Промовирани огласи »

Царинската управа на Република Македонија со најавените измени на Законот за банки, ќе добие право да изврши блокирање на банкарската сметка на физичкото лице, кое има одреден царински долг.

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски појасни дека досега постапката се вршела преку УЈП, бидејќи немало законски основ да побараат блокирање на сметката директно во банка.

Со измените што се бараат во Законот за банки Царинската управа не бара увид во трансикциските сметки на физичките лица, туку едноставно Царинската управа бара да постапи согласно својата надлежност според Царинскиот закон да изврши присилна наплата кон физички лица кои имаат одреден долг кон царинската права, изјави денеска Танасоски.

Тој додаде дека и досега процесуирале барања до банките, но оти добивале одговор дека нема законски основ по кој може да се изврши блокирање на сметката на физичкото лице.

Царинската управа не бара да има увид во трансакциската сметка на граѓаните, туку она што досега го правеше преку УЈП да врши блокирање на сметката, односно наплата на царинските давачки да го прави самата, појасни директорот.

Во моментов според податоците на Царината има околу 100 физички лица со царински долг од два милиони денари за кои би требало да се побара од банките блокирање на трансакциските сметки.

Промовирани огласи »

Увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во банкарските сметки на граѓаните ќе служи само за државата да си ги наплати даноците, смирува премиерот Зоран Заев. Тој вели дека граѓаните не треба да стравуваат оти институциите ќе имаат увид во тоа како и каде ги трошат парите, бидејќи Управата ќе врши увид само во приходите.

Нема да се прави увид во одливот на средства од сметките, туку само во приходите и тоа е исклучиво за наплата на даноците. Онаму каде што има најмногу приходи, наплатата на даноците е најмала. Апелирам до граѓаните да немаат никакви стравови, ова е само начин УЈП да си ги наплати даноците, рече премиерот Заев.

УЈП ќе има увид и во парите што дијаспората ги испраќа во Македонија, но премиерот Заев тврди дека тие пари нема да се даночат.

Се даночи приходот како заработка. Она што како помош на семејствата или донација им стигнува од странство на сметките не се даночи. Ќе се даночи приходот што на сметките стигнува како заработка за завршена работа, објасни премиерот Заев.

УЈП ќе добие електронски пристап до банкарските сметки на граѓаните со измена на Законот за банките, која е во подготовка. Против измената на Законот се изјасни Македонската асоцијација на банките укажувајќи дека со увидот се навлегува во приватноста на граѓаните, нема заштитата на личните податоци и се губи банкарската тајна.

Премиерот Заев, пак, и денес повтори дека законот е европски и дека увидот во банкарските сметки е пракса во многу европски држави.

Промовирани огласи »

На 18 септемви во Хотел Александар Палас во Скопје ќе се одржи втората конференција Macedonia Manufacturing Expo (ММЕ) чија цел е промовирање на потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија и поврзување на домашните компании од оваа индустрија со странски купувачи, односно овозможување  инвеститорите да имаат брз и лесен преглед на ланците на добавување во секторот.

На годинешнава конференција се очекува учество на 75 домашни и странски компании од автомобилската, метало-машинската, индустријата за производство на опрема и други индустрии од овој сектор.

Првата конференција Macedonia Manufacturing Expo која во организација на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ) и со поддршка од УСАИД и Владата на Швајцарија, беше организирана во 2016 годинаидаде извонредни резултати. На неа присуствуваа 50 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 компании, од кои 16 странски, во својство на купувачи, меѓу кои и Сименс, Ван Хул, АРЦ Аутомотив, Кромберг и Шуберт и други. Беа организирани и 170 претходно договорени состаноци (B2B), што резултираше и со конкретни соработки и договори.

Macedonia Manufacturing Expo2018 ќе биде во голем дел подобрено со новите партнерства меѓу МАМЕИ и Германската асоцијација за менаџирање, набавување и логистика на ланци на добавување (BME) кои ќе донесат нови купувачи на настанот. BME со 60годишна традиција и над 9000 индивидуални и корпоративни членки служи како водечки кандидат за бизнис мечирање во Германија и Централна Европа. Оваа соработка ќе овозможи македонските претприемачи од металната и електро индустријата да се сретнат со претставници на индустрии и бизниси, логистички менаџери и експерти за ланци на добавување, а овие средби може да бидат непроценливи за понатамошниот развој на домашните компании и економијата на земјата во целина. Овие партнерства сигурно ќе ја зајакнат соработката на лесниот преработувачки сектор на Македонија и Германија”, вели Марта Наумовска Грнарова, Претседател на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ.

Метало-машинскиот и електро-инженерскиот сектор во Македонија бележи брз развој со што локалните фирми сé повеќе стануваат соодветни добавувачи за странските купувачи. ММЕ ќе овозможи натамошно проширување на соработката на домашните компании со странските големи фирми и ќе даде придонес македонските компании да станат дел од глобалниот снабдувачки ланец на реномирани странски компании.

Сите компании од лесната металопреработувачка индустријазаинтересирани за Macedonia Manufacturing Expo2018 можат бесплатно да се регистрираат за учество.

За повеќе информации и регистрација компаниите можат да ја посетат веб страницaта  www.mamei.mk

Промовирани огласи »

Amazon и Џеф Безос имаа фантастичен период, акциите на компанијата и пазарната вредност константно расте, со цел компанијата да може да им се придружи на Apple во елитниот клуб на милијардери.

На крилата на успехот расте и богатството на Безос, кое надмина неверојатни 140 милијарди долари. Еден од клучните нешта во успехот на Безос се неговите одлични враобтени. Ваквиот успех не би бил возможен без вистинските и способните луѓе.

После основањето на компанијата и нејзиното излегување на берзата, Џеф Безос, уште од 1998 година ги поставува постојано истите прашања кога прима луѓе на работа: „Ќе и се восхитувате ли на таа личност?“, поентирајќи кон конкретна личност на работата, со што сакал да знае дали новиот кандидат се вклопува со начинот на размислување. За Безос најважна е позитивната енергија околу него.

Второто прашање е „дали тоа лице ќе ја зголеми просечната ефикасност во одделот?“.

Третото прашање на Безос е за потенцијалот на новите вработени и нивната можност за да станат „суперѕвезди“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »