И покрај тоа што многу компании во последните години воведоа построги правила за враќање во канцеларија, хибридниот модел и понатаму е најпосакуваниот начин на работа за голем број вработени.
Најновите европски податоци покажуваат дека хибридната работа (2 до 4 дена работа од дома неделно) е најчестиот и најпосакуван модел. Дури 84% од вработените кои веќе работат хибридно се задоволни од својот распоред, додека 43% од целосно оддалечените работници би сакале почесто да одат во канцеларија, што покажува дека балансот е поважен од целосната работа од дома.
Дополнително, глобалното истражување на Универзитетот Стенфорд спроведено меѓу повеќе од 16.000 високообразовани вработени во 40 земји покажува дека нивото на работа од дома се стабилизирало, а хибридниот модел останува најчест избор, особено кај родителите кои бараат подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.
Истражувањата покажуваат и дека хибридната работа носи придобивки и за работодавачите поголема продуктивност, помал промет на вработени и подобра рамнотежа помеѓу тимската соработка и флексибилноста.
Пораката е јасна: иднината на работата не е само „од дома“ или „од канцеларија“ туку паметен баланс помеѓу двете.
Прочитајте и за: HR тренд: Дали „тивкото напредување“ е одговорот на „тивките откази“?
Тагови: HR трендови хибридна работа