел од она што ние го добиваме и тие треба да преживеат со овие пари. Во овие земји и цената на животот е многу пониска.

10. Малави, Источна Африка - 412 долари годишно

Како и со многу други земји во развој, економијата на Малави е од помош, особено од ММФ и други држави, кои го преземат финансирањето на земјата. Во однос на инвестициите Малави е една од најбезбедните дестинации во Африка. Работната сила е многу евтина годишно е 412 долари. Оваа плата е пониска дури и за жителите на Малави, но трошоците за живот тука исто така се многу ниски, особено во споредба со развиените земји.

9. Гвинеја-Бисао, Западна Африка - 372 долари годишно

Земјоделството е водечки сектор на економијата на земјата. Тука се одгледуваат риба и ореви и се во основата на извозот на земјата. Поради фактот дека 2/3 од населението живее во сиромаштија, платите се исто така ниски - за еден месец луѓето добиваат 30 долари и една кеса со ориз.

8. Венецуела, Јужна Америка

Венецуела - во една од најпознатите урбанизирани земји во регионот, поголемиот дел од населението живее во урбаните области, особено во главниот град - Каракас. Венецуела поседува огромни резерви на нафта, но тоа не и помогна на земјата да се справи со економските проблеми. Во моментов земјата страда од инфлација и повеќето од луѓето живеат во сиромаштија и покрај обилните резерви на нафта. Минималната плата тука е само 361 долари годишно.

7. Гамбија, Западна Африка - 317 долари годишно

Речиси 1/3 од населението на Гамбија живее под прагот на сиромаштијата. Економијата на земјата зависи од земјоделството, туризмот и риболовот. Во овие индустрии се зафатени најголем број луѓе. Минималната плата тука е само 0.13 долари на час, што е 317 долари годишно.

6. Танзанија - Источна Африка - 240 долари годишно

Танзанија е позната како дестинација за туристите кои ја сакаат дивината. Таа е земја во развој, па нема висок квалитет на инфраструктура каква што имаат развиените земји. Поради тоа не постојат идеални услови за водење бизнис. Трошоците за живот во земјата се многу ниски и голем дел од населението живее во сиромаштија. Минималната плата тука е 0.1 долари на час, а за месец се 20 долари.

5. Бангладеш, Јужна Азија - 228 долари годишно

Бангладеш често била жртва на природни катастрофи. Поголемиот дел од населението се занимава со земјоделство. Во исто време цената на живот е меѓу најниските во регионот. Минималната плата - 0.09 долари на час. Минимална исплата на месечно ниво е 19 долари, но тоа не важи за сите сектори. Во текстилната индустрија вработените добиваат 68 долари месечно.

4. Киргистан, Централна Азија - 181 долари годишно

Населението на земјата е околу 6 милиони луѓе. Киргистан е земја во која да се прави бизнис, не е толку лесно како што е потребно да се адаптирате на јазичната бариера, временските услови и теренот. Минимална плата за административни позиции е 14 долари месечно и 181 долари годишно

3. Куба, Латинска Америка - 108 долари годишно

Куба - една убава островска земја со неверојатна клима и прекрасна природа. Тука доаѓаат многу туристи, кои уживаат во посебна атмосфера на оваа земја. Неодамна, кубанските и американските односи се затоплија, но тоа може да значи дека американските компании ќе сакаат да се преселат бизнисот во Куба. Бенефитот од оваа одлука ќе е фактот дека минималната плата во земјата е многу ниска - 0,05 долари на час и 9 долари месечно. Тоа се основните вредности во регионот.

2. Грузија, Источна Европа - 96 долари годишно

Водење бизнис во Грузија може да биде прилично профитабилно, бидејќи минималната плата е исклучително ниска. Во приватниот сектор минималната плата е 8 долари месечно, што е само 0.05 долари на час. Државата сепак е најдобар работодавец, бидејќи плаќа минималната плата која ја дава е до 48 долари месечно. Некои извори велат дека во земјата може да се најде работна сила, која ќе работи за 0.24 долари на час, што е многу корисно за странски компании кои сакаат да се сместат таму.

1. Уганда Источна Африка - 22 долари годишно

Уганда е земја во развој, со население од 37,8 милиони луѓе. Бидејќи Уганда е британска колонија официјален јазик е англискиот. Во оваа земја најниски плати се од 0.01 долари на час. Тоа е 1,7 долари месечно и 22 долари годишно. Нивото на платите е многу ниско, особено во споредба со минималната плата во други земји. Трошоците за живот во Уганда се исто така многу ниски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »