Промовирани огласи »

Facebook во последното тромесечје од 2016 година оствари приход од 8,8 милијарди долари, што е за 51% повеќе од 2015 година, благодарение на зголеменото рекламирање.

Според објавениот извештај, минатата година приходите на Facebook достигнале 27,6 милијарди долари, што е за 54% повеќе од 2015, притоа чистата добивка скокнала 177% на 10,2 милијарди.

Најмногу се зголемиле приходите од рекламирање на мобилни уреди, односно тоа изнесува 84% од вкупните приходи од рекламирањето.

Оние кои ги огласуваат рекламите ги насочија своите пари од телевизиските на веб и мобилните платформи, а Facebook е една од компаниите која има најмногу корист од тоа, иако е соочена со жестока конкуренција.

Најголемата глобална друштвена мрежа на крајот на 2016 година имала 1,86 милијарди активни месечни корисници низ светот, што е за 17% повеќе од 2015 година.

Промовирани огласи »

Илјада невработени млади на возраст до 29 години ќе добијат можност за пракса и вработување во приватниот сектор, со огласот што го објави денеска Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ).

Програмата за практиканство ќе се реализира со финансиска поддршка од ИПА проектот „Поддршка за вработување на млади“, како трет директен грант за АВРМ, со цел да се овозможи полесна интеграција на пазарот на трудот на младите. За таа мерка  годинава се предвидени 18.915.000 денари.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски ги повика компаниите  кои имаат потреба од млад кадар да аплицираат, да ги оспособат за работа кандидатите, а по обуката да ги вработат.

Младите до 29 години кои сакаат да ја искористат мерката  за практиканство треба да имаат најмалку средно образование. Ќе можат да се стекнат со прво работно искуство во согласност со нивното образование, како и со конкретни знаења и вештини преку учество на тримесечна практична работа кај приватни работодавачи или невладини организации. Ќе добиваат месечен надомест од 6.200 денари со кои би можеле да ги покријат патните трошоци.

Ги повикувам младите да се пријават на оваа програма, да учествуваат и на крајот да добијат можност да се вработат во компанијата каде биле на пракса или во слична компанија која ќе ги побара по практичната работа - рече Поповски на прес-конференција.

Преку програмата за практиканство на АВРМ од 2009 година досега се опфатени 3.157 лица, од кои 1.882 добиле вработување, односно 60 проценти.

Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка при делегацијата на ЕУ во Македонија, порача дека  помошта за вработување на младите е  активност што треба да се поддржи.

Вработувањето е прва и најважна активност за младите и треба да им дадеме можност - потенцира Бертолини.

ИПА проектот „Поддршка за вработување на млади“ почна да се спроведува од декември минатата година. Вкупниот буџет за проектот што ќе се имплементира 12 месеци изнесува 1.456,721 евро. Целта е полесно интегрирање на младите лица преку развивање на нивните знаења и вештини. Очекувањата се дека во проектот ќе бидат вклучени 3.790 лица во некои од планираните обуки.

Промовирани огласи »

Не е тајна дека генералниот директор на „Старбакс“ ( Starbucks),  Хауард Шулц ќе се повлече од раководната функција како богат човек. Изненадувачки е сепак колку точно е богат, пишува Bloomberg.
63-годишниот Шулц заработил околу 172 милиони долари од почетокот на својот втор мандат како генерален директор на синџирот кафитерии во јануари 2008 година, покажува внимателната анализа и ја прикажува уште поголема добивка.

Шулц, кој ќе се повлече од раководната функција на Starbucks во април, ја има добиено најголема награда во форма на акции, што варира во зависност од презентацијата на акциите на компанијата. Откако го изведе Starbucks до шесткратно подобрување на берзанските резултати, вкупната заработувачка на Шулц за последниве девет години достигна 553.3 милиони долари.

Какви и бројки да читате, малку е веројатно тоа да е вистинскиот надоместок што еден раководител гидобива - вели Питер Лупо, управен директор на консултантската компанија Pearl Meyer во Њујорк.
Само околу 10 отсто од платата на генералниот директор е загарантирана. Останатото обично е тесно поврзана со претставувањето - дополнува Лупо.

Компании, што се со седиште во Сиетл, како Starbucks, не треба да ги откриваат резултатите, што ја отежнува споредбата со други генерални директори. Компаниите се обврзани само да откријат вкупниот пакет од плаќања на раководителите во годината во која заработиле. Ова вклучува плаќања, како плата, бонуси и вредноста на оданочен данок на профит.

За 2016 година Шулц добил вкупно 4.91 милиони. долари по овие категории. Останатото доаѓа од акции, проценети на 16,9 милиони долари во денот во кој се предвидени. Акциите ќе му се оддолжат, ако постигне одредени цели и тој може да се покаже со двојно повеќе акции, ако целите се надминат. Што ќе биде платата во тоа време исто така зависи од цената на акциите на Starbucks.

Комбинирање на сето тоа, за да дознаеме колку конечно добива еден генерален директор, може да биде тешко, па дури и за одборите на директори. Многу од нив не прават сеопфатна анализа колку може да се зголеми вредноста на платата, ако цената на акциите се зголеми, вели Џон Трентакост, управен директор на консултантската компанија Farient Advisors.

Филозофијата на Starbucks е плаќање за постигнати резултати и наградувањето на Хауард во последните десет години одразува директно силна финансиско претставување на компанијата под негово раководство - вели портпаролот на синџирот кафетерии Линда Милс.

Шулц стана лицето на Starbucks, додека го водеше бизнисот кон се поголеми височини. Откако се врати на чело на компанијата во 2008 година, бројот на управуваните од неа и лиценцирани установи порасна до 25.000 спрема 15 000 пред тоа, а нејзиното работење се прошири во 75 држави спрема 43 пред тоа. Приходите се зголемија повеќе од двојно. Како резултат на тоа, цената на акциите се зголеми за 517%.

Во исто време генералниот директор натрупа 2.92 милиони ограничени акции и 11,8 милиони опции, покажуваат податоците на Bloomberg. Кон понеделникот тие се вреднуваат на 515.6 милиони долари. Покрај тоа, тој добива плата од 12 милиони долари, 22.2 милиони долари бонуси и други службени приходи во вредност 3.54 милиони долари.

Шулц стана дел од Starbucks како шеф на одделот за маркетинг во 1982 година и конечно ја купи компанијата пет години подоцна. Тој беше генерален директор до 2000 година, кога стана претседател и се фокусира на глобалната стратегија. Во 2008 година Одборот на директори го избра за втор мандат, откако цената на акциите на компанијата се намали за над 40 отсто во претходните 12 месеци..

Промовирани огласи »

Мобилните такси за роаминг за корисниците во ЕУ ќе бидат отстранети на 15 јуни 2017, и ќе се овозможи повиците и преносот на податоци од друга земја членка на ЕУ да бидaт со иста цена како дома.

Луѓето во целиот ЕУ очекуваа од нас да ставиме крај на давачките на роаминг во јуни 2017. Сега преговорите се остварени и можеме да го постигнеме она што го ветивме. Слично на потрошувачките организации низ цела Европа ние исто тоа го сметаме за голема победа за европските потрошувачи - истакна известувачот на ЕП Миапетра Кумпула Натри.

Парламентот и Советот се договорија за следните максимални цени: 0,032 евра за гласовен повик, 7,75 евра за GB, и цените постепено ќе се намалуваат до 6 евра (01.01.2018), 4,5 евра (01.01.2019), 3,5 евра (01.01.2020), 3 евра (01.01.2021), 2,5 евра (01.01.2022) и 0,01 евра за текстуални пораки.

Овој договор е неопходен чекор кон целосно отстранување на роаминг трошоците, што ќе им овозможи на корисниците да ги користат своите мобилни телефони во други земји од ЕУ токму онака како што прават дома, без да плаќаат дополнителни такси.

Пред да влезе во сила договорот треба да биде официјално одобрен од Комисијата на ЕП за индустрија, Европскиот парламент и националните министри.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »