Посетителите и тур операторите од Романија на Саемот за туризам во Букурешт покажаа интерес за посета на Македонија имајќи ја предвид близината на двете земји и предноста што ја даваат на патувања со своето семејство во автомобил.
Ова, според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, ја иницира богатата понуда на романските тур оператори за пакети во кои има вклучено и изнајмување автомобил во конкретната дестинација, додека пак повозрасните туристи најмногу ги избираат групните патувања во автобус.
ур операторите кои веќе ја имаат вклучено Македонија во нивните продажни каталози детектираат интерес кај Романците за неколкудневни зимски туризам за Македонија и Балканот, а тој интерес е најсилен во почетокот на декември.
Претставници на АППТ на овој саем за туризам остварија бројни средби со медиуми и романски тур-оператори меѓу кои и Gama travel, Geea turism, Icar travel, Vikingul saltaret, Meitner turs, HTS travel, paralela 45 turism и така натаму.
Саемот, како што информираа од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија, се одржа од 12 до 15 ноември 2016 година, на кој учествуваа 223 излагачи кои својата понуда ја презентираа по 36-ти пат.